Фестивалoт "Филмај" го распиша конкурсот за најдобри кратки играни филмови

13.12.2022 10:40
Фестивалoт "Филмај" го распиша конкурсот за најдобри кратки играни филмови

Филмај фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб “Козјак” – Куманово, во понеделникот (12 декември 2022) го распиша конкурсот за пријавување за 5-тото издание на фестивалот,

Кратките играни филмови (со траење до 20 минути и завршени после 01.01.2021), до 31 март 2023 година може да се пријават преку платформите FilmFreeway и festhome .

Филмовите може да конкурираат за награда “Лазар Ѓорѓевиќ” за најдобра режија, награда “Радислав Ристевски” за најдобра фотографија/кинематографија, награда “Koзјак” за најдобрo сценарио и награда "Филмај" за најдобар краток филм.

Македонските (домашни) филмови може да конкурираат за награда за најдобар македонски филм, а може да се пријават во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.

Фестивалот е планирано да се одржи во две последователни вечери, на локација на отворено, во Куманово во мај 2023 година.

Претходница на главната фестивалска вечер ќе биде проекциска ревија на филмови од претходните изданија на Филмај, како и промоции на книги со филмска тематика од македонски автори.