1022 hPa
70 %

7 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 18:59
Бев суров спрема дебелиот гулаб
Оти не сакаше да лета
Туку само да живее како старо дртало
Преопуштен питом вечно валкан
Прождрлив од ѓубриштето мачор тера
Женката не ја ни гледа клунот саде мрсулав
Смрдеше се влечкаше и мораше
Навечер ко дембел да биде носен по скаличките
Летај му велам и го фрлам во воздух
Но тој паѓаше и еве го трча назад по храна
Стопати му велам и во вис го фрлам
А тој е сè полош
И пак мораше некој да го подига
Најпосле го најдов во леглото цркнат
Од излишните напори
Тоа сум значи јас
Што го воочив неговото око кое не можеше да замисли
Дека сум суштество од кое треба да се бега
Јас кој отсекогаш премногу верував во зборовите
Превод: П. В.