Woma(y/x)n(un)kind

14.12.2022 13:08
Woma(y/x)n(un)kind


Можда малце прекомплициран и нечитлив насловов ко за моето провинцијално измрцварено средовечно женствовање, ама толку смогнав. Значи, основниот наслов womankind (женски род, женство) си го проширив со префиксот (un)kind, демек „лоша жена“ како лична интервенција, а потоа ги доубацив и социјалните интервенции (y/x) од енглеското говорно подручје, шо се уствари феминистички интервенции од прошлиот дваести век, коа им се видело сексистички шо у името за „жени“ е изведенка од името за маж, односно man, па затоа увеле нови думи ко womyn или womxn. Среќа шо не ја збраздиле ептен у етимологија, оти и првиот слог шо го остаиле непроменет, можда ќе го сменеле. Зборот е од саксонско потекло, и да, кованица од man – муж, чоек, и старото wiff (wife по ново), значи супруга на мужот. И така лингвистикава енглеска ги разоткрива женчињава ко онтолошки другоразредни, или барем ненезависни, битивца.

Ама тоа шо ја раскринкав социјалнава лингвистичка интервенција некако ич не ми помага со личната интервенција у насловот, односно, колку сум бе ја лошо женче, и то ко wiff (веќе некое време бивша, ваљда ускоро и формално) и ко moder, шо низ историја најшироките народни женски маси углавном морале да бидат, а тие заводниците и фаталниците биле ретки few and far between, колку и да ги импресионирале онтолошки првостепените, и тек сеа у поновите издемократизирани и entitled времиња, секое надобудно момиче си го сфаќа ко пораз ако не успее да се реализира и ко заводница (напучи усни, гради г‘с, клик), а богами нешо и кај мушкиње се такви очекивањата, иако у бош комбинација и со другите вифовски-модерски улоги, ако може, ма не бре ако може, ма мора бре, постирај фотки од провокативни белосветски старлети и пиши оздола „Што ве спречува да бидете вакви, шо ако сте секретарки шо праат ајвар?“

Чоек (пардон, жена) да се избудали сурфајќи по мк портали на темава. Прво ми налетуе статија со сток фотки од некоја плавушанка „маникенка“ облечена у карирани миниќи со кецељица ко фејдоовска јебозовна собарица у улога на наводната лепотица шо се откажала од студии по медицина за да се „оствари“ ко традиционална жена-мајка-домаќинка шо не иде на работа и седи дома. Е јебига, и традиционалниве вредности мора со сексуљавос‘ више да се шиткаат. Важно десетици и десетици коментари и од стринки и од чичиња, со „Браво!“, „Така треба!“, со thumbs up и рукоплескачки емоџиз.

Одма после налетуе статија со една стварна женска шо ја раскажуе својата животна прича у фотографски формат од типот „пре и после“. И демек док била удата изгледала ружно запуштено, (факат, тесто бледуњава Енглескиња), нон-стоп била под стрес, грижејќи се за потребите на другите, не за своите. И отко се развела, по иницијалниот период на сумња у себе и депресија, „процветала“ со идење у теретана пет дена у неделата и приклучуење на Тиндер. Искрено под наслагите вештачки тен врз теретанска мишиќатура и дубоко деколте, шљаштеќе белите коронки на крупните зуби, вештачките трепки и одвратната врло енглеска фризура ја не успеав да најдам довољно материјал шо ќе ме убеди. Важно и вумен‘з либ, илити женското ослобоѓење, мора да се шитка со имиџ „фуфестата риба на кокни мафиозо“, нешто помалце успешно, додуша, не видов коментари оздола.



И реалниот свет ко да ме збунуе со своите понуди.

Пред некој ден отидовме по чаршија со Гордана да купиме роденденски поклон за Мајсторо, а и да обавиме уше некои задаци. Ретко идам у бероската чаршија, а у градската црква Богородица (не онаа погоре по реката кајшо ги трешти гром пред 2 децении и више), не сум била од дете.

Ко бев дете старата куќа ни беше одма карши црква, а бабе ми беше од попска фамилија ,и пошо тогаш апла беше непопуларно да се мандосуе, литијосуе, темјаносуе по цркви, пошо тогаш тоа беше опиум за народ, ама баба не моеше да се одвикне од старата дресура, и со великодушна дозвола на родитељите ми атеисти, бабе не мораше да се крие за да ме крсти, и секоја недеља сабајле ме м‘кнеше у црква да „го носа крстето“, служба обично предвидена за мушкарчиња, Бог ними поише ги љуби, ама у недостатак од деца и посета уопште, и ја проаѓав. Тоа дур не ми се прислоши од тоа восакот и тамјанот, па се срушив у несвес‘ една недеља.

Гордана сеа ме убута у црква за да купела некакви религиозни тринкети за некого. Арно ама, ја немаше Лилјана, шо за без пари, изглеа, или за мал надомест, ја опслужуе радњава отко прерано обудове, и док ја чекавме ја се пикнав унутра да разглеам.

Црните учаѓавени зидови of yore беа тазе (од пред неколку месеци, ми рекоа) пренасликани со нови фрески од еден локален уметник и резбар кој релативно успешно клизи по ивицата меѓу аматеризмот и професионализмот. Занемарувајќи ги потстиснатите и у сенка уобичаени претстави на светите врачи и ратници на улаз, шо треба да чуваат храм и прочистувуваат верници, ми уфатија око претставите по главните два ѕида на бродот, нормално од десна страна, двометарските библиски пророци, дел од седмочислениците и нашите локалски свети белобради монаси Пчињски, Осоговски.



Е, коначно да доеме до женските шо ми фатија око. На спротивниот ѕид со конкурентски по висина каријатидски димензии имаше куп светици, Параскеви, Петки, Катерини, Недели (Кирјакии) и, на крајот, мајка Софија со Вера, Нада и Љубов, претставени ко дечица, шо е ансамбл шо поретко се гледа по постарите цркви.

И отко удрив брза процена на сликарската техника и вештина, и утнатите јагодици, се засекирав зошо ми ја нема Марина, заштитницата на жени, вакви ко мене, и шо овде ми ја прогласија за именден на кој треба да частам, пошо си ја викаат Огнена Марија, и е дел од летните Горешјаци. А баш би била впечатлива, како го прободуе змајот/змијата, кој(а)шо го претставља искушењето шо ја измачуело дур‘ била затворена у ќелија, пред да ја утепаат на некој ружен начин. И сите оние други женски се мученици и девици, Вера, Нада и Љубав најмалецки, најмалата имала само осам коа ја утепале, а и овие другиве, ако преставени ко двометрашки, мање-више ниедна немала поише од петнјас‘ години коа се омартирила шо според данашњи воук стандарди би било ептен суспектно, а па посебно вака поставени карши тродупло постари мушки попои.

Значи, осим мајка Софија, шо станала светица отко умрела од мука и плач врз гробот на своите веома малолетни ќерки, сите други се малки девки, иако, за разлика од покасните пожељни женски карактеристики, често им биле непослушни на родитељите неверници у своето следење на верата. А бе бунтовници. Па и до ден денес, родитељите у оваа девееспетпроцентно религиозна земља (наводно) не се баш пресреќни коа дете ќе им реши да иде у манастир, пошо, сеа и не мора баш, нели, не ко коа Беровци си го изградиле манастирон за да си ги истовараат, да им се тргнат од врат старите моми, та да бидат калуѓерки, побогатите и писмените станувале и игумании, а сиромашките исусови невести си копале и жнееле за леб и семкава сол до грбопукање, исто ко шо ќе праеле и да успееле да се удаднат за некој јадник.



Е, а Марина ми прифали, не само зашо нешо аир и ние жените треба од неа да видиме, осим шо не се работи ко е Огнена Марија, за да не се потпалиш, сеа отко мале помалце копаме и жнееме, не треба машина за прање да пуштаме, пошо и она може да се запали, него зашо она е една од ретките у канонот на која ѝ е дозволено и опишано и искушение (д снејк, римембер?), што значи и некој покомплициран ментален доживљај, а и зашо пред некој месец преведов едно баш сувремено накај комерцијално кипарско сценарио шо бркаше пари за копродукција и кај нас, кајшо фино се испомешујат и ортодокс и антички веровања и чисто кипарски фолк веровања со деца-демончиња (све тоа захтева и компјутерска анимација и фантастични примеси) со ружна тема ко шо е смрт на деца и како „мадерот“ (нормално, бунтовна, уметница и сингл перент у пост-наполеонски времиња!!!) ќе се справи со тоа.

дур‘ мајкето внесено и занесено слика (о гилт трипу!), децава ѝ изгинуат отко ќе залутаат у напуштена проколната црква на Света Марина (а дел од нејни мошти се чуваат во истоимена црква у наша Мала Преспа у Албанија и наводно праат чуда) што ќе се обруши врз нив и ќе ги убие, за да се испостави дека црквата била изградена на местото на антички храм посветен на Ламија (божанство-демон), пола-женско-пола-змија, шо си ги вади-става очите како ќе ѝ текне и што много воли да убија туѓи деца, отко нормално онаа Хера љубоморнана, зашо Ѕевсот сопругот ја бендисал Ламија дур била регуларно и лепо мајчесто женско, ѝ ги испотепала нејзините, и оваа се швркнала, народски кажано. Да не ви разоктривам причата, мож‘ ќе сакате да го глеате филмот, ако го снимат.

Важно и Ламијата од полудена мајка одмаздничка го пропутуе патот на женски еквивалент на „апото“ у медитеранскиот фолклор, со која ги плашат децата да одат да спијат, за да не дојде Ламија да ги земе, па до фатална заводница на млади мужиња, ко некоја злокобна сирена (ама не пола-риба, него пола-змија) кај романтичарот Китс. Оти и тоа побоље и попривлачно од тоа да се биде разлошено, излудено, разгоропадено мајче убица на деца, тоа малце потешко се прогутуе од разнежнетите посувремени сензибилитети. Ни Медеја не е за секој, чак и Пазолини ја претставља малце ко предцивилизациска.

Искрено, и мене тешко ми паѓа, посебно па ко ќе тргнам да пабирчам ко шо си знам по речници, motherly: of, resembling, or characteristic of a mother, especially in being caring, protective, and kind. И си се убедуам, да бе, све таква си била дур‘ си била потребна.

Нишо, нема квик фикс за моите дилеми, ќе мора да идам малце по хај-брау, и да ја зачитам пак Дорис Лесинг.



Фотографии: Shaun Pierson

У меѓувреме музичка илустрација од Бек, пак ко шо со реков, мајсторот да склепа апбит мелодија со помрачни текстои, а и баш онака културололошки вишеслојни видевца.

Beck: Girl

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото