Мистериозните суштества на Спенсер Хансен

16.12.22 12:34

Спенсер Хансен e интердисциплинарен уметник чија имагинација и интелект се испреплетуваат создавајќи игрива уметност, смислено дизајнирана и конструирана.

Неговите дела, скулптури на наобични карактери, од најмали ликови до ликови со природна големина, облечени во костуми и со маски на лицата, го истражуваат идентитетот и поврзаноста на нештата. Користејќи првенствено природни, пронајдени и рециклирани материјали, како дрво, метал, коски, растителни влакна и керамика, тој црпи инспирација од околината и честите патувања.

Хансен често соработува и со други уметници и фотографи, правејќи дела кои ги спојуваат скулптурата и перформансот.

Извор: Colossal

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото