1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 06:59
Графички генерирани портрети на Блаже Конески, изработени со помош на вештачка интелигенција, по повод 101 година од неговото раѓање.
Како направив AI модел од Блаже Конески?
За да создадам модел за Конески искористив 24 негови фотографии, двојно повеќе од оние што ги користев за Гоце Делчев, што е добро за машинското учење.
За тренирање на модел со ликот на Конески повторно ја користев процедурата опишана во следното видео упатство.
Моделите ги тестирав на локален Stable Diffusuion сервер кој го инсталирав според следното упатство. Генерирав вкупно 245 верзии на Ai Art.
Како го избирав изгледот на „новиот“ Блаже Конески?
Користев промптови за Гоце Делчев, па користев Portait of Blaze Koneski, па потоа ставав разноразни стилови, како на пример Wes Anderson, Robert Crumb, retro ads, vector style, studio Gimbly, classical portrait, Cyberpunk science fiction… и други.
Повелете беспатни верзии од Блаже Конески за лични и комерцијални цели, но би ве замолил да ме наведувате како извор (на пример: Извор: Небојша Гелевски – Бане)
Подетално, за Ai Art и процедурите како се тренира личен модел, прочитајте во мојата претходна статија на okno.mk.