Убиени 67 новинари досега во 2022

19.12.2022 12:35
Убиени 67 новинари досега во 2022:

Меѓународната федерација на новинари (IFJ) неодамна го обнови својот повик до меѓународната заедница за конкретна акција за заштита на безбедноста и слободите на новинарите, бидејќи се бележи скок на бројот на новинари убиени или затворени во текот на 2022 година.

Повикот, објавен на Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), ја истакнува важноста и итноста на гласањето за предлог Конвенцијата на Меѓународната федерација на новинари за Безбедноста и независноста на новинарите од Генералното собрание на ОН.

IFJ ги објави најновите податоци, според кои се регистрирани 67 убиства на новинари и медиумски персонал за време на извршување на новинарска должност во 2022 година, во споредба со 47 убиени во 2022 година – пресврт на падот забележан во последните години.

Војната во Украина однесе 12 жртви во медиумите, што е најголем број во 21 земја каде што се регистрирани смртоносни инциденти. Но, владеењето на теророт на криминалните организации во Мексико и рушењето на законот и редот на Хаити, исто така, придонесоа за порастот на убиствата. Документирани се 11 убиства во Мексико и 6 во Хаити.

Извор: Цивил Медиа