Перма-кризата на излудените жени во злодушен манир (или: Во спомен на Тери)

21.12.2022 13:12
Перма-кризата на излудените жени во злодушен манир  (или: во спомен на Тери)

 

Првите пе-чес збора склепани во насловот пред „или“ се мои (некои се као демек општоприфатени) преводи на четирите предбожиќно и новогодишно објавени зборови на годината у енглеско говорно подручје со коешо ја се занимавам; значи, по насловски редослед, permacrisis (според Колинс речникот, мојот најмалку омилен); gaslighting (според Мерием-Вебстер, речник шо баш го сакам, зашо зборот кај нив бил негде 1740% поише пребаруван годинава од претходно, а зборот скришно се цуња више со децении); па woman (според Dictionary.com со „само“ 1400% пораст у пребарување, иако внесот вика само ‘an adult female person’, ама љуѓето изглеа сакале да проверуат да не има некоја промена шо би им ги разјаснила стварите усред трансџендерскиве распри); па goblin mode според славниот Оксфордски речник, односно прв пут годинава демократически, според гласањето на обична раја у састав од речиси тристапеестина иљадарки гласовачи, „злодушниот манир“ у мој лејм превод освојуе 93% од гласојте.

Некои од нив се „самобјаснителни“ ако знаете бар трошка чужд јазик, ама некои се можда нејасни, па ја ќе си дозволам да попунам редови со мои лични речнички објашњења наспроти општите.

„Перманентната криза“ за глобусов се состои од ковидските акања од земја (камо да беа отрезнувачки), надградени и проширени со третиот еуропски рат (нашите југославски племенски клања не ги рачунаат), ама и вонаби светски рат, а не е ‒ денешниот битен азиски „свет“ Кина-Индија и сијасет други „помали“ азиски земји од по „само неколку“ стотици миљонки или високи десетици миљонки (шо онака скромно и нè добутаа до 8те миљарди), значи „жути“ и „браон“само нас гледају испод ока сеирџиски, нас селфсентерд старосветците, „soооо 19 century“, како се давиме у узајамни говна, док оние лансковековните „новосветци“ уше праат планови како да се одржат на површина, углавном врз туѓ грб, као шо е ред и онака, иако сите нешо као се заканујат со домаќа и домаќинска самодоволна аутархија.

Она шо мојата перманентна криза има да ѝ го додаде на светската е дека, иако обата мои родитељи релативно неодамна се упокоија, нит заебаните односи со нив уше ми се разрешија, а оно дое ред и моите сопствени современи токсични фамилијарни ситуации да ги разрешуам, и мнооогооо е бре заебано, ако следите статистики ваљда ви е по малце јасно дека жемските шо се праат интелектуалки испаѓа дека најдугачко се излагаат себеси на ‒ или им нанесуат на другима ‒ разноразен абјуз, поише од оние простосмртните, односно „прости“ женски, на кои денес често им е доста двапути да си разбијат тинтари со избраниците и ајт‘ гитла, па макар и у тие ептен ептен ретките сејф хаузес, за кои подоста пари се просипаат (со сумњив исход) по енџијоа, пошо држафката, нормално, ја боли провербијалниот курац за све ова. Тоа изглеа дека интелектуалкиве можат до задутре да си објашњаваат и распредаат све што читале на темата, а у поново време има и видевца по јутјуб за оние шо уше имаат дискутабилен опсег на внимание коа стануе збор за читање на текст подугачок од 2-3 страници, ама ги знаат кључните зборови. Ја обично ги слушам дур‘ преведуем нешо полесно за да си ја доукупусам тинтарава уше малце, није ми било довољно.

Да, да, знам, ако читате новопечени конзерви и алтрајтовци, све е обратно од она шо погоре ви го пишав и така доаѓаме до следниот зборчец, gaslighting, речнички преведен по Балканов ко „излудување“, иако дефиницијата е троа посложенка, измеѓу има развиена манипулација за таргетот да се засекира дека губи ак‘л, пошо најчесто го набедуеш за све она што ти уствари му го праиш, се праат и синхрониски и дијахрониски интервенции од типот бришење-упишуење кајшо треба, важно некако гаслајтерот да ја зафати положбицата на ридот по име moral high ground од кајшо му е полесно да мафта со јосифовскиот прс‘, коа више не може да го набута негде кајшо тоа душицата скапана му посакуе, у медот, или органот, вотевер.

Моите лични придонеси на темава ми се мучни и брзо ми досадуваат, можда зашо не сакам да се согледуам ко баш толку голема будала, а можда и толку сум самозаљубена у сопствениот мозак, па ко ќе се сепнам, се секирам самата да не си се гаслајтуам, било у приватните односи, кои у моменатов ми се ептен повисоко на топ листата, било у моите бивши социјални ангажмани, кои пак сеа („се сведоа“ би било ептен арогантно да се каже) се претворија у политички телца кои се занимаваат со гаслајтинг of the easy-peasy kind, за најлесните мети, ваљда зашо и приватните цели им се редуцирани, ко и обично, на најлесните мети ко количе, станче, малце моќ, па уше количиња и станчиња, и такви некои дрканции, иако изгледа ко некои со поголеми амбиции да им напраиле груминг да бидат spanner in the works. Не знам, не ми е ни гајле, иам сопствено пциичко здравје за зачувуење, оти ако ми го снема, све џабе, од актер-пасивен учесник-набљудувач-трпник се слизнуеш на крај у тотален аутсајдер, од типот шо предизвикуе сожалително необавезни коментари без никаков утицај, ни твој, ни на коментирачите.

За следниот најпопуларен збор woman исто така појма неам, а би требало да ми е гајле, не само зашо би требало да се потрудам да иам мислење за тоа шо им се дешава у глаите на трансџендерите beyond она шо без проблем можам да го пропагирам: „престанете да ги хејтате и млатите“, односно „абјузувате“, а и онака испаѓа дека они го реактуелизираа поимот жена, можда чак и поуспешно (ваљда ради новиве социјални медиуми), од поишето феминистки, од кои пола изглеа би требало да ги сфаќаат ними ко енемиз, до толку шо чак и традиционалните женомрзачи се вдадоа да ги бранат жените родени со пички, иако они тоа така не го викаат, и стално ги набутуат децата у причава, исто ко да се педофили, ама они демек ги бранат, иако за она шо стварно им ги засега сопствените деца знаат помалку од секој втор вонаби онлајн педофил (или некој што стварно пробуе да му гајле за тоа зашо то му е работа). Значи, што се тиче мојот приватен придонес на темата, понекад и мене, родената со пичка, и со бивш релативно посакуван изглед на тоа фемининото поле (а и мајкица), толку многу пати ми било тешко да не помислам дека она шо се очекуе од мене е резултат на друштвено наметната дисфорија што стварно иам проблем да разберам кој курац мужи сакаат плус и тоа да си го накалемат за да ја порекнат нимната си им мушкарска дисфорија, а и обратното. Можда зашо сум жртва на гаслајтинг, а?



И така доаѓаме до goblin mode, злодушниот манир, ха-ха!!! Веројатно тој ќе го искористам ко оправдање за ваквиот мој текст, пошо дефиницијата му е мрзливо, просто запуштено, понашање (омасовено за време на пандемијата и нејните полициски часове) при шо не се суредуеш за јавнос‘, не се бањаш, не чистиш и суправаш по дома, ждереш некое нездраво срање, шљоцкаш, и висиш на компјутер или смартфон, па и тамо си допушташ и ментална и духовна неуредност и безобразност, па кењаш непристојно по јавност у необичаени количини (иако овде на Балканов и од понапред изглеа имало јака конкуренција), ама мојава маленкост баш би сакала да се напраи разлика меѓу нас, повремено (а некои и редовно) злодушните, шо се испухаваме, и онаа орда на ботове „инцелски“ (ова ја гоблински ги вреѓам иако појма нема тачно какви се и кои се, ама приметуам дека ги има подоста) шо со ситна пара ги плаќаат да обликујат јавно мнење на ситни души, иако разлика понекад нема у основниот стил, него само у импактот, пошо зад трололололовиве сепак стои некоја злочеста рационална социјална анализа и задња намера, за разлика од многу од приватните испади.

А сепак и приватните испади увек моеш да ги врзеш за нелични стварносни поводи. Отко ме полазија ренсомверски вируси, а и ми си враќаат да ми кажат и да ме истераат од памет дека ми ги знаат и новите лозинки, ваљда за ненадано да ме спопаднат коа не очекуем, и иако мојот фејсбуковски живот сеа за сеа е мртов, значи сепак некако успевам да си следам по некои ствари, и така вчера-завчера зашлапав на мојот нов твитер профил (иако на него неам ни пе-чес следбеници зашо Твитер сеа го користам само да согледам дали Маск ќе го упропасти, или за да видам шо понекад ќе пише Камил Галеев, иако и он више нешо трокира), значи ги зашлапав неколку последователни постови од Воркинг Клас Хистори за хорорите хорорасти силувачко-млатителски шо у гулазите ги доживуеле мушките гејове (женските мушкобњасти гејови биле толерисани и ги упослуеле ко затворски чувари, негувајќи ги нимните садистички склоности), отко у 1933 јуесесар го укинуе правото шо претходно пионирски го успоставуе заедно со својата државност, значи правото на гејовете слободно да бидат тоа, и ја реуспоставуе хомосексуалноста ко „легално кажњива болест“, или како и да сакате да го наречеме goblin mode садистичкиот издув на иначе сасвим „савршените друштва“ (а ко ќе ми текне колку левичарчиња се пуваа со напредноста на првата вонаби комунистичка држава по том питању) ‒ тој тужен датум да ти бил 17 децембар. Досеа никакви реакции од моите пе-чес следбеници, иако постоите ги стаив само за да ми останат зачувани у случај поново да ме изедат ренсомверци, а да не го пунам ванкомпјутерскиот хардвер шо морав да го обезбедам пост-трауматски.

Па после на 19 децембар си замина Тери Хол, кул po-faced инглиш воркинг клас момакот oд еден од најбитните воркинг клас градови у Јукеј, Ковентри, пејачот на Спешлз, па после газдата на Фан Бој Три со двојца од Карибците од мултирасните Спешлз, а и основач уше на цел еден мал куп други бендове. Киднаписан на 13 години од даскал од школо и однесен у Француска и силован некои 3-4 дена од њума за после да биде исфрлен на сокак со бокс у фаца, Тери Хол ja прегурал оваa траума и изгледа стварно никако не се преправаше дека кур го боли за фемкањата шо идат со поп-славица, него поише сакаше да успее да стане обичен чоек.

Музичка илустрација: Fun Boy - Three The Lunatics Have Taken Over the Asylum, 1981


PS Мaчкец-мичкец подрумар се врати од цуњање, ждерна, и си легна најозгора врз огромниот куп постелнини шо ко диплејсмент активити ги пеглав секоја вечер задњиве три дена и тоа тачно врз моето најомилено парче со бел вез наслeдено од мајкица. Ако мислите дека го шутнав, грдно се варате, перверзно уживам во неговиот опуштен сон, goblin-mode.

 

PS2 Само што прочитав дека Талибаните у Афганската земља им забраниле не жените да идат на факс. Ма блазе си им.



Колажи: Dani Sanchis

 

ОкоБоли главаВицФото