Алекс Букарски - лицето на старата искината војничка чизма

31.01.2011 12:32
ВМРО југенд

(осврт кон текстот на Алекс Букарски, „Против слободата, против демократијата“, објавен во Дневник од 29.01.11.)

Букарски, разбирам револуција, автократија, диктатура, разбирам дека некои луѓе некогаш можат да се залагаат и за деструкција и смрт. Мене тоа ми е страшно, но дури и тоа го сметам како дел од слободата на мислење.

Башка, значи, залагањето за диктатура, т.е., според тебе, „просветена автократија“ (а груевизмот, се чини, го прогласуваш за просветен, и покрај навистина стотиците примери дека груевизмот е сè друго само не просветен). Она што постојано, со години веќе, откако јавно пишуваш, фрапира дури и повеќе од твојата политичка и идеолошка малолетност - е неписменоста. Затоа се чудам: каква е таа просветена диктатура на неуки и неписмени?! Погледни си ја, како пример, последната реченица од текстот, советите до „автократот-хирург“ на „одговорниот и совесниот интелектуалец“ (патем, недоследен си; ако е револуција, ако е автократија, тогаш по ѓаволите со совеста и одговорноста! Треба да владеат инстинктите и слепата правда, а не килавиот жироскоп за „одговорност и совест“ на ситните и неуките кариеристични голтари):

„Секој совесен и одговорен ангажиран интелектуалец денес ќе се обиде да упати добронамерни совети до автократот-хирург да не направи масакр во операцијата отколку да поддржи јалови протести на дел од пациентите и персоналот без јасен реформски потенцијал.“

Што гледаш во таа реченица, Букарски?! (освен, се разбира, ноторна синтаксичка будалаштина) Негирање на целокупниот претходен текст?! Или сепак само запрепастувачка неписменост и нејасност на еден сосема изгубен млад писател?! Или токму во таа реченица е содржано (како своевидна автодеструкција и самоомраза) сето она што „автентичната автократија“ треба да го збрише, т.е. да ја збрише твојата позиција на гзолижач, на инстант идеолог на лажни револуции и на беден провинциски калкулант (какви што земјава се има нагледано, од турско до социјализмот, профилот на таквите бесрамни упикувачи овде е вечна морална константа; тој профил - твојот профил - го има добро опишано и Андриќ, на пример).

Еве уште неколку стилски забелешки, поврзани со твојата пословична неписменост. На пример, метафорите ти се кармакаша, Букарски. Велиш: „Погледнете, нивните лица треперат како искината стара војничка чизма; тие се само безначаен демократски декор: тоа се крикови или на очајници што не може да поведат, или на фанатазирани и генерално неинформирани луѓе кои поим немаат кој е главен стопан во државава.“

Тим Радфорд, поранешен новинар на Гардијан, во една од своите 25 новинарски заповеди вака вели: „Метафорите се супер. Само не одбирај чукнати метафори и не ги мешај. Гардијан имаше специјална награда, ’Замолчена пирана’, еден вид Оскар за неспособност, која му ја дадоа на репортер за индустриски односи, што го предупреди светот дека дивите мачки од Конгресот на трговскиот синдикат демнат од грмушките, и доколку не бидат замолчени, подготвени се да нападнат како пирани. Џорџ Орвел известуваше за пратеник кој тврдел дека жестокиот октопод - фашист ја запеал лебедовата песна.“

Не знаеш, Букарски, понатаму, да раскажеш наједноставна случка. Пример: „Кога сме кај медиумите, мошне продорно влијаеше на мене една симпатична 80-годишна баба кога на камен при сонце ми рече: Го гледам само тркалото (претпоставувам на среќата?) една серија, вести понекогаш. Синко, нема ништо на телевизија. Мојот логичен одговор гласеше: бабо ако за тебе нема ништо за ТВ, може да замислиш за нас, да речам, помладите кои имаме поголеми критериуми како е. Секојдневно живееме во рамнодушност кон грото од медиумските содржини и неприродно па и лицемерно да се очекува пресврт и некој да се трашта.“ На камен при сонце некој да се трашта, Букарски?! Каде така се зборува и што значи тоа?! Башка, како ти, како докажан ситен поддржувач на автократии со многу мали потреби (еден водач, една вистина, една идеологија), толку лесно констатираш (само оти си „млад“?!) дека твоите критериуми се повисоки од оние на „симпатичната баба при камен на сонце“ (пардон, на камен при сонце)?!

И како тоа контрамитингашите (државните службеници на преродбата, според тебе, кои со канџи се држат до своите работни места) се подобри од млитавите митингаши „кои немаат поим кој е главен стопан во државава“?! Сакаш да кажеш дека војниците на, да речеме, Секуритате (или оние кои деновиве тепаат народ по улиците на Алжир, Тунис, Египет) се подобри и понародни од очајниците („чии лица треперат како искината стара војничка чизма“) од една единствена причина: зашто добро знаат кој е главниот стопан во државата?! Во ред е така да мислиш (секогаш е најдобро да се знае кој е главен стопан во државата), но во тој случај целиот твој текст, Букарски, нема никаква логика. Зашто стопан на државава се олигарсите на Груевски. Кои ти би сакал да ги срушиш во името на Груевски?!

За тебе, Букарски, револуцијата на „хирургот-автократ“ и „пљачкањето на олигарсите“ значи кобасица за тебе. Каков народ, бе, Букарски! Зар ти си народ?! Набутан во МПМ, корпоративниот извршител на работите на сите моќници?! Бранејќи режим кој живее од ПР, реклами и халуцинации во најсиромашната земја во Европа?! Го браниш режимот на „автократот-хирург“ кој ќе им го земе богатството на олигарсите и ќе ти го даде тебе (т.е. на „народот“, а тоа си ти, се подразбира)?! На кои олигарси мислиш?! Па, сите тие, повеќе-помалку (заедно со Керим, стопанот на медиумот во кој пишуваш), се дворјани кај твојот лажен хазјанин! Тие олигарси го донесоа Малиот-Големиот (Златниот-Црниот) на тронот од кајшто бладате за добрата автократија.

Почетокот на „револуцијата“ на Малиот-Големиот, да потсетиме, ја плати Телекомот, со тричава пиксла од 120 илјади евра (да продаваат сим картици големите револуционери: Јанкуловска, Ставрески, Јанакиевски, Груевски итн.). Или сепак велиш, Букарски, дека олигархот Тодоровиќ (Јорданов, Камчев, Мијалков, не е битно, сите!) е понароден тајкун од ненародниот Рамковски?! Ќе му ги земеш парите на Рамковски и ќе им ги дадеш на Стојменов и Ѕинго?! За да биде народната правда?! И за да ја соопштиш својата дебилна (а патем и сосема неписмена) политичка програма за создавање медиуми кои не се „деструктивни и хистерични“, кои се „патриотски и без сериозни меѓународни влијанија“ - ги одбираш МПМ и ВАЦ?!

Букарски, ти си срамот на генерацијата! Ти си симбол на, од една страна, дезориентираноста (и морална и културна и политичка), а од друга страна, на просто животинската алчност. Вистински симбол на ова време.

слика: Свирачиња

Коља, одлучи се еднаш. Или ќе

Коља, одлучи се еднаш. Или ќе правиш лингвистичко-семантичка анализа или ќе ја анализираш содржината. СЕКОГАШ, ама баш СЕКОГАШ ги дркаш тие два појма, што и тоа како ти одговара за потребите на пљукањето.

Види: 96% од коментарите под различни имиња на окно.

Немаш кредибилитет, чоече.

Оби Ван, јадна партиска

Оби Ван, јадна партиска несреќо, слепа рипко со адреса на престој во партиското блато, на дното од пештерата, уште многу вода треба да протече под мостот Око и уште многу преродбенички кифли треба да изедеш, така гол, бос, мрсулав, неук и неписмен (Букарски е Бертранд Расел, сепак, за просечното ниво на ВМРО; Букарски бар знае што мислат Селин и Буковски за темата Стил&Содржина) за да сфатиш, беден анонимусу, ситно војниче на петокласни пропагандистички војни - дека „лингвистичко-семантичката анализа Е содржината! И не постои друга содржина вон знаците! Целиот 20 век тоа го докажуваше, од Витгенштајн и Џојс до теоретичарите на квантната физика.
Но, нема везе. Златниот-Црниот уште не ве стигнал до 20 век. Сеа сте стигнати до 19 век (не знам, Оби Ван, дал си ги прочитал последните лекции за стилот на пастирот?! Она, за неокласицизмот, антиката и барокот?! Проследено ви е тоа надоле, низ воениот штаб?!) Нема везе, велам. Еден убав ден ќе сфатите. Штавише, самото ќе ви се каже.

Хаосот во јазикот зборува за

Хаосот во јазикот зборува за хаосот во мислите - тоа е стара мудрост (да, и на Витгенштајн, меѓу другото). А Букарски стварно има хаос и во главата и во јазикот.

Јој, кој блеф, човече...

Јој, кој блеф, човече... Квантна физика, јеботе. Ни помалку ни повеќе.

Иди закопај се у Алшар, таму ти е местото, не меѓу нас нерадиоактивните простаци.

Модернист/Коља, не се вика

Модернист/Коља, не се вика „јадна“, туку „кутра“, не се вика „блато“, туку „кал“, не се вика „штавише“, туку „дотолку повеќе“.

Добро Гелевски, зарем не

Добро Гелевски, зарем не гледаш дека ти си Букарски на другата страна?

Гледа. :)

Гледа. :)

Офф леле листата на омразата

Офф леле листата на омразата се зголемува секој ден. После стандардните Латас, Мирка, Ивона, Миленко, Јанко, дојдоа новите Милчо Манчевски, Трендо и Оннет, Драган Поповски заедно со телевизиите Канал 5, Сител, Телма, Наша... со све весниците Вечер и сега новинарите од МПМ, па имаш Еднооки, К15, Зевзекманија, па Гоце Смилевски, Алекс Букарски и така натака и т.н.

Значи ако не мислиш како Коља, тогаш или си неписмен или изродбеник на кого преродбата му го зела мозокот. Ако не си ни тоа ни тоа, тогаш си неутрален сеирџија или „патридиот“ кој што „сака да се прави глуп и наудрен“?!

Гелевски, дај бе, бидејки сте вие најпаметни и најписмени, ти, Жарко Трајановски заедно со Героски, дај самозапалете се, нека ве потпали Милчин, и онака дробите во празно и никој не ве е*е, дај бидејки сте притиснати и потиснати, запалете се во името на демократијата, во знак против оваа диктатура. Само така народот ќе ви поверува дека сте со сериозни намери. Мислам, херојски е да се жртвувате за Македонија, не?! Што знаеш, можеби Бранко ќе ви подигне споменик кога ќе ја сруши оваа ненародна власт!

Анонимна будало, слеп створу

Анонимна будало, слеп створу од калливото дно на постоинската партиска јама (т.е. клозет), уште еднаш демонстрираш како твојата партија ја сфаќа јавната сфера: или си со нас или си против нас (т.е., Кој не е со нас, ќе дојдеме по него). Е, гледаш, едноок поданику на ќориот пастир, Окно служи токму за обратното! Окно е јавна сфера за расправање! Она за што, впрочем, јавната сфера служи. Букарски, Гоце Смилевски, Манчевски итн., луѓето што јавно настапуваат (или од кои се очекува јавен став, поради, на пример, нивниот професионален углед) НЕ СЕ НЕПРИЈАТЕЛИ. Но, се подложни на критика, се разбира, токму како јавни личности и поради јавно изнесени ставови. Тоа Фамилијата не може да го разбере. Кај вас мислењето и ставот се работа на ПР, спин, трик, уцена.
На многу луѓе им требаа цели пет години да разберат дека Златниот-Црниот е мизерен тиранин, а дека коруптивното опкружување му е бетер: ем насилници, ем ужасно алчни по пари, ем суштински кукавици. Кој тоа не го гледа, кој не гледа каде оди Македонија под пастирот - има проблем. И тој проблем е општ и јавен. Македонија на Окно е бучна, шарена, демократска. Македонија на Фамилијата и нејзините медиуми е хомогена, едноумна и исплашена. Голема е разликата, речиси непремостива.

И, кој би требало да го

И, кој би требало да го замени Груевски? Еве, биди добар како што си убав, сподели со нас неколку имиња и, без реторички маневри и навреди, објасни ни зошто мислиш дека тие луѓе би биле подобри. :)

Прост е одговорот: треба да

Прост е одговорот: треба да се распишат избори. Треба да се формира победничка коалиција и да проба да се направи радикално проевропска влада. Веројатно постојат, и внатре и надвор од земјата (мада одма се гризнувам за јазик; и тоа е големо прашање, за жал) барем толку паметни, компетентни и чесни Македонци кои можат да направат влада и барем основната (матурска) задача (демократија и ЕУ) да ја одработат ко што треба...

Рековме неколку имиња, а не

Рековме неколку имиња, а не празни фрази. :)

Бзтка, не се празни фрази!

Бзтка, не се празни фрази! Македонија треба да направи коперникански пресврт во целокупната политика! ЕУ значи тотален контрагруевизам!
За конкретни имиња е рано. Башка, не сум ја центар за хумани ресурси, па да предлагам министри! Сигурно е дека ќе требаат и светски фаци ( од типот на Владимир Глигоров, можеби; не велам, самиот В. Глигоров, не го ни знам, но укажувам на насоката каде можеби треба да се бараат идните проевропски, т.е. антигруевистички министри).
Се разбира, земјава пак ќе добие МАКЕДОНСКА влада (а не, сигурно, за жал, скандинавска), но тоа е. И нив ќе ги дигаме на клоци, ко ќе им дое време. Битно е да светне слободата, одново...

Зошто да немаме скандинавска

Зошто да немаме скандинавска влада?Кога можевме да го донесеме Киро од Белград да ни е претседател можеме и скандинвци да донесеме.
Туку прашањето ми е:Зошто толку ЕУ и НАТО ентузијазам?ЕУ е поставена на погрешни темели и кога-тогаш ќе се сруши.А тогаш ќе биде гадно...За НАТО воопшто и да не зборувам.
Не сум против интеграција, напротив, сум за интеграција и од поголеми размери ама ЕУ нема ни капацитет ни желба за нешто поголемо.

Пак протнуваш замена на тези.

Пак протнуваш замена на тези. Кој и да е, само од нашите да е.

Синот на Мубарак никад нема да биде Ел Барадеј. Да, не е сè исто во ситуацијата, но по дефиниција не може да биде.

Остваруваме.

Гелевски, јавен кловну, како

Гелевски, јавен кловну, како така успеваш во своите постови самиот себе да се опишеш. Ти си стварно отиден човече. Горе авторот вели дека сите што не размислуваат како тебе ти ги навредуваш, а тука кажуваш дека власта ја сваќа јавната свера: или си со нас или си против нас?! Ти си контрадикторен до безкрај. Велиш „Македонија на Окно е бучна, шарена и демократска“ а си заборалив дека нема текстови на окно, со различно и спротиставено мислење од вашето, што е основа на една декократија, и најважно од се, си заборавил како ги бришеше сите постови што тебе не ти одговараа. Македонија на Фамилијата била хомогена и едноумна. Јас можам само да ти кажам дека по едноумен и по хомоген медиум од Окно, не постои во државава.

прав си, изродбеничко

прав си, изродбеничко будалче, Златниот-Црниот стварно ви создаде декократија, т.е. декоркратија, декоративна демократија:) Вашата неписменост конечно дава резултати! Остваруваме! Браос!

Неутрал, изродбеничко

Неутрал, изродбеничко будалче, и за тебе еден македоностички совет: земи отвори мк граматика или правопис, батка. Скаран си со запирките, меѓу другото... Ах, јаките националисти на изродбата! Ниеден не си го знае јазикот! А што знаете, будалчиња?! Пастирот да го следите! Браос! Остваруваме!

Абе соросидиоте, пробај да ја

Абе соросидиоте, пробај да ја разбереш поентата на напишаното. Доста ловиш правописни грешки. Тие се незначајни во случајов кога ти многу добро разбираш што сум сакал да кажам. Бидејки немаш аргументи како по дифолд почнуваш со навреди. Па носи се у три лепе ако веќе така сакаш да разговараме, кретену умноболен!

Неутрал, изродбеничко будалче

Неутрал, изродбеничко будалче (со прекар: дифолд:), ти си предавник на македонскиот јазик. Изглеа браќата треба почесто да те фрлаат у Вардар (за Водици), малку да се освежиш:) Или да земат, сепак, ко поблага педагошка мерка, да те маваат со граматика по глава?! (примети ги запирките во последнава реченица, неписмено изродбеничко будалче)

Не е:у Вардар, туку во

Не е:у Вардар, туку во Вардар...

З, стварно е љупко до кој

З, стварно е љупко до кој степен си имбецил:) Колку имаш години, душо?! 16? Ако си малолетен - све ти праштам! И ти поклањам комплет Темплум книги (плус граматика за другар ти:)

Благодарам за убавите

Благодарам за убавите зборови.

Геле стварно претеруваш

Геле стварно претеруваш човек. Делуваш како луѓево или се со тебе или се против тебе. Што не прифаќаш кога те критикуваат?? Зошто ги навредуваш сите? Ти изглеа стварно мислиш оти си најпаметен? Имаш проблеми со умот, штом толку емотивно ги доживуваш коментариве на смешново Окно. Во окно да влезите и да не излезите!

Поздрав од Фирерот!!!!

И на крајот на краиштата: Сакам да бидам воден, САКАМ ДА ИМАМ ЛИДЕР и го САКАМ својот премиер и што сеа??? Грев е тоа??? Затоа што ти не го сакаш и затоа е грев???? Простак!!!

Гелевски, Лапни го

Гелевски, Лапни го .!.

Примети ги точките и извичникот :)

Време беше некој да го

Време беше некој да го нашлапа криптонацистот, проекторот на блогови и сајтови со содржини својствени за врмовските сељаци.

Имав еден текст, каде истиот дотичен глупак, за време на 2001 година го воспева вандализмот на неговите наци-пријателчиња, и исто се возгордева себеси што е дел од толпата паљачи и палачи на куќи, продавници и други јавни места на Албанци и Македонци муслимани, за време на конфликтот во 2001-ва година. Истиот овој Букарот, истиот тој. За жал го немам текстот, но го имам човекот, безобразен арлекин, кој да може в'гајќи ќе му се напика на кој и да е властодржец само и само да дострели општествена и интелектуална тежина - патем како што напоменав, интересен е неговиот интелектуален прогес. Неандерталец -> мајмун-Човек (тоа што следува) -> Неандерталец.

Ќе ти верувам Коља кога

Ќе ти верувам Коља кога твојата револуција ќе ја извршиш на улица, а не од кревет, од станот комотно купен со сомнителни пари; ќе ти верувам кога ќе престанеш да конкурираш и ти и твојата тајфа во министерство за издавање на вашите бљуваници, ќе ти верувам кога ќе ми каже цела ваша тајфа за која идеја се борите!

Како работи преродбата, а?!

Како работи преродбата, а?! „од станот комотно купен со сомнителни пари“ Абе ова го немало во Германија 1933 година! Не знам на кое дно треба пастирот и неговиве кретени да ја донесат Македонија за конечно да се разбудиме!
Или ова: „ќе ти верувам кога ќе престанеш да конкурираш и ти и твојата тајфа во министерство за издавање на вашите бљуваници“
Тоа е целата филозофија на изродбата: да се сруши, да се затепа, да се уништи се’ што вреди. Ограничените ресурси да се поделат на бандите. И тоа отворено се зборува! И тоа отворено се спроведува!
Да те прашам, Јас_Но, нели пастирот потроши неколку десетици милиони евра за книги изминативе пет години. Верувај, Темплум во тие пари не учествува ни со промили... Зашто не побараш од Фамилијата некој денар, бе, батка, ако имаш книга, идеја, нешто за што ти требаат пари?! Зашто дозволуваш Фамилијата да те третира ко последен дебил, дека „твоите“ пари се кај „Коља“, дека твојот „стан“ е кај предавниците итн.? Абе, кокошка има поголема памет од вас, малоумни слуги на изродбата!

Цел и ден и каде сакате

Цел и ден и каде сакате јадете г**** бе луѓе. За каква автократија зборите за каква тиранија зборите??? За какво ограничување на слобода зборите кога на секој пет секунди на секој медиум може да го ве глеам соросоиди кои за ебано евро можат да се продадат. И сега кога владата не ги игра од милијарда причини ( и гајле ми е зошто не ве игра и дали не ве игра и дали тоа е фер што не ве игра) не и се допаѓа. Оние идиотите од А1 стојат пред владата и викаат „нема демократија“. Е да бе! Да нема демократија ќе ти даде тебе некој да стоиш пред владата и да се дереш ко идиот „нема демократија“ и да се фалиш дека тоа цел свет го пренел по медиуми. Стварно нема демократија. Ама ако немаше демократија вие будали недоделкани, алчни копилиња за внимание немаше да постоите и да дробите по вакви сајтови и да вреѓате се што ќе стигнете. Пејте и дробете, владата ја гласа народ, будала или не, глупав или не, неписмен или не, има право на глас. Следни избори за жал пак исто ќе изгласа. Побрзајте сменете го народов. Ви посакувам среќа.

^ Ова. И ова треба уште 3

^ Ова. И ова треба уште 3 пати да се каже. Само глуп човек ќе се приклони кон ставовите на А1, Окно, и сличните ним. И мило ми е што гледам дека бројот на глупавите е се’ помал и помал, од ден на ден.

И јас сакам да верувам дека

И јас сакам да верувам дека ќе излезе на улица, ама нека се затопли малку. Човекот сака да се вози на велосипед. Не е фер. Ќе настине.
И јас сакам да верувам дека ќе престане да конкурира (но верувај не се бљуваници - прочитај ги па критикувај) заради дигнитетот, ама од дигнитетот не се живее....подолго време барем.
А за идејата...копнеам за денот кога ќе се објави МАНИФЕСТОТ НА СИТЕ ОБВИНЕТИ ОД АКТЕЛНАТА ВЛАСТ...и ќе гласи отприлика вака...ДАМИ И ГОСПОДА А СЕГА НЕШТО СОСЕМА ПОИНАКВО...НАШАТА И Д Е Ј А....алузијата е на откачените од Монти пајтон...само да е идеја...конечно, а не повторно обвинувања.
Да си здрав и жив...Јас_Но.

А кој каде спомна револуција

А кој каде спомна револуција и кој кате протежира релуција?

Патем што има врска револуцијата и зборувањето со текстот на авторот? Треба да се убие за да се покаже дека си жив?
Треба револуицја да дигнеш за да покажеш дека нешто размислуваш? Размислувањето е само еден процес кој што е засегнат од априоро-апостериори елементи во фузичната макрокосмичка слика, се до микро честичките од нашиот ни мал космички апарат.

За да се докаже ова што авторот го зборува, не треба да се дига револуција, туку треба само да се размисли (секако тоа, ако се може).

Сосема се сложувам, да се

Сосема се сложувам, да се размисли: и да се сфати лицемерието, дво... пардон, сто-личноста, и глупоста на поентите кои авторот ги изнесува. Ова ти е веќе ко да тврдиш дека си гладен и немаш за јадење, а во исто време додека го искажуваш тоа - во раце да држиш бабачко сендвич, мрсен, од седмица. Апсурд до апсурд. Да да нема демократија. Ајде сега сите заедно да повториме уште илјада пати „Нема демократија“ за конечно да се убедиме дека тоа е така! Ен-два-три:

Што било тоа околу Гоце

Што било тоа околу Гоце Смилевски? Ај нека ми каже некој.

Ми се допадна текстов на Коља, посебно околу стилската анализа на говно-текстот на Букарски, кого треба да го игнорираме оти не заслужува да се збори за таков дркош.

Букарски е симптом, на

Букарски е симптом, на малоумоста на елитата на дпмне. Просветен автократ ееееееејјјј, зар медиокритетот Грујо да ја има оваа титула.

Подобро припрост малоумник

Подобро припрост малоумник отколку високоинтелектуален предавник.

Љако беше неугледно детенце.

Љако беше неугледно детенце. Во средно сите го заебаваа поради закржлавеноста и бубуљичавото лице, па немаше шанси женска ни да го погледне. Имаше нула социјален живот. Но, тој беше упорен. Се начита и порасна во прекрасен квазиинтелектуалец. Меѓутоа, фрустрацијата остана. И понатаму врсниците не го есапеа и си бркаа кариери, а тој пак остана на маргините на општеството. „Ќе видат тие“, си рече тој, дочитувајќи ги последните страници од Дерида на клозетската шолја. „Ќе бидам нихилист, белким некој ќе ме земе за озбилно“! Од книгите, иако воопшто не ги разбираше, исцрпи доволно муниција за понатамошно војување против светот, а притоа никој да не му навлече лудачка кошула. Се зачлени во Друштвото на Живите Поети, финансирано од берзански шпекулации. „Ма што ми е гајле, си рече тој. Принципите се одамна passé, барем ќе ме дружи некој“. Малку му беше чудно што некои од членовите на друштвото (самите се нарекуваа Синусоиди) многу го гушкаа и бацуваа, но од радост што воопшто му се обраќаат беше подготвен да истрпи сѐ.

Меѓутоа, добрите времиња брзо завршија. Лудиот Народ ги избрка на клоци Комињарите (тоа беа пријатели на шпекулантите, кои и самите правеа невидени шпекулации со цената комињето) и друштвото почна да му се осипува. Некои отидоа и на принуден одмор во Шлупка. Луѓето пак почнаа да го избегнуваат. „Аааа, ќе види Лудиов Народ со кого нашол да се заебава“, возбудено извикна веќе не толку младиот Љако. Си го облече кимоното, си ја врза лентата околу глава и почна да ги малтретира читателите на Окно со коментари.

Пољупци&гушки за Биографот!

Пољупци&гушки за Биографот! Праќајте раскасчиња на Окно, талентиран сте! (еден ден можеби ќе ја освоите и наградата „Новите“, како што ја освои малиот /сега веќе големиот/ Букарски, темата на овие разиграни коментари:)
Она што најмногу ми се допадна: синусоиди&комињари. „Љако“ е исто јако! И мошне љупко!
Само совет, за крај, Биографу: живееме во земјата на чудата, на Алиса. Остајте вие „луд овој луд оној“ (шеширџијата, народот, Алиса или Љако). Чекајте го расплетот. Долги се игрите во земјата на чудата.
(И уште пост скриптум совет: нема расплети во земјата на чудата, сепак. Постои само лудилото:)

Благодарам, Љако, меѓутоа

Благодарам, Љако, меѓутоа гушките и бацките задржете си ги за другарчињата Синусоиди. Ни нивните комињарски награди не ми требаат. Почестете ги другите ваши автори додека не ви се одметнале и тие.

@Биограф: Добра

@Биограф:

Добра лингвистичко-семантичка анализа. Добри знаци. Ме поштеди од напорно пишување, што е ужасно тешко за мене. Не знам како ќе успеев вака неписмен, црно ми се пишуваше.

Остваруваме.

Ова власта ептен им удрила в

Ова власта ептен им удрила в глава на ’естаблишментов’. ЕУ ќе пропаднела, НАТО некредибилен, национален суверенитет, си го сакаме водачот, бла, бла.. Шутраци, не знаете дека светов не ни знае каде сме на карта?! Дека го молеа Бадинтер да ни даде препорака за признавање? Дека сме зависни од кредити и распродажба на ресурси? Дека ништо не произведуваме? Сте се умислиле сосе лидеро дека сте го фатиле Господ за јај..? Ама затоа непогрешиво се насочувате кон парите и привилегиите. Бај д веј, оваа година и Ермитаж и Лувр имаат изложби за античка Македонија, а истата е претставена како дел од хеленистичката цивилизација и јазик?! Патридиоти.

ЕУ ќе пропадне затоа што е

ЕУ ќе пропадне затоа што е поставена на погрешни темели.Уште Виктор Иго размислувал за обединета Европа ама засновна на принципите на хуманизмот.ЕУ на Шуман е заснована на економска соработка.Кога ќе немаат бенифит од ЕУ, ЕУ ќе пропадне.Сите обиди за окрупнување досега пропаднале.Не гледам зошто ЕУ би била исклучок.Да не зборувам за медиокритетскиот апарат, сложеноста, тоа што е тотално небитна во меѓународните односи...

Не можам да избегам од една

Не можам да избегам од една аналогија што ми се наметнува. Ние граѓаните (всушност сега поданиците) сме ќерките, а власта ни е Јозеф Фрицл. Ќе не кара вака затворени в подрум, освен ако не избегаме или се додека не пријават соседите дека нешто чудно се случува (читај ако не влеземе во ЕУ).

Да можев да ги прикажам

Да можев да ги прикажам ставот и мислите визуелно - тоа ќе беше на овој начин:
ЌЕ СТВОРЕВ ПАРИЧКА - КОВАНИЦА НА КОЈА ОД ЕДНА СТРАНА ЌЕ БЕШЕ БУКАРСКИ ОД ДРУГА ГЕЛЕВСКИ.
Вие сте страна од кованица иако тоа излитено звучи.
Иако порано бевте на иста страна сега зте различни , спротивни, а сепак исти, радикали во потрага по медиумска експонација, ултра леви-десни со латентна потреба да Ве забележат, оф колку сте бедни , победни од мојата потреба да Ви го кажам сево ова.Ме разочарувате и двајцата...континуирано и постоано,( посебно Алекс со последнава колумна)
Секако ми е жал за вас, но ителектуалиот капацитет не секојпат го одразува и жарот и духот на напредноста,одржливоста, револуционерноста!!!
ВИЕ ПАРТИСКИ СЕНКИ - ПОТФРЛИВТЕ

Секогаш Ваш...Д.

Колега/колешке, да можев да

Колега/колешке, да можев да ги прикажам мислите би рекол дека сте благо швркнати.
(Чудно како, концептуално, целиов „пост Букарски“ се врти околу хаосот во главата што произведува хаос во јазикот. Саде јазични пациенти вечерва заседнале...)
Дада, ќе да е дека вие сте меѓу побизарните случаи вечерва. Не е само граматика, има тука и посериозни патологии. Сте се јавиле кај некој астролог на ТВ?! Пробајте, може да помогне. Вака... Малкуцка језивко звучите, мора да се признае.
Нешто да не упрскал дебелиот провинцијалец гладен по еуро-крем?! Да не ве навредил/повредил за нијанса повечко од тату рез?! (или пијано шамарање у кујна?)
Ако не помогне ТВ астрологот, Дада (сестро:), пробајте со арт терапија. На крај отидите или у најблискиот вмро штаб или на психијатрија.

Лавчето е инаку многу

Лавчето е инаку многу слаткичко. =)

Ај нека ми објасне некој -

Ај нека ми објасне некој - што е тоа демократија, и зошто мора да има демократија?
Да ви ебам и демократија и слобода и СОРОС и ВМРО и СДСМ и Грујо и Бранко и тако даље!
Преку кур ми е од вашата демократија и од вашите патетики!
И да, Драги Коља ти кој толку многу го сакаш Жижек, побарај по архивата на Окно ќе најдеш таму еден текст Ленинистичка слобода... лепо си пишува жижек.. само шо грешка си разбрал, ти наместо борба за слобода борба за патетика водиш..
Глупаци буржујски, без грам мозок, само со педерска интонација на гласот!

12 points go toooo...

12 points go toooo... Лениниииист!

Инаку абе Окнаши, глеам на

Инаку абе Окнаши, глеам на сајтчево си имате и анкета: „Дали власта ја затвора А1?“... Во најмала рака сомнително срочена, оти ни под разно не е даден криминалот на Велија како можен причинител (хммм чудно чудно), но ајде да му прогледаме на тоа низ прсти. Си гласа човек, и добива резултат:

Дали власта ја затвора А1
1. Да
57%
2. Не
43%
Вкупно гласови: 202

Па види чудо мајку му, и во ВАШАТА анкета поделено мислење, хммм! Уште малце и 50-50. Каков удар за демократијата, ц ц ц...

Окно Анкета, податокот што го

Окно Анкета, податокот што го претставуваш како слабост на Окно, дека има различни мислења меѓу неговите читатели, јас го гледам како предност. Значи дека нуди интересни содржини, штом го читаат и „вакви“ и „такви“. И сите имаат можност да се искажат, еве преку коментарите, без разлика што некои од нив се моронски (можеби и мојов?).

Од друга страна „порталите“ како Македонска нација (mn.mk) или Курир (kurir.mk) се замислени како средства за еднонасочна пропаганда - нема ниту можност да искоментираш, смееш само да копираш и пренесуваш преку Фејсбук или Твитер. МН има рубрика наречена „коментари“, ама тоа се всушност колумни од нивните платени „коментатори“, не од читателите.

Во секој случај, тоа што си тука, што си се одважил да кажеш дури и мислење за кое мислиш дека е спротивно на уредникот, е добро. Добро за тебе.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
X-Men [к:19]
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото