Алекс Букарски - лицето на старата искината војничка чизма

31.01.2011 12:32
ВМРО југенд

(осврт кон текстот на Алекс Букарски, „Против слободата, против демократијата“, објавен во Дневник од 29.01.11.)

Букарски, разбирам револуција, автократија, диктатура, разбирам дека некои луѓе некогаш можат да се залагаат и за деструкција и смрт. Мене тоа ми е страшно, но дури и тоа го сметам како дел од слободата на мислење.

Башка, значи, залагањето за диктатура, т.е., според тебе, „просветена автократија“ (а груевизмот, се чини, го прогласуваш за просветен, и покрај навистина стотиците примери дека груевизмот е сè друго само не просветен). Она што постојано, со години веќе, откако јавно пишуваш, фрапира дури и повеќе од твојата политичка и идеолошка малолетност - е неписменоста. Затоа се чудам: каква е таа просветена диктатура на неуки и неписмени?! Погледни си ја, како пример, последната реченица од текстот, советите до „автократот-хирург“ на „одговорниот и совесниот интелектуалец“ (патем, недоследен си; ако е револуција, ако е автократија, тогаш по ѓаволите со совеста и одговорноста! Треба да владеат инстинктите и слепата правда, а не килавиот жироскоп за „одговорност и совест“ на ситните и неуките кариеристични голтари):

„Секој совесен и одговорен ангажиран интелектуалец денес ќе се обиде да упати добронамерни совети до автократот-хирург да не направи масакр во операцијата отколку да поддржи јалови протести на дел од пациентите и персоналот без јасен реформски потенцијал.“

Што гледаш во таа реченица, Букарски?! (освен, се разбира, ноторна синтаксичка будалаштина) Негирање на целокупниот претходен текст?! Или сепак само запрепастувачка неписменост и нејасност на еден сосема изгубен млад писател?! Или токму во таа реченица е содржано (како своевидна автодеструкција и самоомраза) сето она што „автентичната автократија“ треба да го збрише, т.е. да ја збрише твојата позиција на гзолижач, на инстант идеолог на лажни револуции и на беден провинциски калкулант (какви што земјава се има нагледано, од турско до социјализмот, профилот на таквите бесрамни упикувачи овде е вечна морална константа; тој профил - твојот профил - го има добро опишано и Андриќ, на пример).

Еве уште неколку стилски забелешки, поврзани со твојата пословична неписменост. На пример, метафорите ти се кармакаша, Букарски. Велиш: „Погледнете, нивните лица треперат како искината стара војничка чизма; тие се само безначаен демократски декор: тоа се крикови или на очајници што не може да поведат, или на фанатазирани и генерално неинформирани луѓе кои поим немаат кој е главен стопан во државава.“

Тим Радфорд, поранешен новинар на Гардијан, во една од своите 25 новинарски заповеди вака вели: „Метафорите се супер. Само не одбирај чукнати метафори и не ги мешај. Гардијан имаше специјална награда, ’Замолчена пирана’, еден вид Оскар за неспособност, која му ја дадоа на репортер за индустриски односи, што го предупреди светот дека дивите мачки од Конгресот на трговскиот синдикат демнат од грмушките, и доколку не бидат замолчени, подготвени се да нападнат како пирани. Џорџ Орвел известуваше за пратеник кој тврдел дека жестокиот октопод - фашист ја запеал лебедовата песна.“

Не знаеш, Букарски, понатаму, да раскажеш наједноставна случка. Пример: „Кога сме кај медиумите, мошне продорно влијаеше на мене една симпатична 80-годишна баба кога на камен при сонце ми рече: Го гледам само тркалото (претпоставувам на среќата?) една серија, вести понекогаш. Синко, нема ништо на телевизија. Мојот логичен одговор гласеше: бабо ако за тебе нема ништо за ТВ, може да замислиш за нас, да речам, помладите кои имаме поголеми критериуми како е. Секојдневно живееме во рамнодушност кон грото од медиумските содржини и неприродно па и лицемерно да се очекува пресврт и некој да се трашта.“ На камен при сонце некој да се трашта, Букарски?! Каде така се зборува и што значи тоа?! Башка, како ти, како докажан ситен поддржувач на автократии со многу мали потреби (еден водач, една вистина, една идеологија), толку лесно констатираш (само оти си „млад“?!) дека твоите критериуми се повисоки од оние на „симпатичната баба при камен на сонце“ (пардон, на камен при сонце)?!

И како тоа контрамитингашите (државните службеници на преродбата, според тебе, кои со канџи се држат до своите работни места) се подобри од млитавите митингаши „кои немаат поим кој е главен стопан во државава“?! Сакаш да кажеш дека војниците на, да речеме, Секуритате (или оние кои деновиве тепаат народ по улиците на Алжир, Тунис, Египет) се подобри и понародни од очајниците („чии лица треперат како искината стара војничка чизма“) од една единствена причина: зашто добро знаат кој е главниот стопан во државата?! Во ред е така да мислиш (секогаш е најдобро да се знае кој е главен стопан во државата), но во тој случај целиот твој текст, Букарски, нема никаква логика. Зашто стопан на државава се олигарсите на Груевски. Кои ти би сакал да ги срушиш во името на Груевски?!

За тебе, Букарски, револуцијата на „хирургот-автократ“ и „пљачкањето на олигарсите“ значи кобасица за тебе. Каков народ, бе, Букарски! Зар ти си народ?! Набутан во МПМ, корпоративниот извршител на работите на сите моќници?! Бранејќи режим кој живее од ПР, реклами и халуцинации во најсиромашната земја во Европа?! Го браниш режимот на „автократот-хирург“ кој ќе им го земе богатството на олигарсите и ќе ти го даде тебе (т.е. на „народот“, а тоа си ти, се подразбира)?! На кои олигарси мислиш?! Па, сите тие, повеќе-помалку (заедно со Керим, стопанот на медиумот во кој пишуваш), се дворјани кај твојот лажен хазјанин! Тие олигарси го донесоа Малиот-Големиот (Златниот-Црниот) на тронот од кајшто бладате за добрата автократија.

Почетокот на „револуцијата“ на Малиот-Големиот, да потсетиме, ја плати Телекомот, со тричава пиксла од 120 илјади евра (да продаваат сим картици големите револуционери: Јанкуловска, Ставрески, Јанакиевски, Груевски итн.). Или сепак велиш, Букарски, дека олигархот Тодоровиќ (Јорданов, Камчев, Мијалков, не е битно, сите!) е понароден тајкун од ненародниот Рамковски?! Ќе му ги земеш парите на Рамковски и ќе им ги дадеш на Стојменов и Ѕинго?! За да биде народната правда?! И за да ја соопштиш својата дебилна (а патем и сосема неписмена) политичка програма за создавање медиуми кои не се „деструктивни и хистерични“, кои се „патриотски и без сериозни меѓународни влијанија“ - ги одбираш МПМ и ВАЦ?!

Букарски, ти си срамот на генерацијата! Ти си симбол на, од една страна, дезориентираноста (и морална и културна и политичка), а од друга страна, на просто животинската алчност. Вистински симбол на ова време.

слика: Свирачиња

Сакаш да кажеш дека тоа што

Сакаш да кажеш дека тоа што ни е дозволено да ленчариме пред штабот на Окно и да врескаме дека нема демократија, всушност, значело дека има демократија?

Ако си го набилдал поганиот

Ако си го набилдал поганиот јазик и знаеш да извреѓаш човек на сто начини, не значи дека си интелектуално супериорен. Можеби си само огорчено старче.

Ил пристанишна курава.

Ил пристанишна курава.

Дали владата ја затвара

Дали владата ја затвара а1?
Океј, да знам некад ако иам пари, ќе си отворам телевизија, па коа ќе фанам да продавам дрога, да земам рекет, да убивам луѓе и ако ме затвори некој одма ОП! ја иам телевизија, ова шо ми го праите е за да не замолчите! ова е удар на демократијата!
Ја еве најотворено ќе си кажам, неможам да смислам ВМРОВЦИ и Националисти! Али дека тоа шо му го праат на А1 Вмровциве треба да му се прави, треба. Само сувише се благи, стрелај братче, стрелај тоа стоката..

Со нетрпение го чекам денот

Со нетрпение го чекам денот кога Гелевски ќе почне да плука по Геровски

sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-

sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc3/hs166.snc3/19350_217895657819_122143557819_3640276_3396140_n.jpg

Voa e toa :)

sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/hs270.snc6/179802_196321037050810_100000187462802_826442_6970504_n.jpg

Bahanalii :)

Господа, Гелевски, Букарски,

Господа, Гелевски, Букарски, коментарџии - се занимавате со култура или коментирате текстови на книжевници - мора ли да користите ваков примитивен речник, мора ли лично да се навредувате, мора ли политикантскиот дискурс да е единствениот? Букарски тврди (ќе парафразирам) дека „секој совесен и одговорен ангажиран интелектуалец“ денес треба да ја поддржи автократијата во полна ерекција затоа што таа е помало зло од нејзината импотентна алтернатива. Се согласувам дека импотентната алтернатива не е воопшто привлечна опција, ама тезата дека поради импотентната алтернатива треба да се качиме на брзиот воз на лудиот машиновозач е во најмала рака проблематична. Мислам дека е добро да се дебатира за оваа несреќна теза, ама на малку понепристрасен, покултурен (колку и да звучи излитено овој кутар збор) и конечно почесен начин од оној на Гелевски (коментирање на коментарите криејќи се зад лажни имиња).

Драго ми е што јасно и

Драго ми е што јасно и прецизно сте ги сконтале позициите на Букарски. Но, многу потфрлате кога, по вообичаениот изродбенички терк (стварно доведен до гадење, верувам, дури и кај приврзаниците), морализирате за „културата“ и „честа“, ни повеќе ни помалку! Кој ракурс е тоа?! Ракурсот на мама&тато и приглупиот авторитарен учител/ка?! Каква врска имаат „културата“ (во вашиот случај, како кај изродбениците, сфатена како дресура) со борбата против автократијата и просветената диктатура (за што се залага Букарски)?! Како тоа, почитуван Разочаран, сте ги сфатиле принципиелните јавни (културно-историски) борби?! Со кој јазик на пристојноста човек треба да се бори против залагањето за диктатура?!
Разочаран, вашите прашања и можеби вашата разочараност се легитимни. Но, верувајте, не постои пцовка или степен на непристојност што може да се мери со перверзноста на „пристојното“ зло. Целата историја на уметноста (вклучувајќи ја и литературата) е борба против лицемерието, против маскираното зло! Повикувањето на „пристојност и чест“, на ова поле, најчесто им служи на најмонструозните кастрирачки општествени сили! Впрочем, нема подобра илустрација за ова што ви го зборувам, Разочаран, од актуелните македонски состојби: најдијаболичниот балкански политичар последниве десет години, Никола Груевски, со своето криптофашистичко цицибан царство (на фасцинирани послушници и имитатори) е најголем борец за пристојност! Додека убива неколку стотици семејства, додека бесрамно и бескрупулозно управува со целокупното судство (како и со се’ друго) ладно, љубезно и невино ви кажува дека сте непристоен и дека сте му упаднале во збор... Разочаран, зарем навистина сакате таква „пристојност“?!
Најпосле, мислите дека го штитите Букарски?! Дека на малиот писател-во-обид треба да му ги простуваме повремените фашистички излети, чисто од педагошки причини?! Јас го мислам токму обратното! Токму од педагошки причини (и од причини на подлабоко сфатената јавна хигиена) на таквите јавни дефекатори муцката треба да им се набие во гомната! И ради јавната пристојност, меѓу другото!

Вистинското оружје против

Вистинското оружје против недостојните не е спуштање на нивното ниво. Вулгарноста, личните навреди и примитивизмот најчесто разоткриваат паника и инфериорност. Човек може да биде циничен наместо вулгарен и зборовите ќе продрат подлабоко. Може да презира наместо да навредува, да биде умен наместо нечесен и пак зборовите ќе продрат подлабоко. Пристојноста и честа не се ни конформизам, ни наивност, а најмалку „перверзност“. Тие се интегритетот на човекот кој и во вакви несреќни времиња мора да внимава со кои средства ќе се обиде да стигне до целта. Во спротивно по ништо не се разликува од својот „дијаболичен“ негатив. Оној што претендира да биде новиот калиф ќе мора да покаже дека е достоен. Тоа што сегашниот калиф не е достоен не е доволен мотив за акција. Сите сме уморни од бирање на помалото зло.

Жал ми е, Разочаран, но се

Жал ми е, Разочаран, но се изгуби дијалогот меѓу нас. Зборуваме за сосема различни работи и, велам, за жал, изгледа не се разбираме. Што не е страшно, се разбира. Но, чувствувам потреба уште еднаш да одговорам на вашето морализирање (и патем, да ви кажам дека морализирањето е еден од најголемите човечки гревови, според Слотердијк, неспоредливо поголем од непристојноста): политичарите се пристојни; уметниците и теоретичарите се непристојни. Звучи едноставно, но така е. Тоа го знае и Букарски и ради тоа толку грчовито (и често многу несреќно, многу неспретно) се бори за правото да биде непристоен и неформален.

Вие тоа не го разбирате, Разочаран. Заради тоа ви велам дека нашите говори, мојот и вашиот, доаѓаат од светови што речиси не се допираат (се излажав во првиот момент, та тргнав да ви одговорам, а сега веќе мазохистичката инерција ме влече). Уметноста&филозофијата се обидуваат да продрат зад формата (но, средството за тој продор е самата форма, ништо друго). Политичарите, бирократите, бескрајното малограѓанско мнозинство - најчесто се скриени во најтривијалната форма. Сите гнасотии на човештината (до кои уметноста или филозофијата се обидуваат да допрат) малограѓанинот ги сокрива зад фриволната форма. И мисли дека завршил работа. Како нашата пристојна а фашистичка власт. 

Да бидам уште поконкретен, Разочаран, се’ што рековте е сосема погрешно и е знак на застрашувачки затупително малограѓанско морализирање! На пример, до недостојните мораме да се спуштаме, и ради човечноста и ради христијанските императиви и ради уметноста. Паниката е сосема океј ако фашизмот гази. „Вулгарноста“ многу често се покажувала, низ историјата, како највисока естетска, филозофска и морална вредност. И обратно: она што суштински е вулгарно е клишето, пластичното шише за кое зборува Киш. Она што за малограѓанинот е вулгарно и навредливо најчесто е духовито, субверзивно, преиспитувачко. Цинизмот е многу пострашен од вулгарноста (Слотердијк го става, заедно се ресентиманот и морализирањето, меѓу најголемите човечки гревови). Итн.

Се изморив од објаснувањата, Разочаран. Речиси сум убеден дека се бесполезни за вас, но можеби за некој друг... 

И на крај, еве тест, кој е повулгарен: пијан, валкан, пропаднат поет што од пред гранапот пред влада рецитира жестоки стихови(на пример, Македонци - гнили конци, смачкано племе итн.), пцуе по нас секојдневните млаки малограѓани што го трпиме ужасот на секојдневието или сепак попристоен е костумосаниот премиер со својата свита, со своите камери, слаткоречивост, алчност и огромна потреба за моќ и манипулација?! Првиот е непристоен, Разочаран, а вториот е пристоен?! Да, така е! И заради тоа што повеќето луѓе мислат ко вас - такво ни е општеството. Кутриот Букарски ја гледа таа лага, но кутар е, меѓу другото, и зашто не знае да ја објасни. Вие нит ја гледате, нит правите ни најмал напор да ја сфатите.  

Коментарот е супер

Коментарот е супер инсипративен и пристоен. А во истиот ја браниш непристојноста. Секако, не можеш да си замислиш свет во кои додека зборуваме меѓусебно се уринираме! Особено не ако го сакаме и почитуваме соговорникот. Пристојноста како наклоност (и обратно), и заеби го Слотердејк!

Конечно во нешто се

Конечно во нешто се согласивме, Гелевски, а тоа е дека не се разбираме и дека нашите светови случајно за момент се допреа. Во мојот свет честа и пристојноста не се форма. Тие се суштина. Зад формата на пристојност нема ништо повеќе (поточно помалку). Непристојноста ја мешате со дрскост или младешка безобразност. Тоа не е исто. Ни уметноста (која случајно ми е професија) ни философијата не можат да се генерализират како пристојни или непристојни. Уметноста на Бах е совршено пристојна, а онаа на Пазолини, на пример, совршено непристојна за своето време. Не би се дрзнал да го оспорувам ни едниот ни другиот од позиција на не/пристојност. Затоа што не е важно дали се пристојни ако уметноста им е возбудлива. Не би се согласил ни со вашиот став дека премиерот бил пристоен зашто носел одело и барал да не го прекинуваат. Тоа е гола форма. PR за неуки. Не беше пристоен зашто не е пристојно да правиш нешто (во случајов да затвораш медиум кој не ти е наклонет), а во исто време да тврдиш дека некој друг е виновен за недостојното дело (во случајов судот). Ни десет одела да облече, Гелевски, тоа што го прави не може да стане пристојно. Според вашата интерпретација на Слотердијк излегува дека јас имам неспоредливо повеќе и поголеми гревови од погоре споменатиот само затоа што не сум доволно непристоен едно да зборувам, а друго да правам. Парадокс за почит :)

Гелевски е необразован и

Гелевски е необразован и невоспитан квази-интелектуалец, и кога ќе се земе во предвид неговата дијагноза и неговиот лабилен карактер, доаѓаме до заклучок дека со него нема можност за водење на една цивилизирана дебата!

А кај вас гледаме огромен

А кај вас гледаме огромен потенцијал за цивилизирана дебата :) Посебно вашиот талент во користењето на епитетите говори за раскошен, но за жал неоткриен книжевен талент :) Respect!

Истиот овој Коља му додели

Истиот овој Коља му додели наград на Букарски пред пар години??? Некој од нив двајцата е некомпетентен дефинитивно...поверајатно и оба два су такви.

за жал има вистина во тоа.

за жал има вистина во тоа. Коља го протежираше т.н. „Букарски“ (може ли конечно да дознаеме како е вистинското име на овој ружен дебел копук дојден од Битола со цел да се убута во Скопје?)

Прво не ми е јасно зошто воопшто Гелевски дебатира со овој дебил и се спушта на негово ниво.

Второ, Гелевски требаше да му каже: во ред мали, имаш талент, застани си во редот за чекање, созреј, изгради ставови, а не преку ноќ да му објавува книги и да му дава награди. Срам да ти е Гелевски и на сите вам кои паднавте на неговиот „шарм“ (кој црн шарм)

Но бидна што бидна. Падот на „Букарски“ (кој со Буковски нема врска. Буковски бил бунтовник и маргиналец, а „Букарски“ е владин потрчко) ќе биде многу тежок. Многу тежок.

Веројатно, потоа Букарски ќе гледа да си најде нова цицка откога ќе пресуши Гвујо и затоа уште одсега апелирам подготвено да биде одбиен кога ќе дојде тој момент. Овие вмровски спамирања по интернетот, особено на блогерајот се негово дело.

Реакциите на Гелевски

Реакциите на Гелевски влегуваат во семантичкиот простор на глаголот ТРАШТА.

Беаво Коља! Јасната мисла

Беаво Коља! Јасната мисла создава јасен збор. Особено ако авторот располага со респективно знаење од публицистиката, книжевноста и културата. И има доволно мотивација да биде упорен и храброст за да се изложува на ризикот.

Секако не се очекува диплома за книжевност од гостите на Окно, но барем да се способни да направат елементарна дистинкција на општествените феномени. Не можам да не се согласам дека дефетистичкиот став на рамнодушност и малограѓанска стерилност е прилично дестимулативен, ако не е и своевидно алтер его на преродбеничкиот дискурс. Менталната празнина и вулгарниот примитивизам на постовите од штапските дежурни делува толку затупувачки да се прашувам дали некоја промена на уредувачката политика на коментарите во Окно не е веќе ургентна? Чисто заради ментална хигиена.

Уште една тескобна констатација: покрај фактот дека бесрамната политика на припроста манипулација и поткупувањето на масите со партиски вработувања наидоа на плодно тло и пожнеаа огромен успех, сам по себе се наметнува и фактот дека се воспостави и цврсто етаблиран режим кој воопшто нема потреба од стручна, научна и културна елита. Дури во својот налудничав поход намерно ги депривира овие општествени групи од било каква јавна роља (освен онаа возможна само како алтернативна и проскрибирана, како вашава во Окно).

Како врв на апсурдите се појавува и фактот дека ЕУ (во својата бирократска бавност и неделотворност на проценката и реакциите) му вдахнови продолжен живот на овој антиисториски режим со некритичките фалби и препораки. Се затворајќи ги очите и прогледувајќи низ прсти, доведувајќи ја работата до точка без враќање.

Букарски и Гелевски

Букарски и Гелевски разговараа во 2008та. Издвојувам две прашања од целото интервју како мошне интересни во кој Гелевски јасно и гласно кажува за своите леви политички симпатии. Затоа лесно може да се констатира дека ставовите на Гелевски се онолку релевантни колку и ставовите на Бичиклиски!
Толку за „независноста“ и „објективните“ ставови на Окно и на СОРОСоидот Гелевски(„анархист“ со лева ориентација???), кој што вели дека невладиниот сектор треба да се сплоти со левицата?! Што повеќе да се каже за оваа багра од СороС, багра која го уништи граѓанското општество, и го корумпираше и дотолчи невладиниот сектор, во знакот на својот личен интерес!!!
Целото интервју прочитајте го тука: bukarski.blog.com.mk/node/153861

Букарски: Кое е твоето мислење за т.н. нова левица, предводена од г-ѓа Радмила Шеќеринска?
Таа патем најави дека ќе ги врати интелектуалците во СДСМ.
Дали кога би те повикала би прифатил да соработуваш?

Коља - За Радмила Шеќеринска мислам речиси се’ најдобро во рамките на нашата политичка сцена.
Мислам дека ни приближно немаме политичари на тоа ниво, освен Јован Манасиевски...
Да се надеваме дека тие ќе повлечат нога и ќе бидат модел за некоја друга нова и посовремена и поумна и поупатена генерација политичари...

Букарски: Ме интересира и од аспект на статусот на домашната но и на светската левица, што сметаш дека во една современа левица денес треба да има?

Коља - Новата левица, според мене, треба да биде интегрирачка; да се обиде да ги сплоти во заеднички фронт и непарламентарните движења и непарламентарните политики, како и дел на НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР...
Новата левица треба да кокетира и со моќниците, оти, во моментов, моќта на богатите поединци е толку голема што просто немаме паралели во историјата...
Со еден збор, последниве триесетина години особено засилено на глобален план гледаме дека политиката станува дифузна, дека во голема мера се сели на непарламентарен терен...

Леле Коља колку имаш избегано

Леле Коља колку имаш избегано :(. Абе да беше жена луѓето ќе викаа "остај ја оваа нема добиено вчера".
Што ти се има случено човече, последен пат кога запрев на сајтов (скопје 2014-та), не беше толку огорчен. Сега отворено ги пцуеш луѓето, до кај стигна бе? Зошто?

Види интересно. Латас и

Види интересно. Латас и компанија ве вреѓаат катадневно и ве онадат директно во мозок и ништо.. ваму Коља земал нешто подиректно да се расправи со жгадијата и Уууууууу доаѓаат и се жалат ,плачат ,цимолат. ДА не ти се веруе. Ајде сеа вољно, пуштете си сител и отворете Вечер да се смирите троа па уште ако наиде некоја репортажа за браќа хунѕите од планина па пааа.. одма во блажена состојба .
Всушност, така функционира тој метод.. сите љуљнати од приказните за македоноидите, хунѕи,поила,брознани букефал тестиси и онда одеднаш ќе дојдат овде и Reality check , не им е јасно што се случува, кои се овие лудаци што не се исто така во општиот занес и македоноидна нирвана.

Драг мој Рокс, Латас не онади

Драг мој Рокс, Латас не онади никого во мозок, нема поседува толку софистициран инструмент. Тежината на зборовите треба да соодветсвува со поводот. Ако за препукување со ставовите на Букарски се употреби најтешката артилерија, што остана за убивањето бебиња? НИШТО! МОЛК! Каде е сега твојот љубен Коља да го дигне својот „непристоен“ глас? Ќе го цитира ли сега и Кропоткин дека анархизам значи да молчиш кога убиваат бебиња? Или е до крај доследен на сопствената непристојност? ДЕНЕС Е НЕПРИСТОЈНО ДА СЕ МОЛЧИ!

Еј Рокс, знаеш што, не

Еј Рокс, знаеш што, не постојат македоноиди, постојат кретеноиди, а тоа си ти! Кретен за медаља!

vukajlija.com/kretenoid
urbandictionary.com/define.php?term=Cretenoid
urbandictionary.com/define.php?term=Creten

Редно е да се констатира дека

Редно е да се констатира дека како нација тотално сме забегале. Уште да фатиме да се испотепаме за некои трети што со големи лажици сркаат од медот додека се во него.

Уште кога му ја прочитав

Уште кога му ја прочитав колумната,минатата сабота мислам беше, се згрозив од животинскиот, самодоволен карактер на Букарски, што ако го презентирал од опортунистички нагони да ќари плус пара, заслужува дополнителна критика. Во колумните на Букаро гледам само надменост, форсирање на нераазбирливи фрази, да би се тој докажал како „Надчовек“.

Moj drag Modernistu,koga ke

Moj drag Modernistu,koga ke naucite deka postojat razlicni stavovi i mislenja od vasite.
Ne znaci deka ako nekoj ne se soglasuva so stavot na Gelevski e VMRO-vec ili pak partiska nesrekja ili pak uste pomalku slepa ripka so adresa na prestoj vo partiskoto blato.
Mozebi tvojata adresa e tamu i znaes kako e,pa mozes nesto poveke da ni kazes okolu toa,vo sledniot tvoj komentar. Nejse.

Iako neretko so zadovolstvo gi citam tekstovite na Gelevski,sepak moram da potenciram deka isto taka neretko mi se povrakja od negoviot egocentrizam i blaga frustracija kon stavovite na lugjeto koi razmisluvaat razlicno od nego i od postojanoto nivno etiketiranje. Da...i od negoviot govor na omraza vo blaga forma kon politickite protivnici.

Uste ednas ke potenciram deka postojat lugje so nezavisen i razlicen stav od vas,partiskite pajtashi.

Потпис.

Потпис.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
X-Men [к:19]
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото