Социјалните мрежи влегуваат во фаза на распад

26.12.2022 00:54
Социјалните мрежи влегуваат во фаза на распад

Неодамна наидов на твит во кој пишуваше нешто вакво: „Објавувањето на 'грид' сега изгледа некако морничаво“. Зборуваа за Инстаграм - апликација чиј фазон беше објавување слики во 'грид'. И сфатив дека се во право. Заради некоја причина објавувањето на Инстаграм сега изгледа некако морничаво. Очигледно, ништо од ова не е важно ако не сте самосвесен тинејџер (да се биде кринџ значи да се биде слободен, итн.). Но самиот разговор сугерира дека се случува поширока промена: луѓето веќе не знаат како да ги користат социјалните мрежи. Затоа што тие пропаѓаат.

Идејата дека Инстаграм е мртов се крчка веќе некое време. Младите луѓе сигурно не објавуваат како некогаш, а отворено „естетски привлечна“ мрежа е нешто што припаѓа на средината на 2010-те, кога луѓето поставуваа слики од храна и залез на сонцето. Годинава исто така дојде до масовен егзодус од Твитер по хаотичното преземање од страна на Илон Маск. Се сеќавате кога луѓето во паника ги објавија своите кориснички имиња од Мастодон и набрзина отворија профили на Сабстак? Дури видов дека некои луѓе се враќаа на првата платформа за пишување, Тумблр, кој со раширени раце ги дочека девојчињата и сите кои се чувствуваат така на интернет. Се чини дека луѓето кои се навикнати постојано да бидат онлајн, се борат да сфатат каде понатаму.

Исто како и вашиот Пи Ар менаџер, и вашиот помлад 16 годишен брат ќе ви каже дека луѓето сега и онака користат само ТикТок. Но за луѓето кои не сакаат да објавуваат весели клипови каде зборуваат пред камера, ТикТок никогаш нема да биде удобен или привлечен. Во меѓувреме, БиРиал би можел да биде забавен за гледање во екраните од компјутерите на вашите пријатели и селфија по ковид-депресијата, но има и ограничувања. БиРиал не поддржува разговори. Не можете да го прелистувате БиРиал за да бидете во тек со актуелните настани. Преминувањето „онлајн“ сега вклучува само листање разни апликации додека не сфатите дека на ниедна од нив нема ништо значајно. Значи, што понатаму?

Луѓето дефинитивно тежнеат кон поинакви начини на кои ќе го поминуваат времето на мрежа во однос на времето на социјалните медиуми кои доминираа во 2010-те“, вели Биз Шербет, уредничка за култура во креативната агенција Дигитал Фери и експертка за млади и интернет култура. Таа мисли дека тоа не значи дека луѓето поминуваат повеќе време надвор од мрежата, туку дека поминуваат време на платформи кои повеќе се во склад со нивните интереси: Твич, Дискорд, Ви Ар, што и да е.

Таа објаснува: „Овие потези често покажуваат дека луѓето го поминувале своето време на мрежа пред хомогенизацијата на интернетот од страна на социјалните мрежи: соби за чатување како оние од 2000-те сега се Дискорд серверите, а Блогспотовите и Тумблр сега се Сабстак блогови.

Д-р Зоетања Сујон, виш предавач по комуникации и медиуми, и автор на книгата The Social Media Age, не мисли дека големите платформи (Твитер, Инстаграм, Фејсбук итн.) сè уште се мртви, „иако гледаме многу промени на теренот“.

Наместо тоа, забележува таа, овие платформи вообичаено се користат за различни нешта како што се развиваат. „Кога подобро ќе го погледнете тоа што го гледате е дека луѓето сè уште редовно го користат Фејсбук - но сега за подосадни нешта: закажување, планирање локални настани, фотографии, родендени итн. Со други зборови, сакаат да се 'забавуваат' на други платформи - Фејсбук во 2012/13, Снепчет/Инстаграм во 2018 - но прилично се потпираат на воспоставените платформи за секојдневен живот.“

Во суштина, додека главните платформи можеби веќе не се „кул“, така да се изразам, тоа не значи нужно дека ја губат долговечноста. Можеби мислите дека Фејсбук е мртов зашто луѓето помлади од 25 години помислиле дека е бизарно таму да го објават својот фото албум од нивното ноќно излегување (освен ако не бил на Мета, ироничен начин?), но тоа не го негира фактот дека таму сè уште има луѓе. Треба само да ги погледнете општите избори во САД во 2016 година за да видите што се случува кога ги банализираме моќта и влијанието на овие скриени заедници.

Д-р Марк Вонг, предавач на јавни политики и истражувачки методи од Универзитетот во Глазгов, направи опсежно истражување на социјалните мрежи и дигиталните интеракции. Тој вели дека етичките последици на одредени платформи имале огромно влијание на тоа како ги користиме во 2022 година. На пример, помалку е веројатно дека цел живот ќе емитуваме на платформа во сопственост на Мета.

Тој објаснува: „Со неодамнешната промена на довербата на луѓето во социјалните мрежи и оној што е на врвот на командувањето, овие платформи веќе не можат да се кријат зад илузијата дека социјалните мрежи се неутрални или објективни. Со други зборови: точно видовме што може да се случи кога премногу веруваме во неверодостојни извори.

Многу луѓе теоретизираат дека иднината би можела да биде повеќе офлајн. Иако тоа е малку веројатно. Шерберт мисли дека нашите животи на мрежа едноставно ќе изгледаат поинаку. „Иднината на социјалните мрежи е побогата и поинтимна - ќе наликува на нивните рани денови, кога инфлуенсерите со бројни следбеници пред сè беа истакнати според нешто, а дури потоа стануваа 'инфлуенсери', на пример, модни уредници кои стануваа први влијателни модни инфлуенсери на Инстаграм“, вели таа.

Се радувам на тоа. Но исто така би сакал и некое место каде ќе можам да ги поставам и своите мали слики. Фликр?

Превод: Алек Кузмановски

Карикатури: Ahmad Rahma

Извор: https://www.vice.com/

ОкоБоли главаВицФото