1015 hPa
94 %
11 °C
Скопје - Саб, 08.11.2025 01:59
Ен Купер, аниматорката со седиште во Лондон, е авторка на новото музичко видео за композицијата “Јас само спијам” (I am only sleeping) на Битлси. Краткиот анимиран филм ја доловува состојбата карактеристична за преминот од будност во сон, претставена со 1300 кадри – 1300 слики во техника масло на платно, рачно насликани од страна на Купер, споени на целулоид.
Композицијата, првично издадена во 1966 година, сега е дел од новоиздадениот албум со композиции на Битлси, насловен “Револвер: Специјално издание” (Revolver: Special Edition).


.gif)
Извор: Colossal