Thanatopsis (или: Dear life I’m holding on)

28.12.2022 15:23
Thanatopsis (или: Dear life I’m holding on)

 

  Thou go not, like the quarry-slave at night,
Scourged to his dungeon, but, sustained and soothed
By an unfaltering trust, approach thy grave,
Like one who wraps the drapery of his couch
About him, and lies down to pleasant dreams.
 

Нема да си заминеш ноќе како некој роб накај каменолом,
Камшикуван до неговата зандана, туку, поткрепен и утешен
Од непоколеблива верба, ќе му пријдеш на гробот свој,
Како кога се завиваш со прекривките на легалото си
Околу себе и се легнуваш за да потонеш во сладок сон.

Вилјам Кален Брајант

 

Си седам така и јас на легалото си од задниве неколку дена, кое воедно е и каучот (брајантовски) новодонесен од покојни дедо Ристо во мојата дневна соба отко за викендов прошли им го препуштив поудобното легало од креветски тип на гостите, братучеда ми и маж ѝ, во спалната од која се отвора врата кон дневната што се грее. Па и јас обвиена во мека прекривка врз чаршафот послан преку тазе испраната јамболија уште нераздигнат од спање, седам загледана во констебловското (ама изгрејсончесто) небо зад Ратески Рид, врз кое можда стварно се гледа и небесната рефлексија од Белото море сосе тенките водорамни развлечени бело-розевки стратокумулуси, ко и у сите Констеблови, а и стварни, енглески островски неба, коа не е облачно.

Уживам во чистата слика низ чистите окна од балконската врата (братучеда ми ги изми не можејќи да ги гледа мувосерците и остатоците од жутиот лепак од лентата за муви; џамовите не ми се измиени од пред Ковидот, демек за да не ми влагаат непознати по дома, а у ствари не можам да најдам жена шо ќе мие џамои и врати цели два дена, пошо многу ги има, а мене не ме бива, и кoја ќе го трпи Бен да ја душуцка отпозади цело време). А и атмосферата е песто класи попроѕирна од метрополската, иако и ние спаднавме од quality of air excellent, на quality of air fair, па си дозвољаваме (завидливо?) да ги оговараме оние што имаат домашни парна и горат и ќумур и по некои други срањца зашо иначе би морале да запослат некој деде од фамилија ко „каменоломски роб“, односно намучен огноложец, нон-стоп да фрља дрва у оѓине, за кои ние и даље сакаме да веруеме дека помалце загадуат.



Па така, подгледнуам у гората, па у машинава по која куцкам за да ушприцам и ја доза романтичарска ведрина и у мојот танатопсис (медитации за смртта) што често ме остава без сон, потпомогната од новоутринското разоткривање на рамнодушната природна лепота на подгорието на Пирин, и од некоја причина непопречена од белиот извив/издув чурава од оџакот на градинката што ги збринуе и им праи манџи на оние најневините на кои ни концептот на смрт веројатно уше не им е познат, а тука одма се и оние шо животот баш не ги галел со перце, па сигурно прошле низ некаква верзија на контемплирање на смртта, осим ако не станале танатофоби уплавосани од можната средба, та грчевито се грабаат за животецот им и манџичката со пола леб шо им ја уделуат на пладнина низ задната врата од градинка.

Брајант го рачунаат за основоположник (каков рогобатен збор кој сепак ни има легнато) на америчката поезија и својава најславна песма ја склепал наводно на семданајс‘ години, а не ме чуди. Баш се сеќавам како на такви некои кревки години често и самата му наоѓав најразновидни мани и недостаци на земскиот живот и арогантно контемплирав узвишени танатопсиси, еднаш дури пробав и да отперјам у вечност по узвисините на гората (шо баш сега ја гледам), после непроспана ноќ проведена у околоновогодишњи клабинг по југославското Скопје и набиена со решеност контра „уморот од живота и велтшмерцот“ да се изгубам у блештавата осунчана белина на натрупаниот снег (кој сега го нема). Ама коа излегов од гората на ливадите горе и ги слушнав лавежите на шарпланинците од бачилата (и нив сега све помалку ги има или уопште ги нема) малку ме штрецна помислата на претераниот изблик на адреналин што би го предизвикала средбата, па си се вратив ко попче надоле, преспав у една „колиба“, покриена со куп прашињави „чилимје“ и после поручекта, или приквечер, па ко попче, си фатив бус назад за Скопје (и тоа сеа го има све помалку или уопште го нема).



После си наоѓаш разноразни занимации у сите оние децении измеѓу, шо се нарекуваат живот, супер ако убодеш вокација, ако не, нешо малце кариерица, нешо фамилија, нешо деца, нешо судови перење и пеглање веш и бришење прашина, дур‘ па не доеш у ситуација да имаш малце поише простор да си тепаш време со танатопсис, пошо де факто укапируеш дека си ја изгубил битката со ентропијата, оти нели животот е намалуење на свеприсутната ентропија преку примопредаја на топлина и енергија, а оттука ваљда следуе и имањето воља и жеља да ствараш свој локален ред кој, моооожда некад, некако симбиотично, би се размножил у свеопшт склад и ред. Ама ја не сум деист ко Брајант.

Иако преземав некои кораци, ја средив огромната улепена и ушљакана застаклена полица со зачини у стариот креденец на баба у кујна, исчистив рерна, фрлив цел куп стар намештај, унесов и очистив малце помалце стар намештај, коначно ги усмукав неброените мртви муви и бубамари у „ѕадната спална“, која неделава треба да ја претворам од магацин у користлив простор пошо па ќе имам гости новогодишниов викенд.

Дури се организирав да идам и на предновогодишен шопинг за лапачки у Делчево кајшо Кам и Стокомак се поголеми и боље снабдени од скопските зашо опслужуат и Бугари кои идат наваму да купујат поевтино, а и за зуби праење, исто ко и нашите гастарбајтери. И ја опраив два зуба кај Владо, едната шеска макотрпно (уше еден рогобатен збор што баш фино ни легнал) ми ја реизгради од корен, и вчера ко бев да му платам и ко ја ѕирна, сам си пофали, „мале, Марико, кат нов заб да ти е пораснал!“ После отиде да слави со пастрмајлии и фанта со денталните колеги.



Сеа, да не претеруам, делчевската шопинг тура не ја поттикнав и организирав ја, него Н., која чува 4 мачки и 3 пцета од кои едното е тибетански мастиф, па често мора да презема логистички операции за да уштеди на нивната прехрана. Ал‘ док седевме петмина удобно настискани у џипо на Мајсторо, возејќи се низ буколичкиот пејсаж на Малеш/Пијанец, на залез, а на места низ горенината од прошлогодишниот епски пожар, Н. made my day, or week, or month, со причата за исчезнувањето на баба ѝ Н., по која е и крстена (причата за исчезнувањето на комши Љиљана не ми се раскажуе, предепре е, сепак е Нова Година).

На причата ја наведе едно бело црвче што ѝ гмизаше по фармерки, и она се чудеше од кај ѝ е, док Мајсторо ја заебаваше дека можда ги произведуе и дека можда нема да мора да иде (и он у Делчево) по бели црви следен пут ко ќе сака да иде на пецање на Браната (езерото).

И тогаш Н, со уводот „шала на страна“, ипак со солидна доза црн хумор, ни ја раскажа причата за баба ѝ имењачка. Се дешава во августовски четврток 2005 коа бабе више било октогенар и по малце дементно, иако цел живот било троа наџак, своеглаво и пис на јазик.



Н. била у Скопјето, мајка им на работа, а со баба била помалата ѝ сестра. И баба Н., нешо ко ја, решила да ѝ кидне на внуката и да фати џадето у oblivion, нагоре по едната од горите што го опкружуваат Беровце, судејќи според тоа кај живеат, веројатно по Црвен Брег. И на голема констернираност на младата ѝ внукица и рестото од фамилија, не се враќа ни вечерта, ни наредното сабајле, па тргнале да фаќаат врски у жандармерија да се почне потрага без да се чекаат 24 саати. Испаѓа полицијава ко по обичај бесполезна (уште една сложенка од збор, ама оваа така финко архаична и нерогобатна) пошо на крај бабе си го пронаоѓаат двете внуки у субота сабајле претурена газпрекуглава со главата прудолу, ама свртена кон небесата (ваљда за да има довољно инспирација за танатопсис у тие неколку диурнално-ноктурнални летни измени) у еден од оние долови обраснати со трње, провербијално нарекувани змијарници, и се истеруваат од памет кога конечно ќе доат мушкиње да ја извлечат од таму и гледаат како насекаде по неа лазат исти такви црви ко на фармерките на Н. и дека чак и од под очичките склопени ѝ излагаат.

A и баш ѝ се изнагледале доволно дур да дое судска полиција за да утврди смрт. Коначно стигнале, фрлиле поглед, ја прогласиле мртва. Па после роднините тргнале да си ја прибираат. Ама уше на лицето место чичо Драѓи предложил да ја подизмијат да не ја носат дома црвосана. Имало у близина чешмиче, наточиле вода у шише и чичо Драѓи почнал да ја плиска прво по лицето, кукајќи си онака ко малешевска нарикача со плачење ко потпевнуење, ко шо праеше баба ми на гробот на дедо. И шок, хорор и топаловиќевски црнохуморен моменат: се провикнуе црвосана баба Н. и го скаруе Драѓи: „Не ме плиске сос таа студена вода, лебати, Драѓи, и шо си се разлигавил тука!“

И после па морале да ја чекаат „бесполезната“ судска полиција уше некое време (ваљда у меѓувреме да успеат да си ги приберат вилиците паднати на патос) да ја одпрогласи за мртва, пред да си ја однесат и да им се јават на сите дека баба Н. сепак не умрела. Ама попот го забораиле, па ко дошол да ги теши, фино-лепо му објасниле дека, за жал, нема да се опари на рачун на баба Н. баш тој ден, него дека то ќе се деси ваљда малце покасно (пошо изгледа не била само баба Н. пис на јазик и заебант него и потомството).

И така баба Н., изедена од црви и со гангрени морале да ја пратат у Сју Рајдер кајшо протерала уше цели 4-5 години. Се начекал попот! Сепак мил тој животецот!



Признаам, бев во искушение, ко некоја натпреварувачка за мис, да посакам за наредната година нешо у смисла, омразената MRNA технологија на ковидашката вакцина со имунолошки одговор да помогне некако, ете, во наоѓањето лек за рак, на пример, или да се тргне убрзано кон претворањето на процесот на фузија у остварлив извор на енергија. Јбг, покушавам да убодам нешто благонадежно (уше една рогобатна кованица шо ни се омилела) меѓу не многу добрите изгледи за наредната година, синоќа се заебав да глеам кусо интервју со заменикот уредник на Д Економист за некоја утринска програма, кајшо со нервозен осмех им го утепа пост-божиќното и предновогодишно расположење на водителите со све некои мрачњикави предвиѓања за среќната ни нова ентропична: рецесија (најлоша у Европа), дрн-дрн, war of attrition, бла-бла, па чак и тоа шо и Кина се откажа од zero-Covid му се глеаше ко по малце злокобна могуќност, трт-прт.

На крај сепак имам само ова да кажам: Dear life, I’m holding on! и да му се вратам на Бек ко музичка илустрација и да ви се извинам за потпросечниот препев на Брајант, не сум поет.

 

Музичка илустрација: Beck, Dear Life

Слики: John Bauer (1882-1918)

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото