МКЦ во полн сјај на прославата на својот 50-ти роденден (галерија)

30.12.2022 09:50
МКЦ во полн сјај на прославата на својот 50-ти роденден (галерија)

Во средата, 28 декември, Малдинскиот културен центар во Скопје одбележа 50 години од своето постоење. Настанот кој беше посетен од илјадници души, претежно млади, но и возрасни, кои дојдоа да му одадат почит на центарот . МКЦ во 1972 година беше основан како Дом на млади „25 Мај“, а на почетокот на независноста преименуван во Младински културен центар.

МКЦ со децении влијаеше врз изградбата на новата младост, во креирањето на алтернативните содржини, во поддршката на авангардата, во поттикнувањето на инакумислечкото, во храбрењето на рокенролот, во отворањето на старите и новите филмски хоризонти, во моделирањето на младиот човек според неговите сопствени визии.

Домот на млади „25 Мај“, потоа наречен МКЦ, им помогна на младите и времето на големиот со ништо незатруен оптимизам од крајот на 1970-те и почетокот на 1980-те и во времето на периодот на чудната депресија во 1990-те и при повторното раѓање во следната деценија. „25 Мај“/МКЦ ненаметливо беше секогаш тука да ги разбере „врисоците“ на незадоволните, да ги утеши разочараните, да ги награди егзалтираните, да ги поддржи успешните.

Затоа во средата навечер човек не можеше да се размине пред зградата, во холот кој е некаков пантеон на македонската алтернатива, на скалите кои секогаш воделе кон нешто чудесно, или во Дансинг салата каде ечеа децибелите на бендовите.

Дел од атмосферата преку своите фотографии ја забележа Борис Грданоски, фоторепортерот на „Независен“.


Извор: Независен

ОкоБоли главаВицФото