Чудесниот свет на Вивиен Вествуд (низ слики)

30.12.2022 12:30
Чудесниот свет на Вивиен Вествуд (низ слики)

Британската модна дизајнерка, дамата Вивиен Вествуд почина на 81-година. Во соопштението објавено на Твитер, беше соопштено од страна на нејзината модна куќа дека таа починала „мирно, опкружена со своето семејство во Клафам, Јужен Лондон”.

Вествуд се прочу со нејзините контроверзни панк и њу вејв стилови во 1970-тите и стана една од најзначајните современи дизајнери во светот. Taа важеше за провокативна доајенка на британската мода која ги спои “анти-естаблишментот на панкот со раскошот на високата мода”.

Родена во работничко семејство, Вествуд заврши школа за наставничка во основно училиште, а потоа се омажи за Дерек Вествуд и една година подоцна го роди нивниот син.

Потоа, случајната средба промени сè. Брат ѝ Гордон, донел деветнаесетгодишен колега студент по уметност во нејзиниот стан во Хароу. Имаше црвена коса и лице побелено со талк во прав. Неговото име беше Малколм Мекларен: самопрогласен гениј и кум на панкот.

Вивиен Вествуд се прослави во 1970-тите откако отвори продавница во Лондон со тогашниот партнер Малколм Мекларен, продавајќи необични облеки што го дефинираа панк стилот. Продавницата беше омилено место на членовите на бендот “Sex Pistols,” a Мекларен работи и како продуцент на бендот.


„Немаше панк пред мене и Малколм“, изјави Вествуд подоцна во нејзината автобиографија. „И друго нешто што треба да знаете за панкот: тоа беше тотална експлозија!“


Тргнувајќи од нејзините панк корени, Вествуд ги прошири своите хоризонти за да се етаблира како водечка независна дизајнерка во 1980-тите.


Таа остана доследна на својата неортодоксна линија кога се пресели во светот на модните писти и конфекциски колекции, а тоа ја направи една од најкарактеристичните и најоригиналните дизајнер(к)и во светот на модата.


Вествуд изгради мини империја, отворајќи свои бутици, како и произведувајќи невестинска облека, чевли, трикотажа, вратоврски, козметика и парфеми.


Од носењето на маичките на Sex Pistols со натписот God Save the Queen во нејзините помлади денови, подоцна таа се запозна со кралицата и беше почестена со Орден на Британската империја во 1992 година и титула “Дама” во 2006 година.


Дизајнерката ги лансираше своите колекции на настани како Париската модна недела, сликана во 2005 година.


Таа беше една од најпрепознатливите фигури во британската мода, често видена со бланширана или портокалова коса.


Вествуд стана легендарна фигура во индустријата. Таа е сликана овде со моделите Кејт Мос и Алис Делал во 2015 година.


Покрај нејзината работа како дизајнер, Вествуд стана гласна околу голем број општествени и политички каузи, вклучувајќи ја и кампања за поддршка на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.


Животната средина беше уште една од каузите за кои страсно се залагаше, и таа е снимена овде како протестира против појавата позната под името “фракингот” (хидраулично дробење) во 2018 година.


Нејзиниот сопруг и креативен партнер Андреас Кронталер изјави: „Ќе продолжам со Вивиен во моето срце. Работевме до самиот крај и таа ми остави многу работи кои треба да ги продолжам”.

ОкоБоли главаВицФото