Птичји мелодрами

30.12.2022 12:35
Птичји мелодрами

 

Врабица одбранила врабец од кукавица!


Кукавица нападнала лавица!


Кулминација во теве сапуница:
врз венчаница закачиле пауница!


Страчка украла прстени од венчавка!


Грлица украла огрлица за препелица!


Сврака растурила две брачни гнезда, два птичји брака!

 

 

Грлица голтнала петлица!


Трогон проголтал жетон!


Трогон украл медалјон!


Лисесто циганче украло ланче од нубиско страче!


Ѕверка треперка од жица украла тренерка!


Сива бекасина пред врата украла сина мокасина!

 

 

Гуска гушкала ветрушка!


Рибарче спасило муварче паднато во бунарче!


Кугуар одбранил колибри од бумбар!


Страче во страк трева нашло раче сираче!


Кралче во контејнер, во шалче, нашло маче!


Жолтоглаво кралче и лисесто циганче заедно живеат во поштенско сандаче!

 

 

Убавка чавка павка пред лошка потполошка!


Колибри учи треперка да павта!


Галка фрлила запалка врз овчар што свирел на шупелка!


Жолтарче запалило шума со жарче од парче стакло!


Жолтонос албатрос полетал во космос!


Кокошка султанка родила ќерка бисерка!

 

Слики: Anja Wülfing

ОкоБоли главаВицФото