Сите признаа: Сите сме СДСМ!

01.02.2011 12:36
Сите признаа: Сите сме СДСМ!

Скопје, Македонија - Бичиклиски и ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваа, но ние не им верувавме. Сега ќе треба сите да зажалиме, бидејќи тоа што го повторуваа сиве овие месеци се покажа како вистина. На најголемата досега одржана прес-конференција, цела Македонија призна дека е организирана од СДСМ и дека целото нејзино живеење и дејствување е директно раководено од Бранко Црвенковски.

- Ние, граѓаните кои живееме во оваа држава, при целосна морална и кривична одговорност признаваме дека целово ова време живеевме, работевме, размислувавме и дејствувавме така како што ни наложуваше Бранко Црвенковски и неговиот СДСМ - во еден глас зборуваа над два милиони граѓани.

Интересното за оваа прес-конференција е тоа што за разлика од сите останати каде што има говорници од едната страна, и новинари, сниматели и фоторепортери од другата, денес сите беа од истата страна, односно од страната на говорниците. Камерите и фотоапаратите беа оставени сами да ја снимаат и да ја фотографираат прес-конференцијата, а дури и новинарските екипи беа застанати на страната на повеќе од двамилионскиот народ.

- Ова е првпат како се случува вакво нешто. Додуша и еднаш претходно ги имаме спуштено камерите, но тоа беше на прес-конференција на премиерот и владата, и беше во знак на револт а, се разбира, тогаш не заминавме на нивната страна. Ова сега беше нешто невидено досега, но, се разбира, и ние сме дел од тие што се раководени од Бранко и од СДСМ, па мораше да го направиме тоа - вели Петар Мицковски, снимател во една од македонските телевизии, кој призна дека досега снимал така како што му кажувал Бранко и секогаш морал да прави лоши кадри од премиерот, министрите и од функционерите на владејачката партија.

Кон признанието се придружија и неговите останати колеги сниматели и фоторепортери, а еден низ солзи откри дека морал да избрише и фотографија што ја направил, на која премиерот изгледал најфантастично досега. Многу за кажување и признавање имаа и новинарите, бидејќи тие беа главните поттикнувачи на лудилото на СДСМ, кое ја беше зафатило Македонија.

- Ова што ни се случуваше беше лудо, но самите сме си криви. Му дозволивме на Бранко да ни доаѓа секое утро во редакциите, да ни ги пишува новинарските текстови и да ги прави прилозите. Нам ни остануваше само да ги читаме прилозите и да излегуваме пред камера. Моравме да кажуваме измислени приказни за луѓе кои демек немаат леб да јадат или божемски умираат. Си дозволувавме и да ги доведуваме во прашање одлуките на нашата од Бога дадена влада и да размислуваме дали тие се во склад со потребите на граѓаните и во функција на демократијата. Тој пусти Бранко нè натера и да лажеме дека во државава има некакви проблеми, а сите што се денес овде се свесни дека сè си е најсупер и најпрекрасно - изјави Светлана Ангелковска, ТВ-новинар.

Земјоделците, социјалците, сиромашните, болните и уште многу други групи граѓани кои претходно излегуваа на протести или се жалеа по телевизии, на прес-конференцијата зборуваа во еден глас.

- Жалиме за сите искажани лаги и наводни проблеми. Нормално дека немаме никакви проблеми и сè ни е волшебно и магично, но моравме така дрско и безобразно да лажеме, бидејќи Бранко така нè натера. А што можевме да направиме и што смеевме да му кажеме? Зарем имавме опција да ги одбиеме неговите наредби?! - прашуваа тие.

Но сепак, можеби најинтересното на прес-конференцијата беше тоа што на неа беа присутни и премиерот, претседателот, сите министри и пратеници, функционери... Најголемото изненадување беше појавувањето на премиерот и неговото признавање дека и неговото дејствување било во служба на СДСМ, што е своевиден апсурд, бидејќи освен што е на власт, токму тој беше еден од најгласните кои го критикуваа Бранко Црвенковски и СДСМ, а сега испаѓа дека и тој бил дел од Бранковите платеници и дека всушност Бранко преку него владее со оваа држава.

Сепак, сè уште останува нејасно кој воопшто гласал за ВМРО-ДПМНЕ и како тие дошле на власт ако сите жители на Македонија, вклучувајќи го и премиерот, признаа дека биле во служба на Бранко Црвенковски и СДСМ.

„Шпиц“, 29.01.11.

слика: Свирачиња

sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-

sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/hs065.snc6/167552_150129225042162_100001352571687_247268_3729949_n.jpg

Од струмичките вмровци ајвар ќе праиме :)

Следните колумнисти на

Следните колумнисти на високоинтелектуалниот портал Окно: Телетабис.

Јофе, секоја чест! Ова ти е

Јофе, секоја чест! Ова ти е еден од најуспешните Лажни рапорти! Треба да бидеш похрабар, да се зафаќаш со пожестоки теми - доказ за тоа е и текстов на ниво на најдобрите текстови од Онион или Њуз нет.
Честитки и само напред!
(А јадниве штакори од Фамилијава што со, пар запирки и користејќи правопис, не можат писмено да пренесат ни виц што им го раскажал духовиот Илија Димовски - батали ги.)

Леле, Јофе, зарем те

Леле, Јофе, зарем те чита/гледа некој, побогу?! :/

Сакам колумна од Душко

Сакам колумна од Душко мелкарот.Кога може кој ќе стигне ги да анализира состојбите, зошто не и тој.

Ма ни Џеврие не ги спасува

Ма ни Џеврие не ги спасува

Окно се’ повеќе и повеќе тони

Окно се’ повеќе и повеќе тони во својата плитка малодушност. Фала ви ептен за повремени преводи на одлични статии од странски извори, ама форсирањето на секакви гнидички кои што си замислуваат дека се во можност на хипер-интелектуален начин да коментираат за актуелните состојби на напатената ни татковина е преседан од клозетски ранг. Фуј то бре!

Плитка малодушност, Окно?!

Плитка малодушност, Окно?! Што трабуњаш, бе, идиоте, Бегемот?! Самиот си неспособен да составиш еден полуинтелигентен пасус, а го критикуваш „клозетскиот ранг“ на Јофе?! Како, не копчам?! Јофе за тебе е Карлос Фуентас, будало! Карлос Фуентас ем Онион! Од жабја перспектива посегаш по ѕвездите, Бегемот, кретену! Ако, машко, ако, и тоа е начин, каков-таков, да бидеш во близина на ѕвездените лушпички и ѕвездениот сјај.
Јофе, мајсторе, само пичи напред! Остај ова јаднава беда што пцуе по прашина...

Плитка малодушност, Окно?!

Плитка малодушност, Окно?! Што трабуњаш, бе, идиоте,Карлос Фуентас Онион?! Самиот си неспособен да составиш еден полуинтелигентен пасус, а го критикуваш „клозетскиот ранг“ на Бегемот?! Како, не копчам?! Јофе за тебе е Бегемот, будало! Бегемот ем Онион! Од жабја перспектива посегаш по ѕвездите, Карлос Фуентас Онион, кретену! Ако, машко, ако, и тоа е начин, каков-таков, да бидеш во близина на ѕвездените лушпички и ѕвездениот сјај.
Грујо, мајсторе, само пичи напред! Остај ова јаднава беда што пцуе по прашина..

Dobro vozis, Jofe.

Dobro vozis, Jofe.

Gledajte ja Vesna Bejbi.

Gledajte ja Vesna Bejbi. Mavneto go ovoj ocaen decko.

Patem sumljivo vo sevo ova mi

Patem sumljivo vo sevo ova mi e od koga navaaki A1 i nivnite novinarcinja imaat ekskluzivno pravo da se identifikuvaat so celiot narod?

Пуста желба... =|

Пуста желба... =|

Која беда, кое дно! Јофе на

Која беда, кое дно! Јофе на Окно?! Крај на програмата!

Како се станува Новинар во

Како се станува Новинар во А1? Прво и најосновно е да имаш препорака од некој општински комитет на СДСМ дека си цицано комуњарче, потоа да е поминеш Геровата школа за новинарство чиј мотив е дека секој може да биде новинар кодош. Поточно дека од секое дрвце бидува шупелка. И трето да помине 2 годишен бесплатен стаж во Време, Шпиц или таа Коха и потоа да дојдеш во А1 за да пишуваш под уредничка цензура и да кодошиш дека е лошо се што не е комуњарско, а тоа да ти биде награда прво вработување после долгогодишно кодошење.

Овој сељаков што демек не е

Овој сељаков што демек не е А1 може на Јофе вода да му носи. А што се однесува до „Геровата школа“, фактите се неумоливи - јас умеам да препознаам таленти и ги користам сите можности да ги промовирам луѓето со дарба и со способност да мислат со сопствената глава. Јофе е еден од нив. И тој и неколкумина млади новинари во овој момент растат во вонредни околности, што секако е нивна голема предност. Вистинските мајстори на нашата професија ќе созреат во услови на битка за слобода и демократија, а не во пуварникот на медиумите кои живеат на државни јасли или платени од своите корумпирани газди да молчат или да гледаат сеир.

Иди пишувај си острилка

Иди пишувај си острилка

Јофе ти си шупак невиден,

Јофе ти си шупак невиден, жими се... :)))
пс: нека ти е честит празникот.

Ма, декаденција и изродба,

Ма, декаденција и изродба, човече! Дебилизам, постмодерна, изродбеници човече, човече!

ОкоБоли главаВицФото