Културолошки геноцид

01.02.2011 12:53
Културолошки геноцид

Мојата визија е апокалиптична. Но, кога покрај неа, настрана анксиозноста од која се раѓа, не би постоел и некаков оптимизам, односно, мислата дека е возможно да се бориме против сево ова, тогаш, едноставно, јас не би бил тука, меѓу вас, да ви зборувам.

Пјер Паоло Пазолини

Живееме паралелна држава, како што живееме паралелна свест. Во оваа земја власта е таа која протестира против опозицијата. Задоволните земјоделци протестираат против незадоволните, судиите ги обвинуваат адвокатите за списоци за отстрел. Во оваа земја, никој освен задоволните нема право да протестира. Да се потсетиме, задоволните поради градењето црква на плоштадот ги тепаа незадоволните од таквиот проект. Во оваа земја, задоволните се изживуваат врз незадоволните. Ене, излегоа универзитетските професори, собраа храброст по години тетеравење, за што? За власта да им организира контрамитинг на студентите. Ова е луда земја. Еве уште еден пример: лекарите најавуваат протести и неколку минути потоа се појавува некакво фантомско здружение на граѓани кое најавува протест против истите лекари. Или, пак, власта која има речиси целосна контрола над локалната самоуправа, испраќа луѓе да протестираат пред трите општини на опозицијата, под обвинување дека партиски вработувале. А што се случува со јавната администрација или во 99 проценти од локалната самоуправа кои се под контрола на власта? После зборуваме за демократија и како ја губиме демократијата. Тоа е точно, но демократијата одамна знаеме дека е само фасада со оваа власт. Мислам дека добивме и паралелна демократија, каде едно владејачко малцинство од задоволни, постојано се претставува како мнозинство и кои заедно со својата упорност и кретенизам го тероризираат вистинското мнозинство на граѓани. Затоа, повеќе од само демократија, тоа што ние навистина го губиме и што всушност е предуслов и за едно демократско општество е здравиот разум, враќањето на бонсенсот.

Но, кога веќе ја споменав демократијата, сакам уште нешто да додадам. Нашите преродбеници, обременети со нивниот недржавнички дух, со нивната никогаш ненадмината страст да бидат гласот на народот, да се однесуваат како толпа или како движење, имаат изместено сфаќање за демократијата. Тие не разбираат дека либералната демократија не е идеологија, туку е теорија која функционира во праксата. Затоа за нив, ниеден демократски процес, ниедна правна пракса не може да добие институционална рамка, туку мора пред сè да се излева на улица. Всушност, тие и од самите институции направија улица, ги испразнија од нивната функционалност и ги наполнија со партиски определени или зависни апаратчици. Како и за многу други работи, преродбениците се анахрони, за нив демократијата е утопија или, во најдобар случај, тоа е теорија без пракса која мора постојано да потфрлува во своето остварување. Тоа зборува и за нивната деструктивност.

Затоа тие ја одржуваат демократијата на ниво на верба, како некој вид фосилизирана мисла, догма на која само тие смеат да се повикуваат. Еве пример, повторно ја актуализираат лустрацијата, откако самите се виновни што целиот процес заврши на улица или по дворови. Но, за нив не е важна фактичката состојба, важно е да се држи тензијата дека некој во општеството, некој друг, во некое друго време, па дури и сега, не ја дозволува демократијата. Не разбираат дека теоријата на демократија е едно нешто, а демократската идеологија нешто друго. Првото ја создава функционалната демократија, второто ја руши.

Затоа, тврдам дека денес наша најголема цел е без каква било идеолошка диоптрија, да ја спознаеме или да ја вратиме фактичката состојба, да се водиме од реалноста и од силата на фактите. Реалноста е дека сме жртви на една општа банализација на состојбите.

Живееме организирана и диригирана лага, каде власта заедно со група на интелектуални соучесници и партиски војници и’ оневозможуваат на јавноста да ја запознае вистината, да ја разбере и да реагира. Страшното е што кога тој процес е предводен токму од власта, тој не само што ја исмејува државата, туку и ја парализира политиката. Политиката наместо да решава проблеми, станува креатор на проблеми за да се одбрани и да се одржи, и тогаш, покрај мнозинството граѓани, жртва е токму демократијата. Тоа е, пред сè, големата трансформација за која денес стануваме свесни.

За трансформациите на кои е подложено македонското општество сум пишувал во повеќе случаи и од повеќе аспекти. Овој пат сакам да се повикам на терминот употребен од Маркс и од Пазолини, односно, за културолошкиот геноцид. Маркс прв го забележува феноменот каде широките народни маси културолошки се асимилираат од страна на една помала класа, конкретно буржоазијата. Пазолини, пак, културолошкиот геноцид го анализира, пред сè, од аспект на критика кон модернизмот, конзумизмот, меѓукласниот хедонизам.

За мене лично, културолошкиот геноцид во Македонија е политичка креација која сака да ги смени основните вредности и квалитети на Македонецот, односно неговиот севкупен идентитет. И таа трансформација треба егзистенцијално да нè загрижува. Проблемот не е само што сака да се влијае на граѓанинот економски или идеолошки, материјално или духовно. Туку за тој да го промени својот вредносен систем, тој мора да го промени и своето резонирање, како што нагласив, да го изгуби својот бонсенс или здравиот разум. Тоа, пред сè, се случува преку аболиција на различното, во осудување на сè што било или пак е различно од матрицата на владејачката партија. Но, тоа не е сè.

Процесот се ефектуира преку контролата на медиумите, институциите, преку културата, преку партиските вработувања, преку желбата да се контролираат сите аспекти на општествено живеење. Тука најголемата контрадикција на преродбениците е што во нивниот процес на елиминирање или селективно пристапување кон историјата и кон вредностите, во процесот на монополизирање на економијата, културата, образованието, финансиите, тие всушност наликуваат на тоа што сакаат да го елиминираат. Ако тие се борат против поранешниот систем, кој наметнувал, диригирал или контролирал, сега тие самите го прават истото. Нивниот монолитизам не им дозволува да ја разберат вредноста на плурализмот, сфатен како вистина која произлегува од контрастите во општеството. Затоа и тврдам дека ќе ја поднесам и донекаде ќе се помирам со секоја материјална мака и ограниченост, но не можам да се помирам со менталната наркотизација на општеството и следствено, неговата вредносна трансформација. Токму на тоа се сведува преродбата, на една внатрешна анксиозност и конфликт кај мнозинството, помеѓу грандиозните идеи и идентификации од далечното минато и реалноста која материјално и духовно е се помизерна. Притоа се губат здравите вредности од минатото, здравиот однос кон себе и останатите и на нивно место доаѓаат примерите на портокаловата олигархија, дебелите вратови, големите бизниси, локалните шерифи, едноумието, автоцензурата, слепата послушност, нешто што во суштина е длабоко нацистичко. Германците од тоа време имаат соодветен термин кој мислам би им одговарал на оние задоволните во општеството (vorauseilender Gehorsam): послушност која брза да се оствари уште пред да стигне наредбата.

Најголемиот британски експерт за уставни прашања во 19 век, Волтер Бејџхот, тврдел дека британскиот политички систем се базира на „свесна ступидност“ кај неговите сограѓани. Но, таквата ступидност го има квалитетот на практична интелигенција. Ако знаеш дека нешто не знаеш, ако знаеш дека нешто не разбираш, тогаш интелигетност е да си свесен за тоа незнаење.

Напротив, ние сè повеќе сме сведоци на едно “вооружено незнаење“, на една ароганција на оние кои не знаат, но се задоволни, нешто што во пракса може да го толкуваме како совршена неинтелигенција или практичен кретенизам. Затоа, сите оние кои денес го губат здравиот разум, се претвораат во кретени или уште повеќе, во практични кретени. И не држи повеќе старата поговорка, пушти ја будалата! Не! Губењето на здравиот разум или бонсенсот, не налага само дека во оваа земја ќе доминираат сè повеќе и повеќе кретени, туку и дека пред сè ќе доминира основната карактеристика на нивното однесување. А тоа е дека тие луѓе не си прават лошо само на себе, туку им прават лошо и на сите останати.

Знаете, деновиве сме сведоци како експлодираат корумпираните и недемократски општества од Тунис, па сè до Тирана. И додека луѓето таму се борат за својот живот и за своите права, ние седиме и на телевизија гледаме како власта во Македонија протестира против опозицијата.

Илустрации: Саша Босјак

„Утрински весник“, 31.01.11.

Мирно, партиско војниче

Мирно, партиско војниче Ивору!

Оби Ван, јадно изродбеничко

Оби Ван, јадно изродбеничко будалче, кога ќе успееш да склопиш макар еден параграф (цел текст е многу, да не се искилавиш) на нивото на Ивор Мицковски, богами ќе треба да бараш унапредување: јал портпарол, јал министер! Така што, учи, синко, работи, машко, да не останеш само кутар безимен партиски штакор од подрумот. И, за тоа време, се разбира, доаѓај овде, на Окно, да учиш како се пишува (&како се мисли - ја запампти лекцијата од вчера?:)

Не, Коља, ти го прекина

Не, Коља, ти го прекина дијалогот пред два-три дена. Тоа ти беа можеби единствени два аргументирани коментари, или барем колку-толку нормални, а потоа пак се врати на пљукање.

Штом толку делиш совети, еве ти некои и од мене: Чувај си ги апчињата подобро. Штом толку ги забораваш, носи си ги со себе. Врзи си сиџимче на зглобот или на прстот. Закачи голем лист хартија до мониторот. Ако некое лекарство не помага, можеш да го промениш. Препорака (од првата генерација антипсихотици:

Chlorpromazine (Thorazine®)
Fluphenazine (Prolixin®)
Haloperidol (Haldol®)
Loxapine (Loxitane®)
Molindone (Moban®)
Perphenazine (Trilafon®)
Pimozide (Orap®)
Prochlorperazine (Compazine®, Compro®)
Thiothixene (Navane®)
Thioridazine (Mellaril®)
Trifluoperazine (Stelazine®)

Од втората:

Aripiprazole (Abilify®)
Asenapine (Saphris®)
Iloperidone (Fanapt™)
Lurasidone (Latuda®)
Olanzapine (Zyprexa®)
Paliperidone (Invega®)
Quetiapine (Seroquel®, Seroquel XR®)
Risperidone (Risperdal®)
Ziprasidone (Geodon®).

Па белким некој ќе фати. Но, секако да се консултираш со доктор. Не се заебавај, параноидна шизофренија е сериозна работа.

Оби Ван, имате слушнато дека

Оби Ван, имате слушнато дека неколку тоталитарни режими (оној на Сталин најдоследно) ги затварале критичарите на режимот во лудници?! Вашиот тоталитарен ракопис, Оби Ван, јаден изманипулиран штакору од најмрачните фашистички подруми, оди по истата фашистичка матрица: речиси нема дифамациска техника од тоталитарен маштаб - што не сте ја користеле во вашите пресметки со непослушните и со оние кои не сакаат да мислат како пастирот и неговото малоумно стадо. Вие, Оби Ван, сте симбол за дното и за тоталниот морален, политички и секаков друг пад на еден режим сосема избеган од орбитите на реалноста. И како таков, Оби Ван, навистина сте скапоцена илустрација за природата на режимот во чија одбрана стоите. Затоа продолжете да пишувате коментари на Окно.

П.С. Забораив, што праиме со лековите?! Ништо од тоа не ви помогнало?! Или се пријавувате да бидете капо во новоотворениот азил (ма, јасно да кажеме: умоболница) за противниците на режимот на Груевски?! Ако сте излечен (со параф на Фамилијата, па ве пуштиле малку да дивеете наоколу), Оби Ван, и ако чувствувате дека лековите веќе не ви требаат (јебига, дур стварно не притребаат, дур стварноста пак чукне на врата), ви советувам лековите да ги донирате во Бардовци (оти изродбата на пастирот многу луѓе однесе во беда и лудило, а пари за лекови, ко што сите знаеме - нема).

Да, немам толку поган јазик и

Да, немам толку поган јазик и години искуство во навредување неистомисленици, логистичка поддршка од едно дваесеттина гласови во мојата глава или пристап до неограничени финансии. Но, знам кога некој ми продава м*да за бубрези и ќе се борам жестоко да го демаскирам тоа. Кога почнав со аргументи, или барем мој поглед на ситуацијата, бев дочекан со пцости и навреди. Јас досега не чув неналудничав одговор на аргументите, а прегледувајќи ги поранешните теми и коментарите во нив, ептен ми стана јасно што е работава.

Така што, Коља, слоганот ептен добро ти пасува. Остваруваш се` едно те исто, сите текстови ти се на ист шаблон, а ниеден коментар не е on topic. Како што викаат старите, со луд човек никој никогаш не се разбрал, така што навистина нема поента да се докажувам дали сум полуд од лудиот. А и греота е.

Остваруваме.

Оби Ван, предизвикот беше да

Оби Ван, предизвикот беше да се обидеш да напишеш барем еден параграф (да не те искилавиме со барања што би можеле скроз да ти ги прегорат жмиркавите сијалички во празната тиква) што би бил барем на просечното ниво на пишување на Ивор Мицковски. Тоа се бараше од тебе, Оби Ван, а не список на таблети кои си ги гутал и пак си останал ем глуп, ем луд ко струја. Но, ова што ти го предлага Коља има смисла: стварно продолжи да пишуваш на Окно. Ако не со интелигенција и елоквенција, не’ забављаш што стално ги помрднуеш границите на подлоста, нискоста и глупоста. А тоа баш и не е лесно во ова изродбеничко време, слизнато од зглобовите, зарем не?!

Погледни го одговорот погоре.

Погледни го одговорот погоре. Кога конечно ќе се напиеш апче, ќе сфатиш дека и ти си Коља, така што нема потреба двапати да пишувам за ист човек.

Остваруваме.

lol

lol

Дискутабилно е дали ќе сфати,

Дискутабилно е дали ќе сфати, али поштуем. :)

Оби Ван, бегај од темната

Оби Ван, бегај од темната страна на силата, те обзела!

ОкоБоли главаВицФото