1021 hPa
87 %
7 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 03:59
Идеја за ријалити шоу од Reddit:
11 геј мажи и еден стрејт се заклучени во една куќа. Целта на гејовите е да откријат кој не е геј. Еднаш неделно некој е изгласан да си замине, сè додека не останат двајца, или не го исфрлат стрејт мажот. Доколку гејовите успеат да го откријат и изгласаат да си замине, ќе освојат милион долари. Ако стрејт мажот е меѓу двајцата последни во куќата на крајот, тој ќе го освои милионот.
Е сега, тука е замката: Ниеден од мажите во куќата всушност не е геј, само што сите мислaт дека тие се со тој едниот стрејт маж.
***
Во морето заговорџиски паметувања за виновниците за загадувањето и за тоа кои биле „традиционалните“ обичаи и датуми за славење на христијанскиот празник на раѓањето на Исус, при што поентата на набедувањето на некои скришни белосветски лошковци и домашни издаици (во заштита на чедниот ама курлест сељачки Стојан со ќумбето на дрва и коледарските огнови) ко да избледува во окршајот со оние што ќе се осмелат да се спротистават на, да бидеме искрени, ептен лимбавото, чак и психијатриски објаснивото, стојалиште - ко на крајот учесниците стварно да ги чекаат милион долари.
А просто и досадничко е да се замара со по којзнае кој пат реактуелизираната тема: загрозеност и загрозени традиционални вредности на горенаведените теми. Ај за загадувањето можда и треба малце физичко-хемиско-еколошко образование од школо, ама тоа го немаат ни многу еколошки активисти, не па обична раја, а и искрени да бидеме, ѝ се помага во хистеријата у најнеефикасниот можен правец и од јавните гласила и од разноразни засегнати страни кои си гледаат некаков пекунијарен или кариерен интерес во све тоа. Топла препорака: идите со свои очи да го видите ноторното јадно ќумбе за медицински отпад (крвави гази и бинди се гадни, ама потребна е моќна „загрозена“ имагинација за да станат токсични и радиоактивни) у Дрисла за малце ријалити чек. Или не читајте и не следете, и онака мислите дека у она „златното доба“ до кое ви дофрлаат мутните реминисценции, коа не се мерело, загадување не ни постоело, и све било „природно“, шо и да ви значи тоа, а знам, ми текна, коа мужите си биле мужи, а жените, жени.
Истото ваљда важи и за празничниве датумски дебати, традиционалистите нека се осеќаат посоветувани да се окористат со апла „традиционалното“ читање на книжните хард копи црковни календарчиња шо у моментов се свегде пуштени у оптек, и да утврдат дека и ние „најправославните“ го славиме Божиќ на 25 декември, ама по Јулијанскиот календар, од кој у задњиве негде четрсто пеестина години мање-више сите црковни и световни власти го откачиле у корист на поправениот од астрономите на папата Григориј Тринајсти, само шо некои од „најправославните цркви“ преку некои од своите стручњаци од типот „колку ангели може да застанат на врв на игла“ се зафаќаат со схоластичко-астрономски дебати дека уствари не се инатат безвезе они со тој Јулијанскиот, него дека он стварно е поточен, бар у тие божанските работи, шо на крај у мозоците на обземените со дебатите за „загрозеноста“ за награда од милион долари се пресликуе у „традиционално“ Божиќ се слави на 7 јануари и ко друкчије каже клевеќе и лаже.
А за коледарските огнови сум налетала и на фотографски поткрепена историчарска потврда у една илјадностраничеста монографија са главниот ни град што ја преведуев и никад не се објави при смената на градоначалниците, иако имаше двоумења, дека за прв пут коледарски огнои у земјава запалиле српски војници на скопски плоштад, и бујрум, окезени брковци „ослободитељи“ со шајкачи на онаква мутна фотка од нашета даааалеееечно минато во зорите на двајсти век. Не ми се навлага у етнолошките пагански корења на палењето огнови. Овде у Берово тоа се праи на Стреловиште пред Прочка од копиљаци, тинејџери и омладина (од двата пола), коа се трупаат и палат смреки и се скока преку огнот (малце кревање адреналин) и се фрла некаков нишан накај онаа или оној шо ти се свиѓа. Мене тоа сто пути поише ми е забавно (и поред загадувањето) од новокомпонираната припита и тестостеронска концентрација исклучиво само на стапови околу клада, кои на крај пијано развлекуваат некои патриотически или кафански песни. Можда и они ги чекаат своите милион долари.
Ваљда полека ќе успеам да ја склепам стилско фигурската скаламуција што се вртка околу чувството на „загроза“ и мушкиот полов орган, кој сепак се наметнуе у дискурсот чак у и ретките ситуации кога глобално исмеваните „либтардски“ еко-активисти, па уше и аутистични женски тинејџери, успеваат да поентираат против новокомпонованите бранители на машкоста и аутомобилската индустрија. Па чак и таму се појавуе некаква малокуреста „small dick energy” во repartee-то на „мутавото“ дејче кон мушкарскиот инфлуенсер неспособен за таква брза зборовна трансакција, и со некакво бифшо спортско занимање и бруковидно избркан од Биг Брадер ријалити шоуто зашо се испоставило дека малтретисал некое женско, а сеа, за уште помоќен драмски ефект, коначно го испоапсија, ко се издаде кај е со неговиот закаснет идиотски самоиздајнички видео одговор, и то за секс-трафикинг, нормално. Дури и новинарски статии успеав да најдам каде што се објаснува што значи „small dick energy” иако мене некако ми се глеа self-explanatory.
Она шо ми се глеа помалце самообјасниво ко на жонглер со думи е како сме дошле до тоа само „кокета“ да преживее како збор и покрај жестоко машката „курлеста“ етимологија зборот од француското coquet (деминутив од coq – петел/и она другото, нормално) значи мало петле, или види горната синтагма со енергијата. И сеа кокета/кокетка наместо да биде збор за „женско петле“, е збор за женско шо се перчи и флертуе со мужи, ама углавном без крајњата реализација/консумација. Уствари, мање-више, тоа ти е.
Не знам дали сум ја правиот чоек да распреда за вакви работи, де факто асексуалец више неколку години, ако од ниедна друга причина, од страв да не се укочам или испуштам душа при чинот, ама па сум била и тотална анти-кокета чак и на оние сексуално активни кревки години на кои се самоуби и Вајнингер (славниот мизогин) полна со разбирање за неговата Пол и карактер, којашо, иако изглеа подоста забегано и е пуна со онакви громопуцатељни закаснели деветнајстовековни универзални и севажечки начела, а и отекуе за генијалност, и кајшо на женските им дозволуе еманципација (читај слободица) само коа се мушкобањасти или лезбејки, некако ко онака трагически да ги начнуе сите оние измотанции и л‘жги на сексуљавите закони и улоги, кои еве дочекавме и сто пеес години покасно да бидат „загрозени“ до степен на фекин комичен ефект.
А можда стварно и треба да се. Настрана „херојската“ битка на транссексуалци и остали ЛГБТ и со класичните (читај застарели) мушки и женски улоги и целокупната таа (бар за мене) траги-commedia dell’arte и cross dressing што жестоко ја узнемируе и „загрозуе“ жабокречината на тупикавите традиционалисти, а богами се уштекуе и у покомплицирани „филозофски“ концепти ко оној на dark enlightenment на Ник Ланд и компањоните, годинава и ние биолошките женски и нашите фолирања и муки апропо сексуљавите закони успеаја да се наметнат у лајмлајтот. При почеток на годината на Нетфликс излезе документарец Начелата на задоволството кој начна многу теми за женското сексуално задоволство, тргнувајќи од премисата дека тоа е дел од севкупниот квалитет на животот според Светска здравствена организација (сатанистине де, пизда им матер!) и чак и статистички востанови orgasm gap на штета на оние традиционалните „прави“ женски, па така, док 85% од мужите доживуат оргазам при сексуална средба со друг, било мушко или женско, а и 75% од жените у сексуална средба со друга жена, само 60 % од жените имаат такво искуство у сексуална средба со маж. За да се докусури оваа убитачно/јебитачна статистика, да наведеме и постари истраживања кај процентажата на „понежниот пол“ што не доживуат никакав оргазам при пенетративен секс се движи у уше повисоките 70 до 80%, а којшо податок ја натерал една една енглеска новинарка на Метро да го нарече тоа „no shit Sherlock news“, сленг фраза што се користи коа некој кажуе нешо сосема очигледно ко да е некое големо откритие.
Е па изгледа по малце и е, барем за оние од „посилниот пол“, кои ваљда уште негуеле некакви романтични идеи за моќта на органот и поделбата на улогите у драмолетката, за психопатите не коментираме.
За музичка илустрација повторно Бек со Sexx Laws од крајот на оној век коа и ја бев млада, кајшо у текстот се зеза на темата на линија напред-назад по глобусов од Америка до Јапан и Хонг Конг и назад, а у видеото со помош на познати другарчиња пак си праи заебанции на линија исток-запад, со спрдачки цитати од јапански анимирани филмчиња со роботи и Мистер Америка, шеесосмашка анти-империјалистичка сатирична фарса кајшо супер-херојот Мистер Америка, „традиционален“ бел националист, со сајдкикоицата Марија Магдалена покушаваат да ја спасат Франција да не ја преземат комунистите. Важно, ко шо вика еден коментатор на Јутјуб, единствено видео каде што фрижидерот го „клеца“ шпоретот.
Вие слободното продужете да шљоцкате и да ждерете прасечко, ја, ко по обичај, религиозните празници ќе ги поминам ултра-работно, ко со боринче да си го барам да ме акне некоја ровја од небесата.
Beck: Sexx Laws (Version 2)
П.С. Дур ја присредуев последната спална за гостите се израдував кога го најдов Македонскиот правопис на Блаже Конески и Крум Тошев издаден од Државното книгоиздателство на НР Македонија во 1950. Штета шо не е оној првиот од четрспета, кајшо уште било прифатливо да се користи кажуе/речуе, односно глаголската наставка за несвршеност – уе, шо ја така обилно си ја користам под влијание на скопскиот ми дедо, од 48 навака се уведуе –ува, како климоглавнуење прифаќачко и кон источните говори, на кои им припаѓал другиот ми дедо, шо никад не го упознав.
Слики: Marcelo Canevari