
Уметницата Криси Луш од Флорида создава серија автопортрети кои ги изразуваат нејзините длабоки внатрешни чувства и тенденцијата цврсто да се држи до младоста наспроти минливоста на сите појави во животот.
Во серијата автопортрети со наслов "Држи ме цврсто," Луш се осврнува на полнењето 40 години што официјално се смета за влегување во средна возраст, при тоа буквално држејќи се за младоста и замислувајќи се себеси на низа патувања со помладото "јас." При создавањето на оваа серија автопортрети Луш изработила низа фотографии од себеси кои реконструираат нејзини сеќавања од младоста, покрај присуството на актуелното "jaс" и сите сегашни чувства и мисли.
Извор: Booooooom