Градина затворена во шише кое не било наводнувано 40 години

11.01.2023 10:58
Градина затворена во шише кое не било наводнувано 40 години

И покрај фактот дека последен пат Латимер го наводнил шишето во 1972 година, градината во запечатено шише сè уште расте енергично како и секогаш.

Кога Дејвид Латимер засадил семе во стаклено шише, во неделата за Велигден, 1960 година, тој не ни помислувал дека тоа ќе прерасне во мини градина што ќе напредува недопрено со децении. И покрај фактот дека последен пат Латимер го наводнил шишето во 1972 година, градината во запечатено шише сè уште расте енергично како и секогаш, целосно исполнувајќи го шишето со бујна растителна природа.

Дејвид ставил ѓубриво во шишето со топчеста форма, внимателно посадил семе од собно ползечко растение, и додал половина литар вода. Шишето било затворено и сместено на светло место, а понатаму сè презела магијата на фотосинтезата. Шишето – градина било оставено целосно без вода и воздух, освен тоа едно наводнување во 1972 година, но сепак успеало да си формира свој самодоволен екосистем. Растенијата ја добиваат енергијата потребна за да растат со апсорпција на сончевата светлина преку фотосинтеза. Преку овој процес, исто така, се произведува кислород и влага во воздухот; влагата се акумулира во шишето и повторно на растенијата им „врне“.

Лисјата што гнијат на дното на шишето произведуваат јаглерод диоксид потребен за фотосинтеза и исхрана.

Неверојатно е дека со само малку сончева светлина, растенијата можат да напредуваат дури и во оваа единствена средина, успешно создавајќи микрокосмос на Земјата во шише. Латимер, кој сега има 80 години, се надева дека кога ќе умре, неговите возрасни деца ќе го продолжат експериментот.

Извор: Hasan Jasim online

 

Слични содржини

Јавни простори / Екологија
Наука / Екологија / Живот
Јавни простори / Екологија
Активизам / Екологија
Јавни простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото