Протест за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња

12.01.2023 13:56
Протест за да се сопре убивањето и мачењето на кучиња

По низата немили настани и случаи на насилство врз улични кучиња, меѓу кои и убиените кучиња во Струга, група активисти преку социјалната мрежа Facebook, повикува на протест.

Протестот кој ќе се одржи во петок, 13 јануари, пред Владата, со почеток од 16 часот се организира, како што велат, со цел да се запре убивањето и мачењето на кучињата.

Ви го пренесуваме повикот во целост.

Ги повикуваме сите граѓани да излеземе во петок како револт за немилите настани каде беа пукани и убиени кучиња во Струга.
Ве повикуваме сите да покажеме дека вака веќе не може и дека нема да молчиме на злосторствата кои се случуваат пред наши очи!
Дојдете во Петок со транспаренти, со свирчиња,со црвена боја во било која форма како симбол за сите невини убиени животни бидејќи ние сме гласот на сите безгласни невини души
УМОРНИ СМЕ!!!
БЕСНИ СМE!!!
НЕМА ДА ПРИФАТИМЕ ОВА ДА БИДЕ НОВАТА НОРМАЛНОСТ
При здрав разум се правиме глупави, а психопатите ги "превземаат работите во свои раце". Не решаваат ништо освен да ја задоволат нивната потреба за изживување врз животни!
ДОСТА БЕШЕ! КРАЈ!
Го знаеме решението луѓе
Каде се ветените државни шелтри?
Каде е задолжителното микрочипирање на својот миленик?
И ШТО ТОЈ МИКРОЧИП ВРЕДИ КОГА НИКОЈ НЕ СЕ КАЗНУВА?
Каде е задолжителната стерилизација/кастрација на милениците која за ПОМАЛКУ ОД ТРИ ГОДИНИ БИ ГО РЕШИЛА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА. Кој прашува, кој казнува, кој ЌЕ ГИ ОТСТРАНИ оние ЛОКАЛНИ "љубители" што
сакале кучката да биде мајка па ја оставаат да се пари секоја сезона, оние што го пуштиле песот "да се испразни", оние што фрлаат прегладнети болни загари, оние што се оттарасуваат од кучето во кола и го оставаат каде било, оние што организираат борби па фрлаат опасни кучиња кои веќе не им носат профит???
ШТО ПРАВИМЕ СО ЛОКАЛНИТЕ ПСИХОПАТИ КАКО ОВОЈ ШТО СЕ ДРЗНУВААТ ДА ПУКААТ, ДА МАЧАТ, ДА ВРЗУВААТ, ДА ГАЗАТ, ДА СЕ ИЗЖИВУВААТ, ДА ДАВАТ И ЗАДУШУВААТ БЕБИЊА?
Зошто нема кој да ги казни нив???
И дали се бездомни воопшто овие глутници???
При здрава свест, карактеристика која нѐ издвојува од животнинскиот свет, НИЕ СЕ ПРАВИМЕ ГЛУПАВИ.
Пола од глутницата се кучиња со "сопственици". Каде е нивната одговорност??? Зарем кучињата се криви? Имаат ли тие кучиња лична карта, адреса и способност за расудување ПА НИВ ДА ГИ ОБВИНУВАМЕ???
И НИЕ НЕ САКАМЕ ДА ИМА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ, АМА ТОА НЕ СЕ РЕШАВА НИ СО ПУШКА, НИ СО ОТРОВ, НИ СО КРАДЕЊЕ ПАРИ.
ПРОБАВТЕ! ЕТЕ! РЕШЕН ЛИ Е ПРОБЛЕМОТ?
При здрава свест ли ГЛУПАВИ СМЕ?

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото