Див свет - комични фотографии

18.01.23 01:19

На изборот на најдобри комични фотографии од дивиот свет за 2022 биле пријавени 5.000 учесници од 85 земји при што фотографиите се правени во обид да се истакне разновидноста на дивиот свет, но и да се подигне свеста за потребата од негово зачувување.

 За севкупен победник на натпреварот е избрана Џенифер Хедли, со нејзиното навремено фотографирање на 3-месечно младенче лав кое паѓа по дрвото, направено во Серенгети.

„Не ми ни падна на памет дека ќе се обиде да се спушти само, на најнемачки начин. Мислам, колку често мачките паѓаат од дрвја?" - изјави Хедли.

Високо пофален победник, „Пегаз, летечкиот коњ“ - Џегдип Рајпут

Севкупен победник и добитник на наградата Creatures of the Land на Серијан и Алекс Вокер, „Не толку мачешки рефлекси“ - Џенифер Хедли

Affinity Photo 2 Награда по избор на публиката „Разговарај со перката“ - Џенифер Хедли

Високо пофалени победници. Лево: „Сè е удирање - Мајкл Иствеј
Десно: „Ќе те задавам“ - Емануел До Лин Сан

Високо пофален победник, „Остани смирен и чувај ја главата“ - Мартин Грејс

Награда за суштества под водата, „Кажи чиииииииз“ - Артуро Теле

Награда за суштества од воздухот, „Нилски коњ и чапја“ - Жан Жак Алкале

Јуниорска награда, „ICU“ - Аршдип Синг

Високо пофален победник, „Здраво на сите“ - Мирослав Срб

Извор: Colossal

Слични содржини

Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Око
Фотографија / Екологија
Фотографија / Наука / Око / Историја

ОкоБоли главаВицФото