1029 hPa
32 %
18 °C
Скопје - Вто, 05.11.2024 12:59
Прати порака, гаврану, на изгрејсонце.
и најди ја онаа што ми е мила,
кажи ѝ дека дрвјата се речиси голи
и ноќите тука се темни и ладни.
Дознај дали веќе заложила оган,
дали си легнува облечена или гола,
срка ли врел чај наутро, ги гледа ли
децата на соседот кога чекаат школски автобус.
Кажи ѝ, ништо не ме исполнува со поголема тага
отколку споменот кога ја видов
како со дланките си покрива лице
при помислата дека е сама.
Помогни ми, птицо, што леткаш од дрво на дрво
и повик праќаш со глас тревога преполн,
кон некоја твоја сакана друшка
што сакаш да ја видиш крај тебе кај лета.
Превод: Зоран Анчевски