Престојот во природа и употребата на лекови за смирување

24.01.2023 01:40
Престојот во природа и употребата на лекови за смирување

Научните докази дека престојот во природа е корисен за човечкото здравје стануваат сè посилни.

Последното во низата истражувања доаѓа од Финска и укажува дека шетањето во парк или престојот во градина можат да го намалат користењето лекови за висок притисок, анксиозност, инсомнија, депресија и астма кај жителите од градовите.

Истражувачите од Финскиот институт за здравје и благосостојба и Универзитетот од источна Финска го поврзаа престојот во природа три до четири пати неделно со намалување на веројатноста за употреба на одредени медикаменти, и тоа за 36 проценти кога се работи за лекови за висок притисок, 33 проценти кога се работи за лекови за смирување и 26 проценти кога се работи за лекови за астма.

Доколку бројот посети на зелени простори се зголеми на петпати неделно, учинокот на здравјето е уште подобар, утврди истражувањето кое е спроведено на 6 000 жители од Хелсинки.

Ако имате среќа да живеете опкружени со зеленило, резултатите сепак не се исти. Она што навистина прави разлика е кога се движите и поминувате време на позеленети површини.

Иако се наведува дека постои можност наодите да настанале како резултат на тоа што лицата со подобра здравствена состојба почесто излегуваат и престојуваат на отворено, тие секако покажуваат евентуално постоење врска која треба да се проучи дополнително.

Сепак, несомнено е дека дури и краток одмор во природна средина им одговара на луѓето и дека канадските лекари веќе го препишуваат како терапија.

Како што истакнуваат авторите на анализата, важно е урбаните планери на граѓаните да им обезбедат позеленети оази во близина.

Слики: Christoffer Relander

Извор: https://klima101.rs