
Би требало царски да си живееш на некое место,
а не да трепериш на ѕидот од мојата кујна,
да имаш кревет и стол направени по мерка
и радио што ги свири најновите песни
што мувите во Дакар и Рио си ги зујат,
додека слугите ти служат колачи
на чинии со твојот царски грб,
а твоите дворјани бараат да ти фатат
соодветен придружник меѓу мувите
што се дотеруваат врз кучешки леш.
Превод: Зоран Анчевски