Американски предградија

25.01.23 10:19

Тргнувајќи од макети на американски предградија кои сам ги изработува, уметникот Алберто Ортега создава слики кои рекреираат сцени од 1950-тите години. При креирањето на своите модели, Ортега пристапува како филмски режисер, избирајќи го вистинскиот кадар кој треба да се претстави на сликата, поставувајќи соодветно осветлување и сместувајќи го секој модел во просторот.

„Како имигрант во Соединетите Држави, ме заинтригира американскиот приградски живот, онаков како што е прикажан во филмот, литературата и визуелната уметност“, објаснува тој. „Преку овие слики на американски домови, згради и населби, се обидувам да го прикажам општеството и некои од неговите противречности. Овие сцени ги претставуваат надежите и соништата, заканата од нивниот неуспех и отуѓеноста“.

Извор: Colossal

Слични содржини

Уметност / Око / Историја
Технологија / Уметност / Око
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото