Como un tía del Berovo, cerca de la montaña

26.01.2023 12:06
Como un tía del Berovo, cerca de la montaña

 

‘moonless night in the small town
starless and bible-black’

Dylan Thomas
Under Milk Way


La Femme - El Tio del Padul

 

Џабе се израдуев на спањето у крајната студена спална, у креветот до големиот џам од кој обично уживам у месечината над брезите близначки. Се погодија деноите на млада месечина и ниски облаци. Црни темници. И негде околу 3-4, кога обично се будам, беше и тотална тишина, ни џукците не подлафнуваа негде по Манаќија.

За момент си помислив дека сум се разбудила у некоја вакуум комора меѓу сонот и јавето и по навика почна да ме гуши задувот, дур‘ потребата да идам у тоалет не ме врати од мачните кошмари во каква-таквата стварност, иако без многу сетилни провокации. Такво нешчо фоф метрополата не мош‘ да ти се деси!!!

Дури и кога бев пинцур и ко ќе се вратев у Скопје два дена пред школо, после летото на Јадран, Охрид со едната баба, и Берово кај другата, утешителен ми беше сонот у чистата дамастна постела од миразот на мајка ми (тие со војвоѓански везови и бордури беа за возрасните) во кој ме испраќаа релативно далечните звуци на скопските „лејленди“ на својата последна тура по Партизанска.

Сега Скопјето е малце сообраќајно похистерично, и дење и ноќе, ил‘ бар така ја мислам, ко провинцијалец со неколкугодишен стаж. Пошо ко ќе ми доат у посета од Скопљето, еве ко сесре, на пример, по малце ги маа анксиозност од претераната тишина, па пробуат да го наслушнат звукот на стариот фрижидер од кујна за да се уверат дека уште се у некакво постоење, ал‘ шипак, и него морав да го сменам пред 3 години, пошо конечно рикна, ко и повеќето бероската ми опрема дома, илити ко шо си го викавме, гробјето за старудии на моите покојни родители.

 

Значи стануем и зацапуем по голиот паркет у дугачкиот ходник до клозет (ни у зима на постилам нишо ради измитарените влакништа на мојта домашна мачешко-кучешка стока) и се сецнуам отко уцапуем у некаков пудер, „шо кој..... е сеа ова!!!“, и веќе коначно све ми се враќа, и зошо сум си легнала у крајната студена спална и целата таа бувлива епизода. ОК, у реду е, Неопитроид е. Сегде другде освен крајната некористена спална е нафлитано со него.

Уше за Божиќ приметивме дека унуче ми е иск‘сано по мев и грб, ама се препраавме дека можда е алергичен на моите тазе опрани у сервис јамболии, јали на вуната, јали на детергентот. Пошо демек ја, добропознатиот лепак за буви, сум лакмусот за утврдуење на фактот дал‘ сме бувосале, а и нели т‘нки се шансите за б‘шки у јануар.

Ама си отиде унуче, а и ја и мојта кожа изглеа сме оглулале, пошо заприметив дека обете грла стока ми се дрпаат, а коа коначно мичкец се смилуе да дојде да седне до мене и да попреде после недели и недели сексуљави подухвати со маалските мачкишта и ко го расчешкав по белото крзно со црни туфни, имав шо да видам, цела колонија. Флитање, ампула, огрлица, све контра б‘шки му набутав до пред отрoвуење, исто и на Бен, исто и по цело дома. И напиздена на мичкец, коначно му залепив име – Чупакабра.

За понезапознатите „Чупакабра“ е чудовиштенце од мезоамериканските култури шо ноќе им сиса млеко, углавном на кози, пошо творците на митското створче на се краљеви него јадни сељаци, па некако ѓубрацот мачешки шо нè посла со речиси невидливи крволоци ми се подмести таман ко за такво суеверно именце, а и ја исто така се осетив таман, баш онаква наџак тетка, илити дотка, или стринаа, ко шо би рекле тука у мој забран бероски, да се истакнам ко таква негова суеверна кума.

 

По тој повод дури успеав и пренапорен ден да иам, чак и без куцкање на скутниот сметач од преводска провениенција. Треси и пери покривки проветрувај и сунчај и смукај Неопитроид, па малку и задоцнета утринска гимнастика, па иди на една таква брзотемпирана аеробна прошедба до бероска Богородица и по стрмното ама кусо узбрдо до црквичето Свети Димитриј со дедо Бен (дванајсиполгодишен ретривер), Војо и неговиот Вито (блесав англиски сетер од 8 месеци), па уше похитро враќање назад за да стасам со ручекот за шес души, а попатно назад, Војо ко некој добар водич (пошо рутава ја покрива секој ден) ме упати дека у тоа проширењето на патеката и длапката у ридот меѓу црквите на Димитриј и Мајката Божја е иронично одбраниот плац за размена на телесни течности, и тоа ко одговор на моето питање зашо има толку разџиткани марамици, влажни и обични, по тлето каљафко и по гранчиците на леските. Важно има уше по некој од таа возрасна група шо мора да копулира по темници.

После малку се каравме со пцетата на Цоцовци, џукелац со жута значка на ушето и еден чудњикав црвено бел измелезен хаски со ептен бледоплави окици, шо им ја чуваат плевната и му се навреа на деда Бен пошо сефте го гледаат. Не беа заинтересирани да нè кољат нас двоножните, чак и ни се плашеа, пошо ни ја ни Војо не сме малецки, иако па не сме од оние кои осеќаат потреба да земат пушка берданка в рака (иако Војо е оружар и главен на ловџиското, ама не лови него само прихрануе дивеч) во одбрана на нашиот провинциски живот лишен од особени возбудувања, ама па и стрес-фри, чакштовише и досаден, од заговорот кучешки, потпомогнат од нивните квислинзи, да ни ја досотрат татковинава, односно животното окружење.

 

И по прошетката веќе бев уморна, ама се втасав да праам неделен ручек и, покрај обидите да убацам мителеуропски елементи, си признавам балканско кафанечки пораз зашо се сведов и на даскарски похувач на зденки и кашкавал. И баш тоа најпрво се изеде, јбг, начелото на НЗС. А тоа ми беше decoy зашто промовирав и други похованици. Класичната бечка шницла од свински шол беше аванзована у Весела Парижанка со страничен патлиџански сос со целер, мирудии и прашка шункица (ај тој сос и се к‘сна), а имаше и похован телеќи мозак и език, кој пројде така-така, а најјадно помина непохованиот език со сос Грибиш, таа французојштина на крај мораше Бен да ја дојаде пошо ја морам да се контролисам у департманот на конзумација, кога више не можам у департманот на храноподготовка.

Постпразнично морав да идам на некаков си здрав режим на исхрана, отко ме избрука лекарот дека ваква (свиња) дебела не може да ме оперира од натпапочна хернија (којашо безобразно се шири), за ем да ослабам, ама и да не се доупропастам во цутот на менопаузата и напабирчените разноразни бољки и болештиенца.

Ич не сум достаточно самозагрижена, претеруем во овисностите све док не ми акнат шамар да паднам на г‘с, ко со пушењето (ама буквално), коa пред 5 години сосе ќесињата од Тинекс и Бен и пневмонија и неоткриена астма, после четири спрата скали буквално се срушив на тој најамортизирачки дел од телото ко ми снема кислород и свест. Сега ко сте онака наинформисани постковидно, можам и да ви пренесам дека у болница пред да ми уштекаат на антибиотици, стероиди и кисик по вени и муцка, ми најдоа сатурација од 48%. И бајбај цигиз форевер, а пред тоа не пушев само кога спиев. И после изедов еден камион, кикирики, бадеми, индиски оревчиња и останати плодови за кои немаме групно име ко nuts на енглески.

Ова со хранава не знам како ќе иде, пошо тука нема или ич или брич, нешто сепак мора да се јаде, ама демек јадам 30 растенија неделно, сама си праам кефир и не пијам више кафе со млеко, него со стевија, а натсовите ги јадам непечени и несолени. А и то intermittent fasting упражњавам. И морам да признаам дека има нешо и у тоа невоспалителната илити анти-инфламаторна здрава храна, оти колената мнооогу помалце ме болат, а и од ниската софа можам да станам без потпирање со двете руки, напињање и офкање слеш пцуење. За некакви громпуцатељни резултати у тежина уште е рано да расправам, треба буквално да породам некое такво поситно женче за да се вратам у некоја пожелна тежина.

 

Требаше и од пиење скроз да се откажам, ама не мора баш вештачки стрес да си навевам во оваа no pasa nada ситуација, па така на Водици, шо овде се вика Војордање, се собравме кај Војо, прво само ја Гордана и Даре и ги чекавме Војо и Бари да се вратат од кафана кајшо им свиреа на други славители на празникот со својот тамбурашки бенд. И ја онака т‘нко к‘снував посно мевце и купишта закиселени карфиоли и зелени патлиџани и салата од расољава зељќа, односно ферментиран/читај здрав пробиотски купус со црвен пипер и буковец, воедно заливајќи го со по некое ракивче.

И после околу шес‘ довеслаа целиот бенд од кафана со тоа љиљаковките кошули (примче-тамбурче, гитара, хармоника, огромен бас и дајре) и они малце под гас, и си приредивме вечер на стари малешески песни, босански севдалинки што никад не сум ги чула порано и некои други такви квалитетни нумери произлезени од „славниот“ балкански аморозен дух шо преку телефон ѝ ги пуштав на братучеда ми и зет ми, музички професионалци, да делектираат, ама само аудио, пошо уште се опирам на смартфоните и користам Нокија. А познавам и уше сијасет други шо се у тимот Нокија, додуша, мислам дека едниот е таму од сумњиви анти-џи-пи-ес-овски локаторски причини, а не од благо-атавистички побуди ко рестото нас.

Важно си поминав и ја некаква журка со којашо да му се пофалам на детулето студент у Париж, со богат живот на прекрасна возраст, на кој му се радуем vicariously, да не речам завидуем, баш ко некој класичен провинциски родител од напуштените волкоебини, а не само на прашањето „шо праиш?“ да му одговарам со двореченични резимеа на она од погорните пасуси со кои ве масирам вас, у надеж дека ќе налетам на уше по некоја сродна душа у слична ситуација, а со активен збороартикулирачки нагон. А планирам и да ги посетуам и кибицирам и пензионерите док се кавгаат, договараат и преговараат у нимното здружение со некаква си андрејплатоновска новелетка на ум.

 

 

Слики: Matticchio

 

Музичка илустрација број два, за крај, исто од француските La Femme, но ептен тазе, од пред две недели, кајшо они се смуцаат низ Падул, бероски еквивалент од внатрешноста на Еспања, за којашо е статистички-научно утврдено дека е ептен нерамномерно населена, со густо набутани брегови и градови и гоооолеми пространства со двојца без тројца кајшо no pasa nada.

Слични содржини

Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото