Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода

26.01.2023 14:12
Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода

Американските научници измислиле специјален спреј за храна кој може да ги испрати во заборав кесите со овошје и зеленчук за еднократна употреба. Иако сè уште се развива, користењето на спрејот би ја намалило потребата за пластична амбалажа, на безбеден и одржлив начин.

Наместо да се купува свежо овошје и зеленчук во пластична амбалажа за еднократна употреба, наскоро тие би можеле да бидат покриени со тенок проѕирен слој супстанција што може да се измие под проточна вода. Станува збор за откритие на американски научници кое би можело да го промени светот.

Ќе се намали потребата од пластика за еднократна употреба, а во корпата за компост нема да има повеќе пластика или расипана храна. Тенката проѕирна супстанција е всушност антимикробна и биоразградлива прекривка за храна во спреј што лесно се мие со вода, оставајќи ја храната непроменета додека ја штити од расипување и оштетување при транспорт.

Пластичната амбалажа е сериозен глобален проблем. Според Советот за одбрана на природните ресурси (NRDC), годишно се произведуваат околу 300 милиони тони пластика, што е речиси еднакво на тежината на целата човечка популација! Од вкупно 300 милиони тони, дури половина е пластична амбалажа за еднократна употреба. Иновативната заштитна обвивка, детално опишана во студијата објавена во списанието Nature Food, е направена од пулулан, полисахаридно влакно, за кое американската Управа за храна и лекови вели дека е „генерално признаено како безбедно“.

Спрејот го тестирале на авокадо

Истражувачите користеле авокадо за да ја тестираат обвивката, бидејќи авокадото е склоно кон нерамномерно зреење и брзо расипување. Кога дошло време да се отстрани обвивката, можела да се исплакне со вода за неколку секунди, а било откриено дека го продолжува рокот на траење на авокадото за 50 проценти.

Но сите не се убедени дека ова е безбедно решение за проблемот со загадувањето со пластика. Токсикологот Нишад Џајасундара од Универзитетот Дјук вели дека е возбуден поради какви било биоразградливи алтернативи на пластиката, но дека треба да разбереме повеќе за самиот метод на отстранување со испирање односно за прашањето дали тоа би можело да предизвика нетоксични материјали да се разградат на потенцијално штетни начини.

„Како токсиколог, мојата примарна мисла секогаш кога ќе видиме нов синтетизиран производ е: „Дали знаеме доволно за него?“. Кога првпат се размислувало за пластиката, ја сметале за прилично безбедна. Сега знаеме дека пластиката на сите нивоа, без разлика на големината, има ефекти на клеточно ниво, на молекуларно ниво и на ниво на екосистем“, изјави Џајасундара за Scientific American

Извор: Агротим

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото