
Мексиканската надреалистка, родена во Британија, Леонора Карингтон (1917–2011), го помина целиот свој живот истражувајќи ги езотеричните традиции на различни култури, а нивните идеи и симболи ги вклучува во нејзиниот уметнички и литературен опус.
Тибетскиот будизам, кабалата, древната египетска и месопотамиска магија, келтската митологија, вештерството, астрологијата и таротот се филтрирани низ нејзиниот феминистички објектив, создавајќи визионерски, женско-центриран светоглед.
"Тарот на Леонора Карингтон" e збогатено издание на спектакуларните Аркана Тарот карти на Карингтон, објавени во 1950-тите, и во него деполнително се истражува централната позиција на таротот во делото на Карингтон.
Извор: 50 Watts Books