Старата црква во Хептонстал

30.01.2023 11:53

Голема птица се спуштила овде.

Нејзината песна ги извлекла луѓето од карпа,
Живи луѓе кои излегле од расје и кал.

Нејзината песна долините ги озарила
И јарем ѝ ставила на пустелијата ширна.

Нејзината песна донела кристал од семирот
И го сместила во главите на луѓето.

Потоа птицата умре.

Нејзините гигантски коски
Поцрнеа и се сторија тајна.

Кристалот во главите човечки
Поцрне и пуздер се стори.

Долините згаснаа.
Пустелијата во слобода се вивна.

1976 г.

 

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
Книжевност
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото