1022 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 04:59
За 560 сантиметри висински е намалено Преспанското Езеро за две години, а водата драстично се повлекува и од брегот, тоа се мери во километри.
Засега никој нема точен одговор која е причината за значителното повлекување на второто најголемо природно езеро во Македонија.
Екологисите и жителите на околните населени места во Преспа со години алармираат за овој голем проблем, но засега нема конкретни акции со кои би се спречило повлекувањето.
Езерото кое е поделено на три држави Македонија, Албанија и Грција го снемува.
Како една од причините за повлекувањето се споменува сушата која трае изминатата деценија, слабите количини на дожд и снег си го направија своето, велат жителите, кои паметат дека Езерото било до патот во туристичката населба Претор, а денес е стотици метри оддалечено.
Како друга причина се наведува испумпувањето на водата за наводнување на земјоделските култури.
Но познавачите велат дека причина плус е неконтролираното природно излевање на Преспанското Езеро кон Охридското преку подземни канали во планината Галичица.
Премиерот, Димитар Ковачевски кој неоадамна беше во Преспа, рече дека ќе преземат мерки. Во претстојниот период ќе се направат анализи како може да се спаси Преспанското езеро, увери тој.
Преспанското езеро е едно од најстарите во Европа, старо над 1 милион години.
Преспа 80-тите и 90-тите беше едно најпопуларните туристички дестинации во екс-југославија, а секоја година десетици илјади туристи одмараа во познатите плажи, хотели и кампови во Отешево, Крани, Претор…
Извор: https://centar.mk/