Вудво*

01.02.2023 09:55

Што сум јас? Еве ме душкам, ријам низ лисјево
Следам бледа дамка во воздухот кон речниот брег
и во вода цапам. Што сум јас да го двојам
ова бисерно зрно вода па загледан пругоре над мене
јасно да го видам коритото речно превртено
Што правам овде ни на небо ни на земја? Зошто ми е
толку привлечна оваа жаба да ѝ ја проучувам скришната
внатрешност и за своја да ја сметам? Ме знае ли
воднава скреж по име што ме вика? Од порано ли
сум ѝ познат, подобен ли сум за светот нејзин? Чинам
слобода си имам на дар
во ова место Па што сум тогаш јас? А да збирам
парчиња кора од овој ќутук не ми чини радост
и што фајде од тоа има тогаш зошто тоа да го чинам?
Но како ме викаат прв ли сум
Имам ли стопан што облик ќе сум и ако тргнам
кон крајот по патов крај овие дрвја и оние дрвја
дур не капнам од замор само до еден свој дел ќе допрам
и ако за миг седнам мирно како ли сè тогаш
запира за да ме гледа и чинам јас сум средиште
Но што е ова околу мене ова што е корење
корење корење корење еве ја и водата
пак сè е чудно но јас и понатаму ќе гледам

1961 г.

*Див шумски получовек (сличен на сатирот во класичниот мит), дух на шумите во нордиските митови и легенди.


Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото