
„Серијата Арабела Фримен“ е дело на уметницата со седиште во Бруклин, Хилари Харкнес, и претставува еден вид продолжение на нејзините претходни слики кои се фокусираа на ерата на Втората светска војна. Преку нејзината сликарска практика, Хилари дава нова интерпретација на извесни социокултурни концепти, фокусирајќи се на значењето на расата и на тоа како би биле сфатени одредени слики доколку на некои ликови им биде променета расата. Овој проект започна да се реализира во Метрополитен музејот на уметноста, каде Харкнес почна да ја трансформира култната слика од ерата на Граѓанската војна на Винслоу Хомер, Затвореници од фронтот, 1866 година, со промена на расата на една од фигурите, претставувајќи го како црн војник од Сојузот.
Извор: BOOOOOOOM