Маж и жена се возат во автомобил и ги запира полицаец

03.02.2023 16:23
Виц икона

Маж и жена се возат во автомобил и ги запира полицаец. Полицаецот го прашува сопругот: – Зошто возеше 65 км/час, кога е дозволено 55 км/час?
Мажот: – Не возев толку брзо, се колнам.
Жената: – Зошто лажеш, кога возеше 70?
Мажот: – Молчи , кучко!
Полицаецот: – Не носите ни ремен.
Мажот: – Само што го извадив сега кога ме запревте.
Жената: – Зошто пак лажеш, кога не го ни носеше?
Мажот: – Ќути мори козо!
Полицаецот ја прашува жената: – Дали секогаш вака зборува со тебе?
А жената му вели: – Не, само кога е пијан.

 

ОкоБоли главаВицФото