(Ѓаволот не е во деталите...)

06.02.2023 15:32

Ѓаволот не е во деталите
И во плакарите е
И украсните чинивчиња за слатко
На мазните површини на лажичките за кафе
Во ќошевите каде се собира влага и спомен
Нечиј помен
Слика во рамка и фаќање за сламка.
Ѓаволот ни ора ни копа
Доаѓа ко господин, на увце ти тропа
Не шепнува ништо јасно
Ама ти знаеш дека е доволно гласно
Во слет, композиција и синкопа
Може ли со пеење, ко женски поп
Да го победам?


Ѓаволот не е во деталите
И во слабините е
Во масните наслаги бегство од себе
Од нас
И седи таму, може и оро игра
А ти бараш спас
Фрлајќи ги сите шамичиња
За бришење солзи на погреб.

 

ОкоБоли главаВицФото