1025 hPa
77 %
14 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 08:59
Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот, рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре.
Притисокот од јавноста и пораката пратена од стотици граѓани како и од вработените за поддршка на Младинскиот културен центар во напорот институцијата да остане независна од партизација, не само што не беше земен предвид, туку градоначалничката Данела Арсовска сугерира нов „ингениозен“ предизвик.
МКЦ можел да работи самоодржливо?
Тоа што таа и новиот директор за „безбедност и криминалистика“ не се упатени во работата на МКЦ, ниту пак што ова полувековно, сврталиште и епицентар на културата и младите на Скопје нешто им значи не е толку страшно, но секако е причина за неподносливата леснотија со која сакаат да го уништат.
Тие се апсолутно неупатени и во тоа што значи културната политика и начините на субвенционирање, и едноставно нивната табула раса прави равенство меѓу продажба на автоделови на пример, и продажба на култура.
Десничарската логика за пазарна култура – може да се продава и секс ако носи пари
На слична тема околу пазарно работење во културата, пред неколку години во едно интервју зборувавме со режисерот Срѓан Јаниќијевиќ. Илустрацијата за тезите на самоодржлива култура ги раскажа преку една анегдота.
Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот, рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре. Секако, ова предизвикало огромен интерес кај публиката, се барало билет повеќе а редици имало, што се вели од Амстердам до Лондон. Овој креативен одговор на барањата за пазарно работење секако имал ефект- буџетот на театарот му бил експресно вратен.
И развиените европски земји постојано изнаоѓаат нови модели за финансирање на културата, истовремено ја штитат со државната каса но најважно од се инсистираат на нејзина автономија во креирањето. Кај нас, имало и ќе има миленици и клиенти поради порозниот модел и законски ѕид меѓу државните пари и конзументите. Но, во случајот со МКЦ никако не смеат да поминат ниските партиски интереси и неукоста на Арсовска.
Платно со порака „Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ“ синоќа се појави меѓу наполнетата денсинг сала на Младинскиот културен центар во Скопје, каде се одржа 11-то издание на фестивалот за свежа и независна музика „Земјотрес“.
Пораката на младите уметници и активисти од движењето „Сите за МКЦ“ беше еуфорично прифатена од присутните, платното се развиори и го држеа над себе десетици луѓе, додека Дина Јашари ја изведуваше песната „Дома“, овој пат адаптирана со текст „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“.
Платното со натписот потоа беше распространето и во долниот хол на МКЦ, каде за време на целиот фестивал можеше да се купат беџови, стикери и да се донира за каузата на „Сите за МКЦ“.
Во оваа нова енергија и младешки бунт е содржана надежта дека МКЦ нема да потклекне пред притисокот каков што не претрпел од неговото полудецениско постоење.
Можеби не е на одмет и уметниците од повозрасната генерација кои своите кариери ги направија низ ходниците и сцените на МКЦ, да смислат некој креативен бунтовен одговор на сите овие небулозните случувања во изминатиов период, па макар да биде радикално како и амстердамската претстава, барем „актерките“ се близу до МКЦ. Ова би можело да биде ангажиран концепт што ќе го сврти и вниманието за решавање на проблемот со „црвените чадори“ и се да дојде на свое место.
Културата е совест на општеството и не се мери на кантар!
Извор: Online Nova TV
Слики: Анри де Тулуз-Лотрек