Тешкиот странски збор „гаслајтинг” или, во превод: „Немој да ме правиш луда!”

09.02.2023 10:30
Тешкиот странски збор “гаслајтинг,” или во превод: “Немој да ме прави луд”

Беше најпребаруваниот збор за 2022 година. Бевме толку заинтересирани за него што, иако изгледа неиспровоцирано, но пребарувањата за него се зголемија за 1.740 проценти во споредба со претходната година. Беше поважен од војната, од кризата, од нафтата, од Бајден и од Путин (иако сето горенаведено, и тоа како, драматично ја зголеми неговата популарност). A што е воопшто гаслајтинг?

Велат дека кога нешто ќе влезе во поп-културата, тогаш тоа навистина станува дел од нашиот живот. Неодамна овој збор го користеа Хари и Меган за да ја нападнат “Фирмата”, односно брендот кој го гради кралското семејство; New York Post го употреби за да го обвини Бајден за инфлацијата; CNN повторно го “поткачи” Трамп; додека Psychology Today го употреби за да објасни како вашиот партнер врши гаслајтинг врз вас.

Сепак, беа потребни околу 84 години за да се помине тој пат. Зборот гаслајтинг - кој потекнува од претставата наречена „Гаслајт,“ од 1938 година, која беше популаризирана преку холивудскиот филм „Гаслајт“ во 1944 година (иако постои британска верзија под истото име од 1940 година, но и таа беше подложна на гаслајтинг) - доживеа “римејк” во 2022 година, но овој пат во реалноста. Тоа беше најпребаруваниот збор во текот на целата година, или поточно кажано, првиот збор за кој, според речникот Мериам-Вебстер, интересот не се намали речиси ниту еден ден.

Зошто одеднаш толку нè заинтересира овој збор?

Гаслајтинг уште одамна стана глагол, ако му требаше извесно време да се пробие онлајн.

Дефиницијата на Мериам-Вебстер веќе ги преплави медиумите: во образложението се дефинира како: “акт или практика на грубо доведување некого во заблуда, особено за сопствена корист.”

Тоа е појава многу посложена од лагите, многу поподла: да се наведе некого да верува дека греши, често е дел од еден “поширок план,” како што наведува Мериам-Вебстер. И да, во образложенито се додава дека тој збор опфаќа и некои други поими кои ги поврзуваме со дезинформациите – и дипфејк и лажни вести.

Гаслајтинг нема соодветен превод кај нас, иако буквално станува збор за “осветлување со ламба на гас,” додека широко е прифатен во еден друг облик: “Немој да ме правиш луд.”

Весна Брзев Киреие, психоаналитичарка и специјалистка по клиничка психологија, вели дека иако станува збор за збор од еден многу стар филм, „гасната светлина“ дури сега стана актуелна тема, бидејќи луѓето се посвесни и затоа што им е појасно дека постои некаква манипулација.

„Постои една шега која кружи меѓу народот. Кога жената го фатила сопругот во прељуба и го нападнала поради тоа, тој и одговорил: „Кому повеќе му веруваш, на мене или на своите очи?" Тоа е всушност суштината на гаслајтинг-от: дали верувате во она што ви се пласира или верувате во сопственото доживување.

Гаслајтинг е начин на кој можете да манипулирате со луѓето; преку сервирање на некаква друга реалност да се доведат во ситуација да се прашуваат: дали гледам погрешно, дали сите други се во право или некој, или некои од другите се во право, но јас гледам сè погрешно, вели Весна Брзев Ќурчиќ. “Тоа е суштината. Би било добро луѓето да го погледнат филмот, прво затоа што е маестрален, а второ затоа што кога го гледате тој филм, станувате свесни колку е лесно да се манипулира. “

Најчесто со овој метод се служат насилниците во врските, без разлика дали станува збор за политичари, пријатели, шефови или партнери, а при тоа полот не е важен. Тоа може да се случи во семејството, во корпорацијата и во јавноста, па дури и во односот помеѓу лекарот и пациентот (“Сè е во вашата глава”).

Доколку се прашувате кои се личностите со кое може да се манипулира, Весна Брзев Ќурчиќ вели дека тоа може да биде секој од нас, но дека се повеќе во опасност оние кои во моментот се потресени поради нешто: дали изгубиле некого, имаат финансиски проблеми. или проблеми со децата итн... Притоа таа додава дека гаслајтинг-от е особено опасен кога се применува колективно, и тогаш понекогаш се нуди не само поинаква реалност од онаа во која се живее, туку често пати се нуди и подобра.

“Луѓето велат дека некој некого прави луд, не знаејќи дека се однесува на гаслајтинг. Тоа постои и во семејството, и меѓу родителите и децата. Децата знаат на некој начин да манипулираат: „не, никогаш не би го направил тоа“, „види, провери...“, но овие манипулации се на лично ниво. Многу поопасни се оние кои ги засегаат пошироките сегменти од општеството. Во работниот колектив, на пример, што сè може да се направи и на кој начин луѓето стануваат послушници за да не се разликуваат, бидејќи да се биде различен е непожелно...”

Врската со личността која манипулира, воопшто не мора да започне со тоа, туку оди постепено, за да се стекне доверба. Можеби гаслајтерот на почетокот злонамерно ќе лаже за едноставни работи, но потоа ќе лаже сè повеќе и повеќе за на крајот да ја обвини жртвата дека всушност таа е виновна. ако ја доведе во прашање неговата вистина.

„Луѓето кои користат гаслајтинг го прават тоа за да имаат моќ и контрола“, вели Весна Брзев Куреиќ. “Потоа, тие се оние кои ги одредуваат правилата на игра, за потоа да можат да му прават што сакаат на тој другиот. Оној што манипулира не мора да манипулира во сите сегменти од животот, тој се фокусира на личноста или групата што ја избрал и ја злоупотребува, тоа е психичко злоупотребување. Тој има одредена добивка од тоа, и најчесто е тоа можноста за контрола. Дури и во семејството, контролата е важен фактор. Има и луѓе кои бараат некаква добивка од секоја врска, она што е добро за нив.”

Превод: Марина Туфекчиевска
Слики: Daniele Serra
Извор: Nedeljnik

ОкоБоли главаВицФото