Сцени од бајките сместени меѓу кориците на необичните книги на Изобел Озман

10.02.23 11:22

Изобел Озман е уметница од Братислава која издлабува страници од дебели книги правејќи сложени хартиени лавиринти од шуми и ливади.

Таа за изработка на своите дела користи пронајдени дебели книги, томови кои се во лоша состојба, на кои им дава нов живот преку издлабување на страниците. На тој начин, преку процесот на резба и цртањето, книгата добива повеќе димензии.

Наративите најчесто нè пренесуваат во еден чудесен свет на флора и фауна, во некои имагинарни средини во кои се среќаваат ликови од типот на осамен зајак или лисица.

„Големината на книгата, длабочината и текстурата на хартијата, исто така играат голема улога во мојата одлука, и честопати треба да држам книга во моите раце пред да можам да визуелизирам ново уметничко дело“, вели Озман и додава дека процесот на резба и цртање зависи и самата книга, и од планираниот наратив, при што се потребни меѓу три недели и три месеци за да се заврши.

Извор: Colossal

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Филм / Око
Книжевност / Уметност / Око
Книжевност / Уметност / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност / Око
Квир / Книжевност / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото