And then you’re on your own

10.02.2023 18:39
And then you’re on your own

 

 

Отидов во шумата зашто сакав да живеам со промисла, да се соочам само со суштинските факти на животот, а не кога ќе дојдам до тоа да умрам, да откријам дека не сум живеел… (Хенри Дејвид Торо, Валден; превод: Елена Џукеска)

 

Месечината е посветла откако изгоре плевната.
Мацуо Башо

 

I drink to write, oh you should try it
I'll read Thoreau, get gold-card soul
The joy of life is on a roll
And we'll all be the same, in the end.

Then you're on your own

Damon Albarn, On Your Own


 

Bathos /ˈbeɪθɒs/ BAY-thoss; Greek:βάθος, буквално „длабочина“) е книжевен термин првпат употребен во есејот на Александер Поуп од 1727 со наслов „Peri Bathous“(како пародија на „Peri hupsous“ на Псевдо Лонгин), за да се опише забавно неуспешен обид да се претстави уметничка возвишеност и величина. Денес bathos се сфаќа како реторички антиклимакс, ненадеен премин од возвишен стил или грандиозна тема на обичен стил или вулгарна тема. Случајно (поради уметничка неспособност) или намерно (за комичен ефект).

 

You never really know a man,
until you have divorced him.
Zsa Zsa Gabor

 


Што мислите дали За За успеала да постигне „батос“ во својата куса афористична изјава? А и јас што ќе постигнам е прашање? Дали ќе успеам да се изм‘кнам со „батосниов“ штос у две-три-четири страни, ко Албарн у две-три-четири строфи за насловната песничка за петтиот албум на Блур, без оглед шо он вика дека стварта ја рачуна ко прва ствар на Горилаз, оти више прешол и нов филм, иако уше у стариот бенд.

А посебно шо не можам и ја ко Дејмон да дринкувам за да рајтувам, ко и шо си имав навик, не само зашо сум на здрав режим на исхрана, со протеини и растенија, ко шо више пишав, него и на некакви антибиотици за ешерихија сум. Па така за секој случај напунив поише од пола страна со цитати, ако не ми тргне, па вие пофаќајте им конците.

Можев и да баталам, пошо не сум не сум ни нешо особено вербозно инспирирана, ама си реков, ај да не ми пројде скроз на скроз пуната месечина, у контраст со невидљивата млада месечина од прошли пут, оти следната пуна месечина е тек на 7 март.

И факт, месечината ги прави последниве неколку ноќи металично стамени, јасно исцртани и оминозни, ко да се некои обратни наопаки зори на ненадејно согледувачко будење по трескавично бунцање и кошмарење, онака напрчена високо над Црвен Брег зад грб ко се враќам дома од ручекот кај Бари или од последно свртуење на Бенот околу Брегалница, ко рефлектор у театар за озбиљна драма. А смрзнатиот снег шо крцка под кораци и се цакли само придонесуе кон визуелниот ефект и атмосферата.


За разлика од сега, кога снегот сефте напаѓа пред некој ден, без оглед на температурата околу нулата негде околу девет навечер, потребна за мењањето на физичката состојба на водата во паперјаст снег, напраи да се осеќам спротивно, ко некоја невидљива ручица на мајка природа у потпуна тишина да ме залулкуе у спокој и помиреност со природата и светот и покрај штрецачките вести од сабајлето дека процесот на добивање штембиљ и потпис шо ќе им турат крс‘ на две третини од мојот возрасен живот е официјално започнат. А за да не ме ждере совест и покрај рационалноста на одлуката, пристигна и информација дека процесот е удуплиран речиси истовремено и од другиот стејкхолдер за само да ми дотури масло на огинот на појма немањето што е човекот, за разлика од За За. Пасус почнат и завршен со „за разлика“.

А па тек утредента, едно сонциште ко б‘сна и ко се јави Војо дал‘ ќе шетаме пцетата до Богородица и „понаонам“, одма срипав и „прифанах“, за да не се мрцварам со ствари на кои неам одговор, или одговорот никако не ми се свиѓа, или најпросто кажано да клиснам ко п...а. Тргнавме со дедо Бен, он одушевено жут насупрот белиот снег, иде, иде, па ќе се плесне да се поваља у белите пердуфенца со сите четири у вис и љиљаковите мадиња на увид. Тргнавме цела сурија маалски кучиња прво узбрдо за малку аеробен напор, а после само си пртевме пут низ снегот по патчето после црква, со гранки облечени чипкаво у снег и натежнати ниско да ги закачиш со капа и да ти се истресат у врат, што на целиот пејзаж му даваше таква една лепотичеста прекрасна пријатност и спокој што чак забегуеше и накај лицидерската слаткост на новогодишните честитки од дамна изумрената традиција, иако братучеда ми од Њујорк уште настојуе на тоа со крисмас кардз да нè потсетуе на своето бивствување меѓу средните класи на ЈуЕсЕј и на нејзините добри желби, а мора да има и некаков дил со Холмарк паблишинг.


И таа прошедба толку ме одобровољи што вечерта си го прекршив постот и решив да си го прославам ко некаков анти-батос-антиклимакс почетокот на гореспоменатиот процес со просеко и пушен лосос. Па после од кај први комшии со кои делам ѕид од кујна се слушна тупотење. Зоки, синко на моја Ленка шо ми ја утепа Ковид и ми го скрши срцето, допатувал од иностранството кајшо вози камиони со бугарски пасош, се вратил да обнови документи, па седнал да шљоцка со братучед му од шумското (таман си порачав дрва за догодина). Значи Зоки не се замара да ѕвони, ни на телефон, ни на врата, него договорениот знак ни е лупање по кујнски ѕид. Таму не продужив со ракија ко достојно средство за подбутнуење на „клисите“ (пржено свинско Берово стајл) и „ќиселото“ (туршија) низ ждрело, него Зоки сматраше дека моето присуство во неговата презатоплена дневна треба да се прослави со отворање некакво австриско црвено (ич не беше лошо). И наместо тогаш да џврљнам нешто со инспирација потхранета со малце попрефинет алкохол од уобичаената шљива, пак ме пресече „батосот“ на севкупната ми ситуација и си легнав, односно зјапав у некаков хороричест френч ноар на Нетфликс.

А денес богами Торо узврати ударац. Пак се цуњав по снежната богородичка падина и брегалничка долинка со нашата сурија доброќудни пцета, на сонце со заби што ипак успеа да ја дигне температурата од минус тринајс‘ на минус ен-два-три, и да нè заслепува со својот одраз у кварцниот снег на местата кајшо допушташе разретчената шума, само што овој пат патеката ни беше изгазена и отидовме подалеку, низ гранките, сега лишени од белата обвивка, стрчнати темни на снежната позадина ко у Ловците на снег на Бројгел. А богами во реплицирањето на атмосферата на сликата убаво се уклопија и суријата шарпланинци и џукели на Бојан кои ни се вдадоа од другата страна на реката (полузаледена) иако Војо ми тврдеше дека никад не ја преоѓаат, него само лаат од другата страна. Иначе Бојан, дипломиран зубар, баш го живее back-to-nature на Торо у една колиба покрај реката, заедно со суријата пцета, ама од пред некоја година и со жена со која не ми е јасно како успеаја да се најдат, „за разлика“ од никад неудаднатиот Торо кој цел живот си останал on his own. И денес Бојан баш благородно излезе да си ги прибере пцетата назад и си мафнавме рака, а ја нешо пробамбурев за тоа како ли успева да ги израни.


За да се докусури работата и комплетира трансценденталистичката тороовска нишка за вродената добрина на природата, па и луѓето, ко се вратив и ‘Лупката (со меко л), комши шо го бие глас дека многу цуга и фамилијата као демек се срами од него, шо ми дужеше 500 денари 2 месеца, се пријави да ми „сцапи“ ситни дрва за потпал за да сме квит у натура, а и Олга, друг комши, којашо ја бие глас дека е лесна женска, ако е на седумдес‘ години, а плус и замлата, дојде да ми вратела за тоа што пред месеци ѝ дадов „филија“ сирење една вечер ко немала шо да си напраи дома за јадење „после цал ден на полето“, а све е затворено у недела. Ми врати два калапи сирење и ми се изнаизвињава шо толку се забаила, засекирана дека чак и сум се налутила оти оној ден не сум ја поздравила на пазар.

Уф, клај, клај, ќе дотераме до крај, и тоа само со горко кафе без млеко и чај од брусница. А и некако малце помалце лажно и phoney и себечеститајуќе се осеќам од сабајле, отко менопаитично си поцмиздрев на видеата од Турција и Сирија и се осетив ко „грешен дијак“ кој шо све праи кукаквички ко knee jerk реакција (доминантно чувство месециве) наместо да живеам deliberately, ко шо вика Торо, или со „промисла“, ко шо вика Елена. И така под притисок на високоморалната интернет јавност, ко ја да сум власта што стално ја прозиваат, коа налетав на повик од Avaaz у мејл сандуче, одма уплатив 50 евра. Еве, искача и дека си се пофалив, иако чувството ептен ми чкрипи, можда ми фали малце трансцендентализам за да ми легне концептот на солидарност од милосрдна провениенција, ваљда коа е масовно и има некакво фајде.

Важно и ја да се доведам у боља форма и реуспоставам грижлив однос кон сопственото тело и здравје сасвим on my own, да не изглеам баш до толку ко средовечен пропалитет ко ќе идам да си видам дете у Париз налето, а и заедно да ги гледаме Блур за најпоследњи пут на концерт у Шато Борегар близу Каен. Карти више сум купила.


Скулптури и фотографии: Kim Simonsson

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото