Прво скокни па речи гроб

13.02.2023 13:17
Прво скокни па речи гроб

 


Народна ординација „Ќетипоминеконакутрелогија“.


Животот е лелесен, животот е тежежок.


Прво скокни па речи гроб.


Му давам преодна оцена на грипот само да не го гледам веќе.


Се обложив дека ќе симнам температура со оцет.


Да не почне човек полесно да дише – одма упала на мускули.


Слушна за новите корона–вакцини? mRNAта работа.



Не ме пипај кај што сум стара!


Го гаѓав млекото со бубрежни камења зашто ми крадеше железо од крвните садови.


Емпатијата е психосоулмејтско заболување.


Зевање е интровертно кивање.


Срцето е наоружано со тешка артерија.


Хедонист сум, докторе! Мене срцето не ми работи, туку ужива.



– Госпоѓо, имате висок крвен притисок.
– Кој сте вие да ми судите, докторе?!


– Добар ден, тука сум за лечење од важност.
– Следниот!


– Што му згрешивме та е ваков нервозен?
– Беше на преглед за протеза за забите.
– И?
– И сите му се криви.


*во продавница за био–производи*
– Од што ви е киселината?
– Од стрес!


– Леле, ми се изгуби документот!!!
– Имаш драфтствено осигурување?


Кога службеничката на шалтер ми рече дека ќе биде долг административен процес, мислев дека ме зафркафка.



Каменот што ми падна од срце ми се удри од глава.


Не може душата да ти има празнина, тоа ти е во главата.


Ако доволно долго си ја чукаш главата, можеш да забележиш како од остроумен стануваш тапоглав.


Ми влезе идеја во око и нејзина реализација под кожа.


Ти мислиш ти боде очи, а тоа прави дупка во меморија.


Да си бев афект, да си поживеев во моментот.


Фотографии: Yung Cheng Lin

 

ОкоБоли главаВицФото