Ревизорскиот извештај за Фондот за здравствено осигурување

14.02.2023 08:57
Ревизорскиот извештај за Фондот за здравствено осигурување

Само што го добив ревизорскиот извештај за ФЗО.

Неколку цитати во делот на клучни системски слабости што ги детектира Државниот завод:

• “За три години во приватното здравство само за PCR тестови се одлеани најмалку 19,9 милиони евра пари на граѓаните”.
Скоро дваесет милиони! Најмалку!
 
Понатаму:
 
• “Не е ажурирана листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот”.
• “106 од 116 јавни здравствени установи имаат добиено статус на НЕОДРЖЛИВИ - реализиран далеку помал обем на услуги од договорениот надоместок”.
Значи одржливи ни се само 10!
• “Утврдени се слабости при интерните и теренски контроли за утврдување на објективноста на фактурираните услуги” што ќе рече не знаеме каде точно и за што завршиле парите.
• “Исто и за контролите за препишување и издавање на лекови”
• “Има неизвршување на договорните казни”
• “Има исплата на надоместоци за боледување дури и кога се земале плати”
 
И така натаму до моментот кога Ревизија искажува резерва во објективноста и вистинитоста на финансиските извештаи и за тоа дали сите финансиски трансакции им биле усогласени со Законот.
 
Можете да замислите што ќе значи да добиете ваков ревизорски извештај за вашата компанија, невладина организација и слично?