Мајка

14.02.2023 13:47
Мајка

Во видеото што го гледам, една жолта кучка копа по подсмрзнатата земја под урнатините на куќа срушена во разорен земјотрес. Избезумена е, како и секоја мајка. Нејзините кутриња се останати под тие рушевини. Таа верува дека се и натаму живи. Во неа не умира надежда, замо расте силата да ископа ходник до нив и да ги спаси. Исто како и мајките што со сопствените разранети раце, заедно со спасителите, наоколу деноноќно ги чистат циглите, малтерот и искршените бетонски блокови во надеж дека ќе дојдат до затрупаните блиски, и таа не чувстува ни глад ни жед, само желба да ги спаси чедата. Како и тие, и таа чувствува дека се живи. Денови и ноќи чувствата не ѝ даваат мир. Инстиктот ѝ го тресе телото и мајката цело време копа за да дојде до рожбите. Од нив ја делат тешки камења од урната куќа, но силовито, речиси споулавено копајќи со окрвавените шепи, сака да дојде до нив!

Еден човек, зафатен со расчистување на околниот отпад за да спаси преживеани луѓе, којзнае, можеби и тој своите деца, ја забележува нејзината вознемиреност и ја препознава болката на мајка, па ѝ приоѓа и ги отклонува тешките камења. Нешто се слуша, но тој не може да чуе од нејзиното нескопокојно шетање околу него, копање од секоја можна страна. Тој ја гали, ја смирува малку, чисти паднати камења, пак слуша. Таа слуша подобрво од него. Не со кучешки слух, со инстиктот на мајка. Се возменирува, се внушнува покрај него и пред него почнува налудниучаво да копа. Надежда ѝ расте и тоа речиси ја избезумува. Мајката. Човекот ја разбира нејзината драма, но вимателно ја трга со едната рака, зашто му пречи во отклонувањето на урнатите камења. Конечно се отвора патот.

Се слуша кевчење. Човекот ја вовира валканата рака во тесното тунелче, можеби ќе дофати нешто. И навистина, вади едно кутре. Мајката е пресреќна, тој одново брзо ја гали и веднаш ѝ го предава кутрето. Ликот му е безизразен. Не покажува радост, само некаква празнотија населена во него во деновите што го исполнуваат со силен стрес. Лицето му се скаменило во гримаса од подсобрани веѓи и едни очи што немирно шараат наоколу. Овие денови додека спасува животи од под урнатините, тоа лице изгубило секој можен израз. Срцето му е, меѓутоа, на место. Работи брзо со рацете. Одново ја пружа раката, вади уште едно кутре. Ѝ го предава на благодарната мајка. Кутрињата ги отвораат малите усти, гладно земаат воздух, кефчат. Мајката и човекот заедно ги спасиле кутрињата. Нејзе ѝ надоаѓа до пред малку потсекнато млеко и таа ги дои своите дребни гладни рожби. Жедно го смукаат живородниот сок од телото на мајката. Таа гледа наоколу, спокојна. Исполената, како и секоја среќна мајка.

*

Ова е вистинска приказна од еден од серијата се' пожестоки земјотреси што непрекинато го тресат светот. Во неа е сета трагедија на настанот, и сета драма на преостанатите животи по масовното згинување на десетици илјади души поклопени од урнатините, проголтани од злокобната стихија; и – среде бесмислата на трагичниот настан - сето значење на твркорните факти на добробитта, една топла сенка на преживеаната смисла: дека, макар и во мало, среде океанот од смрт, од несреќа и од болки, постојат и примери на триумф на најчовечките од сите својства, на мајчинското чувство, страст и сила и на човековата сочувственост и добрина. И тоа е нешто многу важно. Како и секој спасен живот. За да не се удавиме во злокобноста на несреќите. Да се покаже дека постојат вредности што се една преживеана смисла, дури и над самрачните страсти на природата. И конечно, дека кога ги напушта големите простори, во тие вредности, како во спилионите од преживеаните дечиња, па и во оној на малите кутриња, чудно се вовлекол и престојува самиот Бог.

 

ОкоБоли главаВицФото