(Кога ставивме огледало во нашата мала соба...)

15.02.2023 11:29

Кога ставивме огледало во нашата мала соба
за просторот да изгледа поголем
сè почна да се ниша како стаклен сад со риби
Tаванот се развлече, прозорците се удвоија
сите несовршености се раширија и она што го немавме
ги откри своите црти и се размножи од светлината
Сега одиме на прсти за да не стапнеме на отсутноста
која е жива од термометар што се распрснувa
светка и се составува
Во ова наше стаклено живеалиште
заложници сме на нашите одрази
и на срчите од сеќавањата
И затоа можам да се сетам на сонот
само кога нема да ме прашаш „Што сонуваше?“
И затоа можам да го допрам твоето лице
само кога е мирна површината на водата


Внимателно, внимателно каде што се кршат стаклата
помеѓу видливото и невидливото, внимателно

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото