Заради негативна критика балетски режисер ѝ го намачкал лицето на критичарката со фекалии

17.02.2023 11:43
Заради негативна критика балетски режисер ѝ го намачкал лицето на критичарката со фекалии

Марко Гецке очигледно бил бесен на новинарката Вибке Хустер заради рецензијата на една од неговите балетски претстави.

Наводно влегол во вербален конфликт со Хустер за време на паузата на друга претстава и на лицето ѝ намачкал кучешки фекалии кои ги носел во хартиена ќеса.

Од германскиот дневен весник Франкфурт Алемајне Цајтунг, каде Хустер работи како новинарка, рекоа дека полицијата го истражува случајот.

Сè почнало со критиката на претставата Во холандските планини на Гецке во која Хустер навела дека ја „полудела и ја убила со досада“.

Гецке рече дека верува дека оваа критика ќе има последици по Операта во Хановер и ѝ се закани на новинарката дека ќе ѝ забрани влез во театарот.

Државната опера во Хановер соопшти дека Гецке веднаш бил суспендиран зашто неговата „импулсивна реакција“ била во спротивност со правилата на убавото однесување.

Рекоа дека тој „многу ги вознемирил публиката, вработените и пошироката јавност и со тоа му нанел голема штета на Државниот балет“.

Во соопштението исто така се наведува дека „личниот интегритет на новинарката Хустер е очигледно нарушен“.

Франкфурт Алемајне Цајтунг го опиша инцидентот како „обид за заплашување на слободниот, критички поглед на уметноста“.

Гецке е директор во театарот во Хановер од 2019 година.

Извор: https://www.bbc.com/

ОкоБоли главаВицФото