Ладислав Палфи - (не)заборавениот гениј

21.02.23 10:36

На 13 фебруари, пред петнаесет години (2008), почина доајенот на македонската пијанистичка уметност Ладислав Палфи. По пет дена (18 фебруари 2008) во ФМУ беше промовирана книгата на Владан Велков – Евгениј Ладислав Палфи (не)заборавениот гениј, кога беше прикажано и ова видео со , според сценарио и монтажа на Трена Јорданоска. Трена Јорданоска ја уреди и технички ја подготви за електронско издание книгата на Велков, која потоа беше поставена на страницата на ИРАМ/БузАр.

Во видеото се користени фотографии од Љупчо Ристовски, Илија Пејовски и Јован Настевски, со акцент на последните децении од животот на Ладислав Палфи (посебно се интересни оние со Тале Огненовски, Љубомир Бранџолица итн.). Сепак, во овој избор се среќаваат и фотографии од Радио Скопје од 1960-тите години (пред земјотресот, со Палфи, Масе, Кочо, Боде и Чарли), како и првото снимање за Телевизија Скопје во 1964 година со Ана Липша-Тофовиќ.

Преземено од Димитрије Бужаровски.

ОкоБоли главаВицФото