1022 hPa
36 %
15 °C
Скопје - Чет, 12.03.2026 12:00

Кошничката е потрошувачка, парите се отепувачка.
За кого бијат аваните?
Немам план за јадење. И него го изедов.
Ми бара душата јагнешко. Изгледа имам недостаток на кроткост.
Шоубаво се распаѓа гравов, како да попримил од мене дури се варел.
Ставив шпагета што се вари за 3 минути во шпагетите за 8 минути. Нека гледа и учи.
.jpg)
Кој рано рани, три кила банани.
Земи друга бонбона, таа ми е лижана.
Ако немаат леб, нека јадат веб-колачиња.
Го изговорив судбоносното „и кечап и мајонез... и повеќе помфрит!“
Скршнувањето до слаткара после тренинг беше само колатерална шетња.
- Од што се здебели толку?!
- Од „нема смисла за толку да останува“.
.jpg)
- Што јадеш?
- Сонула.
- Може да пробам?
- Сонула не се дели!
- Му паднала секирата во мед.
- Толку му сече!
- Едно време и јас се давев во јогурт.
- И?
- И не ми успеа.
- Зошто е ваков јазовичарот?
- Таков е од мали нозе.
- Како се вработил управувачот на марионети?
- Со врски е влезен.
- Си видел колку му се има збрчкано лицето?
- Па многу му се собра у задње време.
- Кој од двајцата канибали е погладен?
- Се јадат, не се знае.
.jpg)
Слики: Kristof Santy