1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
Ермира Мурати има 22 години, пораснала во Косово и отсекогаш сакала да се занимава со уметност. Сепак, оваа млада уметница својата најголема популарност ја постигна по објавување то на сликата од бакнежот меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти.
„Поминаа 23 години од крајот на војната во Косово и 15 години од прогласувањето на независноста, но и двете земји сè уште се заглавени во политички процеси од кои губат граѓаните од двете страни“, изјави Мурати за Би-Би-Си на српски јазик.
Затоа, како што вели, нејзината слика на која Вучиќ и Курти се бакнуваат - објавена на 17 февруари, денот на независноста на Косово, е всушност критика на двајцата политички лидери.
„Добив еднакво навреди и закани и од Албанци и од Срби, пред сè затоа што се работи за бакнување на двајца мажи, иако пораката е всушност политичка“, вели Мурати, која своето дело го објавува под псевдонимот Портокалова девојка.
„Но, добив повици и од Албанци и Срби на кои им се допаѓа ваквото претставување на Вучиќ и Курти“, додава таа.
„Бакнежот е израз, но никогаш неутрален – добива значење во зависност од контекстот, каде и зошто е разменет“, изјави Мурати на социјалните мрежи под сликата на Вучиќ и Курти.
„Историјата бележи бакнежи од моменти на болка и збогување, но и бакнежи на братство или дури и предавство – дали ова ќе биде еден од нив” – забележува Мурати која во уметноста гледа „моќно оружје за самоизразување, комуникација, испраќање силни пораки и идеи и коментирање на состојбите во општеството“.
„Некои луѓе, на пример, ја гледаат сликата на Вучиќ и Курти како моќен симбол на единство и помирување меѓу Србија и Косово, додека други ја гледаат како контроверзна и провокативна слика што ги оспорува традиционалните поими за мажественост и моќ“, вели Мурати.
Извор: BBC на српски јазик