Запис за врапчињата

27.02.2023 20:36

Заблудан во намерата да го преѕидам
веќе избезобличеното бољме од плитар
под покривот на две води,
не сум ги поврзал во едно
нештата што сум ги гледал.

Од првиот удар со чекан
од ѕидот бувна виулица врапци
како да истурив кошница пчели.

Тогаш ми текна дека
токму тие го имаат издупчено плитарот така
за да се удомат тука
и да се ведат.

Раката ми се спушти
како попарена билка.
Го оставив бољмето такво
оти секој си има право на живот.

И врапците тоа го знаат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото