1017 hPa
68 %
20 °C
Скопје - Нед, 08.09.2024 00:59
Таман ќе се навикнеш на јануари, поминал животот.
Вторник може малку да учи од среда како да се биде понеделник.
Добар ден да се биде среда, ако си недела.
Мораме да бидеме флексибилни! Немаме друг избор!
Флексибилна сум, мамо, можам да плачам и на сопственото рамо.
Толку сум срамежлива што и патиките ми се со влакна на јазикот.
Симулирав паника во себе за да се предизвикам на двобој.
Таква сум - избувлива, од пламтивек!
Тој краток фитиљ, таа бомба.
Толку долго си ракоплескав за решението што си го вратив проблемот на бис.
Мој е проблемов, прва си го исплакав!
Се смеам за да мислат дека се солзи радосници.
Со поглед си ја голтам водата во очите.
После плачење ги превртувам очите и ги оставам да се исушат.
Не се радувам, патам во дур.
Си занемарив чувство за да не ме познаат.
Не ти е тоа душевниот мир, комфор зоната ти е.
Пробав да се отворам пред човек - душа ми излезе.
Се дупнав од работа дур ми текна да дишам.
Почнав да тренирам кикбокс и се подмлатив.
Ова е мој координатен систем и ако сакам ќе сум ограничена до бескрај и назад.
Фотографии: Julia Fullerton-Batten