1007 hPa
37 %
29 °C
Скопје - Пон, 11.05.2026 19:59
Првпат забележувам со вомјаза
нешто пред кое сум минувал со насмевка:
моето име, врежано во кората на дабот
уште во времето кога ги учев буквите,
фатило дебели брчки.
Наскоро ќе биде сосема прелапнато.
Дали да го обновам
паѓајќи во самоизмама?
Да имаше смисла
таквата постапка
немаше ни да се затресе
тлото под моиве нозе.